Осум претстави на третиот фестивал „Гола месечина“ во Аеродром - Канал 5

Осум претстави на третиот фестивал „Гола месечина“ во Аеродром

Третиот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ кој го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром со поддршка на Министерството за култура, годинава ќе се одржува од 20-ти до 29 јуни во отворениот Спортски центар Ново Лисиче.

Осум претстави на третиот фестивал „Гола месечина“ во Аеродром
Ќе бидат изведени осум претстави-комедии на театри од Софија (Автобусот), Сараево (Балкански шпион во Сараево), Белград (Елинг), Ниш (Жорж Данден) и на театрите од Прилеп (Хамлет од Горно Дупени) и Охрид (Парламентарки), Театарот за деца и младинци (Македонска приказна) и на организаторот - Театар Комедија (Нешто пропуштаме).

На завршната фестивалска вечер, 29 јуни, ќе бидат доделени четири награди - за најдобра режија, машка улога, женска улога и Гран-при за најдобра претстава.

Влезот за посетителите и годинава ќе биде бесплатен, а поради големиот интерес за манифестацијата, организаторите обезбедија простор со поголем капацитет - локацијата избрана за годинашниот фестивал има до 3.000 места.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција на која беше претставена програмата рече дека овој фестивал е успешен пример за соработка на локалната и централната власт во областа на културата.

Нагласи дека меѓу приоритетите на Владата и Министерството за култура е локалниот културен развој и дисперзија на културни настани во сите општини низ Македонија, посочувајќи и други манифестации со таа цел, меѓу кои и претстојната „Топол културен бран“.

- Од културата секој граѓанин треба да има бенефит и затоа локалниот културен развој е еден од приоритетите во културната политика на Владата и Министерството за култура. Во летниот период се организираат најразлични видови манифестации и околу 99 проценти од сето она што се случува во нашата држава во областа на културата се поддржани од Владата, Министерството за култура и локалната самоуправа. Тој одличен модел на функционирање на централната и локалната власт можеме да го видиме и со Општина Аеродром, истакна Канческа-Милевска.

Според директорката на Театар Комедија Јелена Жугиќ, „Гола месечина“ по две успешни изданија има се повеќе странски учесници и станал препознатлив во регионот, така што театри од околните земји веќе самите праќаат снимки од претстави со кои би гостувале на фестивалот.

- Веќе сме етаблирани и признати и не познаваат национални институции, рече Жугиќ и ги повика Аеродромци но и сите скопјани од понеделник да доаѓаат на претстави во Ново Лисиче.

Со поддршка на Министерството за култура, првпат за време на фестивалот ќе бидат промовирани книги-комедии кои имале праизведба во нивниот театар. Целта е да се зголеми издавачката продукција од овој жанр. Годинава тоа ќе бидат две драми од Венко Андоновски - „За секого има по една“ и „Господарот на кукавицата“ - и ќе бидат објавени верзиите кои биле играни на сцена. Годинава првпат ќе има и работилници за актери од Театар Комедија.

Градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски рече дека целта на „Гола месечина“ е да го збогати културниот живот на жителите на Аеродром и, како што рече, да ги развесели и разведри љубителите на комедијата.



YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче

Шпански полицаец и куче трагачи беа убиени денеска, додека друг полицаец изгуби нога откако бомба скриена во ранец експлодираше по пукањето.

Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче

Полициските службеници беа повикани на локација во северниот град Овиедо по пријави за пукање по семејна расправија, за време на која 17-годишно девојче беше тешко повредено, објави Дејли Меил.

Полицијата и членовите на единицата за деактивирање експлозивни направи пристигнаа на местото на настанот, каде што пронајдоа ранец со експлозивна направа, за која се сомневаше дека ја оставил напаѓачот, пред влезот во зградата.

Додека полицајците ракуваа со уредот, се случи експлозија, при што загина еден човек, локално идентификуван како Хуан Хозе, член на Специјалната кучешка единица.

Тригодишен германски овчар по име Дани, кој му помагал за време на операцијата, исто така загинал во експлозијата, соопшти Националната полиција на Шпанија.

Повредениот полицаец беше член на единицата за деактивирање експлозивни направи. Откако ја изгуби едната нога, неговата состојба остана критична.

Тинејџерката повредена во пукањето останува во болница, но повеќе не е во критична состојба.

Полицијата соопшти дека сè уште се обидува да го пронајде осомничениот, 64-годишен шпански државјанин за кој се вели дека има долго криминално досие, објави шпанскиот весник „Ел Паис“. Властите ја исклучија можноста за терористички мотив.

Сопругата на осомничениот веќе е уапсена како дел од полициската истрага. Властите наводно го блокирале подрачјето каде што се случила експлозијата додека се обидуваат да соберат повеќе информации.

Националната полиција на Шпанија изрази сочувство за смртта на Хуан Хозе, велејќи во соопштението:

„Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите, колегите и сите најблиски до него“.

Тие додадоа дека му посакуваат на повредениот полицаец „брзо закрепнување“.

Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи на социјалните мрежи за да го изрази својот „длабок шок“ поради смртта на службеникот на Националната полиција.

„Нема зборови што можат да ја ублажат болката на неговото семејство и колегите“, напиша тој.

„Им ја испраќам целата моја љубов и мојата целосна поддршка на тешко повредениот полицаец. Вашата посветеност и храброст заслужуваат благодарност од целата земја“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

„Имено со овој амандман предлагаме членот 13 да се избрише и амандманот се предлага во врска со укажувањата на претседателката на републиката. “

Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

„Овој закон директно се носи заради новонастанатите услови во светот по геополитичката реалност и заради тоа што се нефункционални сегашниве услови на законот. Ова е неколку пати овој закон да се менува од кога ова владеачко мнозинство е во Собранието, и претходниот пат за првпат во историјата беше искористен инструментот антикорупциска проверка и сето она коешто антикорупциската комисија го достави до Собранието ние го прифативме и го внесовме.

Така да со бришењето на овој член комплетно ги прифаќаме указите од претседателката и сметаме дека непречено овој закон може да продолжи во својата постапка да биде усвоен и да го олесниме системот и да го направиме попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелоисходен за целата државна управа“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието.

Стојаноски истакна дека измените на Законот за јавните набавки се дел од Реформската агенда и имаат за цел унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција, со што ќе се подобри процесот на јавни набавки, ќе се намалат ризиците од корупција и злоупотреби и ќе се поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти.

„Овој закон е дел од Реформската агенда, активност којашто треба да се спроведе. Се дополнуваат надлежностите на бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. Зошто на крајот од денот се носи овој закон? За да се поттикне реализацијата на проектите и оваа држава да оди напред.

Еве ова е Државен завод за статистика градежништво. Тука можете да видите споредба помеѓу 29 квартали на СДС и 8 на ВМРО-ДПМНЕ, сега да видите која е разликата и зошто овој закон се менува. Кога ќе ги соберете сите 29 квартали на СДС, 14 се негативни, 15 позитивни, ВМРО-ДПМНЕ 8 квартали, 8 позитивни. Плус 14,1 просечен квартален реален раст на градежништво, а СДС во 29 квартали минус 0,2. Има вештачка интелигенција, има усогласување со планот за раст и на крајот од денот има логички работи коишто ќе го подобрат системот на распишување на тендери на јавни набавки“, дециден е Стојаноски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата

Пилотот на хеликоптерот кој помогна во спасувањето на Михаел Шумахер по сериозната несреќа при скијање во француските Алпи, за прв пат јавно проговори за деталите од драматичната операција што се случи на 29 декември во Мерибел.

Проговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата

Јаник Даинезе, тогашниот пилот на хеликоптерот за итни случаи на SAF Hélicoptères, откри дека го знаел идентитетот на повредениот човек пред полетувањето. Затоа, од самиот почеток беа воведени посебни мерки на претпазливост, а на членовите на екипажот им беше кажано да ги отстранат микрофоните и GoPro камерите за да избегнат снимање што би можело да ја загрози приватноста на легендарниот возач на Формула 1.

Дополнително обезбедување беше присутно и на местото на несреќата. Луѓето што го придружуваа Шумахер се погрижија областа да биде затворена и никој да не може да снима фотографии или видеа што подоцна би можеле да протечат во јавноста.

Даинезе ја опиша и атмосферата за време на летот, нагласувајќи дека во хеликоптерот владеела целосна тишина бидејќи сите биле фокусирани на задачите што ги имале.

- Секако, го чувствував притисокот внатре. Луѓето го обожаваа како бог, иако не бев фан на Формула 1 - рече пилотот.

Летот до Универзитетската болница во Гренобл траел околу 25 минути, по што Шумахер бил предаден на лекарите.

Дајнезе открил дека подоцна, за време на вториот лет до истата болница, сфатил колку вниманието на јавноста било насочено кон легендарниот спортист. Кога пристигнал, нашол автобуси, црвени знамиња и голем број луѓе, а болничкиот комплекс го потсетил, како што рекол, на патека од Формула 1.

Случајот останал под строга тајност со години. Минатата година, тројца мажи беа осудени во Германија за обид за уцена на семејството Шумахер, користејќи снимки направени по несреќата.

Од неговата фатална несреќа на скијање, семејството на легендарниот возач строго ја чува неговата приватност, а информациите за неговата здравствена состојба речиси никогаш не стигнуваат до јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер