МакедонијаОсум иницијативи на денешната седница на Уставен судСудиите ќе расправаат и по иницијатива со која се оспорува Член 7 став 1 алинеја 8 од Законот за експропријација.Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12. седница, на чиј дневен ред се предвидени осум иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права и, како што е најавено, ќе треба да се донесат конечни одлуки за два предмета. На дневен ред е иницијатива со која се оспорува Член 65, ставови 1 и 2 од Законот за вештачење. Оспорените законски одредби според подносителот на иницијативата содржат непрецизност или двосмисленост и ја нарушуваат функционално-логичката целина на Законот за вештачење, при што се дава можност за недоследно или различно применување на тие законски одредби во практиката. - Со оваа одредба на Законот се овозможува неуставно мешање на извршната власт во функционирањето на здруженијата на граѓани и се дерогира уставната слобода во оваа област, се наведува во иницијативата. Судиите ќе расправаат и по иницијатива со која се оспорува Член 7 став 1 алинеја 8 од Законот за експропријација и член 28 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Подносителот наведува дека со оспорените акти, со закон прво е приватизиран, па потоа одземен имот во корист на општина Делчево, поради изградба на градски пазар-големи трговски единици изградени на соседни градежни парцели, a на дел е изградена пристапна улица, која не е планирана ниту со ГУП, ниту со ДУП на Општината. На дневен ред на денешната седница е и иницијатива за оценување на член 19 од Уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка. Подносителот на иницијативата наведува дека против решението на министерот не е дозволена жалба, а барателот на финансиска поддршка може да поведе управен спор. -Оспореното прашање според него, со подзаконскиот акт не треба да уредува право на правна заштита, бидејќи тоа е предмет на уредување на законска материја, вели подносителот на иницијативата. Судиите треба да ја разгледаат и иницијативата со која се оспорува Член 8 од Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија, со кој подносителите сметаат дека се прави обид за ограничување на уставното право на слободно здружување. Во иницијативата се тврди дека членот 8 од Статутот е спротивен на Законот за адвокатурата и дека Комората ги пречекорила надлежностите, да уредува односи кои се во надлежност на Собранието. Тврдат дека иако се членови на АКРСМ, тоа не ги ограничува и не значи забрана за членување во други здруженија, сојузи, асоцијации во државата и во странство. На дневен ред на денешната седница се и две барања за заштита на слободите и правата. Во првиот случај, подносителот наведува дека е дискриминиран по основ на социјална припадност согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот. Според наводите во неговото барање, го известува Судот дека незаконски, без негово знаење и одобрување, му е преземан имот, и во текот на судските постапки било утврдено дека ја продал сопственоста поради влошената имотна состојба која настанала по семејни здравствени ситуации. Во вториот случај, подносителката наведува дека со Решение од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија е дискриминирана по основ на социјална нееднаквост, бидејќи иако стекнала право на старосна пензија во износ поголем од 76,239 денари (определен од државата како највисок), сепак не ја добила пензијата која и била пресметана, туку највисокиот износ на пензијата определен во моментот на стекнување на правото на пензија. Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион падна и се запали на автопат во Мексико (ВИДЕО)Мал приватен авион, Piper PA-46 Malibu, се урна на прометен автопат во мексиканскиот град Аподака откако, според извештаите, ја изгубил моќноста на моторот при полетувањето, а потоа се запалил.