Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива нова димензија – повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор
1Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива нова димензија – повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор
ЖивотОсум печурки на аукција се продадени за речиси 5 илјади долари Осум печурки мацутаке, одгледувани во Тамбасасајама во западна Јапонија, беа продадени на пазар во градот за 850.000 јени (околу 4.800 евра) за време на аукција за нивната прва берба оваа есен, објави денес „Маиничи Шимбун“.Печурките мацутаке понудени на аукција беа долги од 6,5 до 11 сантиметри и тежеа вкупно 263,5 грама, што ги прави најтешките од првите сезонски печурки откако пазарот се отвори во 2018 година. Иако печурките мацутаке обично се продаваат за 100.000 до 150.000 јени (564 до 846 евра) по килограм, вредноста на свежо набраните печурки брзо се зголеми на аукцијата. Главниот готвач на ресторанот на хотелот „Танбасасајама Кинмата“, Норицугу Јошимура (39), кој успешно се натпреваруваше за печурките, рече дека хотелот во градот Танбасасајама „служи печурки мацутаке од целата земја, но оние произведени во овој град имаат добра арома и богат вкус“. „Ми олесна што победив на натпреварот, бидејќи некои од нашите гости со нетрпение очекуваат да ги пробаат“, рече готвачот. Тој додаде дека планира да им служи печено мацутаке на гостите што ќе преноќат во хотелот.Тагови: аукција печурки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаНиколоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива нова димензија – повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзорЗаменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, присуствуваше на промоцијата на нови возила и опрема – донација од Европската Унија Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, присуствуваше на промоцијата на нови возила и опрема – донација од Европската Унија наменета за зголемување на капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт, во вкупна вредност од 700 илјади евра. Николоски истакна дека станува збор за значајна поддршка која ќе овозможи инспекторатот многу поефикасно да ја извршува својата работа и да ја покрива целата територија на државата. „Навистина е големо задоволство да ја промовираме оваа голема донација која Европската Унија ја прави за нас. Ова е навистина многу значајно. Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија. Ако претходно вредните луѓе кои работат во инспекторатот се обидуваа колку што можат да ја покријат територијата на државата, по оваа донација ќе можат целосно да ја покријат и да бидат присутни буквално на секоја точка“, изјави Николоски. Тој нагласи дека новите специјално опремени возила ќе придонесат за поефикасен инспекциски надзор, поголема безбедност во сообраќајот и подобра заштита на патната инфраструктура. „Со овие 16 специјално опремени патнички возила, двете специјално опремени возила за следење и специјално адаптираното комбе кое ќе служи како контролен центар, инспекторатот ќе може целосно да ја заврши својата работа. Тоа значи повеќе безбедност на патиштата, побрз и поефикасен инспекциски надзор, но и подобра заштита на патиштата преку контрола на прекумерната тежина на камионите, превозот на опасни материи и контролата на автобусите за да ги исполнуваат сите стандарди за превоз на патници“, рече министерот. Според него, инвестициите во патната инфраструктура мора да бидат проследени со засилени контроли, со цел да се зачува нивниот квалитет и долговечност. „Градиме експресни патишта и автопати, но истовремено мора многу да внимаваме на безбедноста и на заштитата на патиштата. Еден од главните фактори за нивно уништување е непочитувањето на правилата. На овој начин инвестициите што ги правиме ќе добијат долгорочна вредност“, истакна Николоски. Тој упати благодарност до амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, за неговата лична посветеност во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека донацијата не се состои само од возила. „Оваа донација не се само возила, туку и современ софтвер за следење на возилата, како и знаење и обука за инспекторите во Државниот инспекторат за транспорт. Оваа донација значи иднина“, порача Николоски. Заменик претседателот во втора фаза најави дополнителни инвестиции со цел унапредување на капацитетите и ефикасноста на Државниот инспекторат за транспорт.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКако Шпанија станува лидер во паметното и одржливо производство на бакарИберискиот пиритски појас го привлекува вниманието на глобалната индустрија – комплексот „Sandfire MATSA“ во Шпанија користи напредна технологија за интеграција на три рудници во еден моќен преработувачки центар.Рударскиот сектор во Европа доживува вистинска револуција, а во центарот на овие промени се наоѓа Шпанија. Познатиот Ибериски пиритски појас во југозападниот дел на земјата (провинцијата Уелва) е дом на еден од најмодерните и технолошки најнапредните рударски проекти на континентот – комплексот Sandfire MATSA. Според анализата на стручниот меѓународен медиум Geomechanics.io, овој проект претставува учебнички пример и нуди клучни лекции за рударските инженери ширум светот за тоа како успешно да се интегрираат повеќе рудници во еден паметен, високопродуктивен и еколошки одговорен систем за производство на бакар и други полиметални суровини. Еден централен капацитет, три рудници: Моќта на паметната интеграција Срцето на овој комплекс е гигантската централна фабрика за преработка со капацитет од дури 4,7 милиони тони годишно. Оваа фабрика се напојува со руда од три посебни подземни рудници: Aguas Teñidas, Magdalena и Sotiel. Она што го прави овој проект исклучителен е неговиот т.н. „hub-and-spoke“ (централизиран) модел. Инженерите на „Sandfire MATSA“ користат софистицирани дигитални алатки за контрола во реално време, кои овозможуваат рудата со различен состав од трите различни наоѓалишта совршено да се комбинира и да се прилагоди пред да влезе во процесот на флотација. Со ова се постигнува максимално искористување на бакарот, додека истовремено се минимизираат загубите на енергија и ресурси. Технологија во служба на безбедноста и ефикасноста: Зад високите бројки на производство стои имплементација на најсовремена технологија. Комплексот се потпира на дигитализација на подземните процеси, оптимизирано управување со отпадниот материјал (backfill) и напредни геотехнички софтвери. Овие иновации овозможуваат: Поголема безбедност за рударите: Сите критични процеси под земја се следат преку софистицирани дигитални системи, со што ризиците се сведени на минимум. Стабилност и контрола на теренот: Со оглед на тоа што се работи за три различни геолошки локации, инженерите применуваат усогласени геотехнички стратегии кои гарантираат стабилност на подземните копови. Еколошки стандарди по највисоки европски правила: Покрај економските придобивки, овој централизиран модел во Шпанија носи огромна предност и за заштитата на животната средина. Наместо три посебни преработувачки капацитети кои би влијаеле врз природата на три различни места, „Sandfire MATSA“ има само еден централен пункт за управување со водите и јаловината. За шпанските регулатори и локалните власти во Уелва, ова овозможува исклучително строг, прецизен и лесен мониторинг на еколошките перформанси. Шпанија со ова покажува дека индустриското рударство на бакар – метал кој е клучен за зелената транзиција и електричните возила – може да се одвива со максимално почитување на најстрогите еколошки стандарди во Европа. Со вакви проекти, Шпанија не само што ја зацврстува својата позиција на европската рударска мапа, туку и поставува нови глобални стандарди за тоа како треба да изгледа одржливото и паметно рударство во 21-виот век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБројот на жртви во Венецуела се искачи на повеќе од 4.550Според официјалните податоци објавени од Родригез на „Телеграм“, повредени се 16.740 лица, а спасени се 6.462. Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 4.561, додека повеќе од 20.000 луѓе се сместени во привремени кампови, соопшти претседателот на Националното собрание на таа земја, Хорхе Родригез. Според официјалните податоци објавени од Родригез на „Телеграм“, повредени се 16.740 лица, а спасени се 6.462. Државна помош добија 128.324 семејства, а во земјата беа формирани 107 привремени кампови во кои се сместени 20.231 лице. Во соопштението се додава дека во земјотресите се оштетени 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати. На 24 јуни, Венецуела беше погодена од земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во временски интервал помал од една минута.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook