Во пресрет на првомајските празници кои дел од граѓаните би можеле да ги спојат со викендот, поранешниот началник Љубомир Ѓурчевски вели дека покрај потребата од засилени полициски патроли, потребно е и граѓаните да преземат превентивни мерки за заштита од кражби.
-Вториот момент е граѓаните да едуцираат, да известат некои повозрасни роднини, пријатели на коишто имаат одредена доверба да во одреден период од денот влезат во станот, го отворат станот, се со цел маркерите, криминалците да се убедат дека во тој стан се присуни луѓе.
Ѓурчевски вели и дека важно е граѓаните и да ги сокријат вредните предмети кои ги имаат во своите домови или да ги депонираат во сефови во банките. Дополнително и да внимаваат како го оставаат својот дом, пред да заминат на некое патување.
-Она најбитното, граѓаните да ги понесат со себе, да не оставаат дома вредносни предмети: злато, златен накит итн., се разбира доколку можат да го тргнат, да го одвојат, да го изнесат или да си закупат сефови во банките и да ги депонираат таму за одреден временски период додека се надвор од станот.
-Оставањето светло, запалено светло е еден применлив метод којшто го применуваат граѓаните, но треба да се внимава, нели, согласно инсталацијата да не се предизвикаат пак некои други несакани последици.
Од МВР пак велат дека во континуитет спроведуваат превентивни активности преку организација на едукативни кампањи и средби со граѓани и организации со цел намалување на кривичните дела.