Сите шест лица во авионот ја преживеале несреќата. Несреќата се случила на 18 ноември, откако авионот полетал од Северниот меѓународен аеродром. Потоа авионот прелетал преку заштитната ограда на аеродромот и завршил на автопатот Монтереј-Нуево Ларедо, каде што се запалил. Во авионот имало шест лица, двајца членови на екипажот и четири патници. Според првичните информации, сите преживеале, но се здобиле со полесни повреди и модринки. Во несреќата немало жртви. ALL THE OCCUPANTS ARE SAFE: PIPER PA-46 MALIBU CRASHES ON BUSY HIGHWAY The accident occurred on November 18, 2026, when a Piper PA-46 Malibu, registration XB-MKC, reportedly lost power during takeoff from Aeropuerto Internacional del Norte. The aircraft left the airport perimeter, crossed the perimeter fence and came down on the busy Monterrey–Nuevo Laredo highway, where it caught fire following the impact. Aircraft and flight details: Aircraft: Piper PA-46 Malibu Registration: XB-MKC Operator: Casago, S.A. de C.V. Departure: Aeropuerto Internacional del Norte, Apodaca Destination: Aeródromo Dr. Jorge Jiménez Cantú, Atizapán, State of Mexico Occupants: Six (two crew members and four passengers) Date: November 18, 2026 Remarkably, all six occupants survived the accident. They reportedly sustained minor injuries and bruises, with no fatalities or serious injuries reported. Emergency services responded quickly and brought the resulting fire under control. Although the reported loss of power is considered a preliminary explanation, the definitive cause of the accident remains subject to investigation by Mexican aviation authorities. An incident with a fortunate outcome: six lives spared in an accident that could have ended very differently. #AviationAccident #MexicoAviation #Apodaca #AviationSafety #AircraftIncident — FL360aero (@fl360aero) November 20, 2026 Итните служби брзо пристигнале на местото на настанот и го изгаснале пожарот, додека надлежните органи започнале истрага за да ги утврдат околностите на несреќата. Се вели дека прелиминарната причина е губење на моќноста на моторот при полетувањето, но конечните резултати ќе бидат познати откако воздухопловните власти во Мексико ќе ја завршат истрагата.Тагови: авион Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
АвтомобилизамПроизводството на „Fiat 500“ продолжува: „Stellantis“ најде делови за каросеријата„Stellantis“ објави дека ќе го продолжи производството на електричните и хибридните модели на „Fiat 500“ во Торино, по петнеделен прекин на работата во одделот за каросерија поради недостиг на компоненти.Во целиот производствен комплекс „Мирафиори“ во Торино се вработени околу 1.400 работници, а повремените прекини во производството влијаеја и на други оддели, пренесува „ANSA“. Синдикатите „FIM-CISL“ и „UILM“ претходно предупредија дека зачестените прекини во производството поттикнуваат растечко незадоволство и несигурност кај вработените, кои со месеци се соочуваат со прекини во работата и неизвесност во однос на иднината на фабриката. Оваа година, „Stellantis“ најави намалување на бројот на вработени за 175 лица во Мадрид, додека во фабриката во Тихи, Полска, се планира укинување на 740 работни места по укинувањето на третата смена. Во Италија е најавено намалување на бројот на вработени за 485 лица, главно преку доброволно заминување и предвремено пензионирање. Извршниот директор на „Stellantis“, Антонио Филоса, предупреди дека производителите на автомобили и нивните добавувачи ќе се соочат со значителен пораст на трошоците за суровини и електронски компоненти – вклучувајќи мемориски чипови, печатени плочки и полупроводници – во текот на 2027 година, а веројатно и во 2028 година. Говорејќи на годишното собрание на италијанското здружение на производители на автоделови, „Anfia“, во Милано, Филоса изјави дека инфлаторните притисоци во овие категории ќе претставуваат трошок за „Stellantis“ во износ од милијарди евра, пренесе Ројтерс. Според Филоса, компаниите и добавувачите ќе мора да одговорат на овие притисоци преку зголемување на својата конкурентност. Сепак, ќе биде потребна и поддршка од италијанската влада и од Европската унија. Извор: Б92Тагови: Fiat 500 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
ЕкономијаПросечната нето-плата во септември достигна 49.141 денарПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 49.141 денар и бележи растод 8,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.Реалниот раст на просечната нето плата, изнесувал 5,2%. На врвот на листата на исплатени плати се наоѓа и натаму ИТ секторот со просек од 88.787 денари, а на дното од листата се е сместувањето и услужните дејности со храна со 35.447 денари, со што највисоката просечна плата во земјава е два и пол пати повисока од најниската просечна плата за над 50 илади денари Државниот просек од 49.141 денар го земаат вработените во образованието каде што просечната нето плата изнесува 48.946 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08