Осум лица загинаа во рускиот напад на Чернигов, украински дрон соборен во близина на Москва

Во експлозијата на три руски ракети што денеска го погодија осмиот кат од станбена зграда во центарот на градот Чернигов на северот на Украина, загинаа најмалку осум лица, а 18 се повредени, соопшти градоначалникот Олександар Ломако.

Чернигов се наоѓа во близина на тромеѓето на Украина со Русија и Белорусија, на околу 150 километри од главниот град Киев.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е соборено над регионот Мордовија, приближно 350 километри источно од Москва. Тоа е 700 километри од украинската граница. /МИА

Американец покажа како ја заштитува Корветата пред ураганот и доби 60 милиони прегледи (ВИДЕО)

Жителите на Флорида изминатите неколку дена се подготвуваа за бурата на векот, ураганот Милтон, кој ја опустоши Флорида во текот на ноќта.

Додека некои ги осигуруваа куќите и со тоа станаа вирален хит, други го насочија вниманието кон - автомобилите.

Тиктокерот Џон Сантос од Вест Палм Бич, Флорида стана вирална сензација откако на 8 октомври објави видео на кое се гледа како прецизно го покрива својот нов автомобил, Шевролет Корвета.

Видеото собра повеќе од 60 милиони прегледи, а додека некои ги пофалија неговите напори, на други сцената им беше смешна.

@gucci_lemon_reloaded ♬ Holding out for a Hero (from "Footloose") - Bonnie Tyler

„Ми се допаѓа што ја завитка како подарок за Милтон да го прослави својот роденден“, „Забавната работа кај автомобилите е што можете да ги возите и да ги извадите од опасност“ и „Однесете го на безбедно место, ова не вреди апсолутно ништо. Збогум убава Корвето“, му напишале.

Откако стана вирално, Џон објави ново видео во кое вели дека не очекувал толкаво внимание и дека наскоро ќе објави ново видео во кое ќе ја покаже состојбата на неговиот автомобил.

@gucci_lemon_reloaded

Didn’t expect my video to blow up. Storm should be hitting us Wed into Thurs. Stay tuned for part 3.

♬ original sound - Gucci_lemon_reloaded

Ураганот Милтон, најсилниот во последните сто години, ја погоди Флорида. Иако ослабе од категорија 5 до категорија 2 во пресрет на неговото пристигнување на брегот на Флорида, ураганот остава пустош по него. Над милион луѓе се евакуирани, бројни области се веќе поплавени, нивото на морето се подига, забележани се екстремни количества дожд и ветрови со брзина од 200 километри на час. Најтешко погодени области се Неапол, Форт Мајерс и Тампа.

Силен удар за Русите: Украинците во еден напад уништиле 400 дронови Шахед (ВИДЕО)

„Во еден напад врз складиште на југот на Русија, Украинците разнесоа 400 нападни беспилотни летала Шахед од иранско производство“, соопшти украинскиот команден штаб.

Тоа е речиси пет проценти од сите беспилотни летала Шахед што Русија ги користела од почетокот на војната.

Видеото од експлозијата во близина на населбата Октјабрски го потврдува ударот. „Забележан е прецизен удар во целта“, велат од украинскиот штаб, „а забележана е и секундарна детонација“, според Форбс.

Шахед е дизајниран од иранската авијациска индустрија Шахед, а овој дрон управуван од сателити е едно од главните оружја за руските напади врз украинските градови. Откако ги доби првите беспилотни летала од Иран во 2022 година, Русија распоредила повеќе од 8.000 од нив.

Украинската противвоздушна одбрана соборува огромно мнозинство Шахеди испратени од руските сили. Податоците на Defence News велат дека Украинците од март собориле дури 91 отсто од беспилотните летала.

Девет од сто сè уште поминуваат, уништувајќи домови и бизниси и одземајќи животи. Речиси 600 украински цивили загинале, а 2.700 се повредени во руските напади за само три месеци, до крајот на 31 август.

Уништувањето на 400 Шахеди треба да го забави темпото на руските напади. „Уништувањето на складиштето со Шахеди значително ќе ги намали шансите на руските окупатори да ги тероризираат цивилите во украинските градови и села“, соопшти украинскиот штаб.

Но, тоа е само привремена победа. Москва секогаш може да купи повеќе дронови од Техеран, а тие самите произведуваат копии во фабрика во Татарстан, во источна Русија. Кремљ платил 1,7 милијарди долари за лиценцата за составување до 6.000 Шахеди - делумно во злато.

Нејасно е како Украинците удриле во магацинот. Октјабрски се наоѓа на само 220 километри од фронтот во источна Украина, во домет на голема низа украински оружја.

Веројатно може да се исклучи најдоброто оружје што Украина го доби од Запад. Вашингтон, Лондон и Париз сè уште одбиваат да му дадат дозвола на Киев да го користи ова оружје за напади на руска територија.

Овие ограничувања, сепак, не се однесуваат на оружјето произведено во Украина. Украинските крстосувачки ракети Нептун можат да стигнат до јужна Русија, а беспилотните летала со долг дострел можат да летаат стотици километри подалеку од складиштето.

Нападот на магацинот е дел од поширок тренд. Наместо да трошат скапи противвоздушни ракети за соборување беспилотни летала во близина на целите, Украинците се обидуваат да ја уништат руската муниција пред Русите да ја лансираат.

Шахедите не се единствената цел. Украинците, исто така, ги разнесоа руските резерви на сателитски водени бомби. Минатата недела беспилотни летала нападнаа руска воздухопловна база во близина на Воронеж, наводно кревајќи во воздух склад полн со бомби.

Добитник на Нобеловата награда предупредува: Ни нема спас од вештачката интелигенција

Американскиот физичар Џон Хопфилд и пионерот на вештачката интелигенција Џефри Хинтон ја добија годинешната Нобелова награда за физика.

Хинтон, често нарекуван „кум на вештачката интелигенција“, ја напушти својата позиција во Google за да го предупреди светот за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција.

Работата на Хинтон од 2012 година ја постави основата за денешните невронски мрежи, кои напојуваат технологии како GPT-4, но тој го напушти Google во 2023 година, изразувајќи загриженост за развојот на вештачката интелигенција.

Во интервју за Њујорк Тајмс минатата година, Хинтон призна дека некогаш верувал дека Google може правилно да управува со овие моќни технологии, додека Мајкрософт не се здружи со OpenAI, носејќи ги GPT-4 и ChatGPT на пошироката публика, пишува Futurism.

Предупредување на Хинтон: „ВИ е многу поблиску отколку што мислиме“

Пред да го напушти Гугл, Хинтон предупреди дека светот се соочува со клучен момент во развојот на вештачката интелигенција. Иако претходно мислеше дека опасностите се далеку, денес целосно се предомисли. Како што рече, верувал дека предизвиците на вештачката интелигенција се од 30 до 50 години, но сега е сигурен дека вештачката интелигенција се развива побрзо отколку што некој може да ја контролира.

Откако го напушти Гугл, тој се приклучил на група експерти, меѓу кои и Илон Маск, кој потпиша отворено писмо во кое повикува на привремено запирање на развојот на технологиите за вештачка интелигенција. Хинтон сега верува дека вештачката интелигенција може да ја избегне човечката контрола во секој момент, што може да доведе до катастрофални последици.

На прашањето на Нобеловиот комитет за понатамошната судбина на вештачката интелигенција, Хинтон искрено рече дека нема едноставно решение. „Посакувам да имав рецепт што ќе нѐ спаси сите, но за жал, немам“, изјави тој.

притисни ентер