Осум нови пациенти со симптоми на морбили во изминатото деноноќие

Две деца од одделот за хемато-онколошкото одделение на клиниката за детски болести од вчера имаат морбили. 

Засега нивната состојба е стабилна и под контрола. Едно дете заминало дома од овој оддел. Докторите апелираат на вакцина, бидејќи само на тој начин ќе се стабилизира состојбата и ќе се заштитат и овие деца, бидејќи вирусот не може со ништо да се сопре.

Стабилна е и здравствната состојба за вработените од клиниката тие се на домшано лекување. Повеќето се вакцинирани најверојатно само со една доза. Но вакцината според докторите им помогнала да немаат сериозни компликации од морбилите.

На клиниката за инфективни болести има вкупно 20 пациенти со морбили. Во многу лоша здравстевена состојба беше едно дете, но сега е стабилно.

Инфектолозите и имунолозите апелираат дека здравствените домови се отворени и за викенд за имунизација. Забараната за невакцинирани деца ќе трае се додоека родителите не ги вакцинираат децата и покажат потврда за тоа.

По скандалот со погрешните залепени декларации на вакцината МРП МАЛМЕД донесе одлука да се унишатат вакцините од страна на производителот.

Здравствените власти се уште тврдат овие вакцини не биле со поминат рок.

Oд 15. и 16. владина седница: Уште еден чекор кон унапредување на статусот на специјализантите

На 15. седница, Владата ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство, во врска со специјализантите по медицина.

На 15. седница, Владата ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство, во врска со специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата, а кои се работно ангажирани со договор на дело во универзитетската клиника во којашто ја извршуваат специјализацијата. Имајќи го предвид значењето за специјализантите, но и за граѓаните и за здравствениот систем на Македонија, за целосно решавање на нивниот статус, Владата донесе одлука, согласно закон, а веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

Владата, во активна соработка со специјализантите, досега покажа огромна грижа за унапредувањето на нивниот статус и е одлучна да продолжи во оваа насока, кон решавање на сите прашања од нивен и јавен интерес, во функција на здравјето на граѓаните.

Како што е констатирано на седницата, во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар, со оглед дека дотогаш, тие немаа финансиски надоместок за ангажманот, а ниту една влада претходно не покажа слух и капацитет да почне со решавање на нивниот работен статус. Во изминативе неколку години, значително се покачени платите на здравствените работници, подигнати се капацитетите во јавното здравство и е вратено достоинството на сите здравствени работници и соработници.

Владата, на предлог на претседателот на Владата, ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование, да достават информација во врска со ефикасно решавање на прашањето за престој на студенти кои по основ на Мобилност, согласно Еразмус програмата, имаат потреба да престојуваат во државава не повеќе од еден семестар.

Мобилноста, во рамки на образовниот процес, како што е констатирано, е усогласување со праксата на Европската Унија и како што е оценето, потребно е поедноставување на процедурите за краткорочен престој по овој основ, наспроти стандардните процедури за одобрување престој за повеќегодишно студирање.

Владата, на предлог на претседателот на Владата, го задолжи Министерството за внатрешни работи, да достави комплетна информација по однос на случувањата на настанот поврзан со новинарот Фуркан Салиу, согласно барањето од Советот на Европа за давање одговор околу овој случај.

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Македонија и изборите за пратеници во Собранието и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Денешната владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Македонија.

Владата, согласно Законот за енергетика, ја донесе и Одлуката за избор на универзален снабдувач. За најповолна понуда за избор на универзален снабдувач, во соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје - носител и ЕВН Македонија АД Скопје - член на групата.

За носител на набавката е избран економскиот оператор којшто има понудено најнизок процент на бруто маржа во текот на електронската аукција, а чијашто понуда претходно е оценета како прифатлива. Критериумот за доделување на договорот за универзален снабдувач, притоа, е бруто понудената маржа за снабдување. Основата за пресметката на цената по којашто универзалниот снабдувач ќе ги снабдува малите потрошувачи и домаќинствата во којашто е вклучена и бруто маржа, е во согласност со Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај („Службен весник на Македонија“ бр. 246/23), донесен од страна на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија.

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата од Секретаријатот за европски прашања за статусот на подготовка на Реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан и ја усвои усогласената верзија на Нацрт Реформската агенда. Задолжени се првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и министерот за финансии, да ја достават усогласената верзија на Нацрт Реформската агенда до Европската комисија.

Ажурираната Нацрт Реформска агенда се споделува со Европската комисија со цел усогласување на листата реформски приоритети и мерки, со конкретни рокови предложени од македонска страна, со Европската Унија. Усогласувањето на Нацрт реформската агенда меѓу Македонија и Европската Унија ќе продолжи и во наредниот период и треба да се заврши најдоцна до 26 април 2024 година, а финалната верзија на Реформската агенда да се усвои најдоцна до средината на мај 2024. По утврдувањето на финалната верзија на Реформската агенда и усвојувањето од Европската комисија, како што е образложено од СЕП, ќе се отвори можноста за потпишување на договорите за инструментот за реформи и раст и за заем и со тоа поднесување Барање за повлекување на првата транша, односно за авансот во висина од 7% од алокацијата за нашата држава.

Предвидена е исплата на средства од Планот за раст за Западен Балкан, два пати во годината. А, за Македонија, приоритетите коишто беа договорени во Реформската агенда се однесуваат на приоритетните области: Управување / Реформа на јавна администрација и Управување со јавните финансии; Дигитална, Енергетска / Зелена транзиција; Човечки капитал; Деловно опкружување и Владеење на правото, соопштуваат од Владата.

Фрлил камера во море, па снимил страшни сцени: Веќе не влегувам во вода (ВИДЕО)

Страсниот риболовец Брент Пичер минатата година го посетил „најопасното пристаниште на светот“ кое се наоѓа во округот Окалоса (Флорида), а неговото видео на YouTube предизвика големо внимание.

Ова место е популарно кај туристите и рибарите, но не е безбедно за капачите. Не сте импресионирани? Погледнете што снимила камерата ГоПро на Пичерс под површината на водата, а потоа извлечете свој заклучок.

Штом камерата завршила во вода, снимила јато риби, што набрзо „исчезнале“ од кадарот за да ѝ се тргната од патот на тигарска ајкула.

Таа пливала во плиткото, а кога ја фрли GoPro на другиот крај на пристаништето, доби (морничаво) изненадување.

Во преден план гледаме огромни ајкули кои кружат околу уредот, па јасно е дека тука нема место за капачите или сурферите, пренесува LadBible.

Штом некое лице ќе се најдеше во водата, во непосредна близина на брегот, ќе заврши како плен на морските предатори.

Бројни корисници коментираа на видеото, а еден тврдеше дека некогаш сурфал во близина.

„Е***** колку имав среќа, веќе не влегувам во вода“, напишал тој.

Заев со подршка за СДСМ и Пендаровски

„Ја спасивме заробената Македонија од канџите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“,поранешниот премиер Зоран Заев така го почнува говорот во својот промотивен видео спот за поддршка на кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.

Заев потоа во својот пост на Фејсбук пишува:

„Да гласаме сите за европска иднина!

Ако се грижите за сопствената македонска земја, ако си го сакате својот народ, ако верувате во европскиот пат на татковината, ако не сте подготвени да се предадете и откажете од иднината, СДСМ и коалицијата за европска иднина се единствениот избор!

Немаме ние нови години за губење од оние кои божем Македонија ќе ја направеле ГОРДА, а истите тие цели 11 години ја правеа ГРДА“, вели тој.

притисни ентер