Осум години правел Ајфелова кула од кибритчиња за да добие Гинисов рекорд, сепак го одбиле - Канал 5

Осум години правел Ајфелова кула од кибритчиња за да добие Гинисов рекорд, сепак го одбиле

Французинот Ричард Плауд потрошил осум години градејќи 7 метри висока реплика на Ајфеловата кула од кибритчиња.

Осум години правел Ајфелова кула од кибритчиња за да добие Гинисов рекорд, сепак го одбиле

Но, трудот бил залуден бидејќи - користел погрешен тип на кибритчиња. Имено, тие го отфрлија од Гинисовата книга на рекорди.

Ричард тврди дека луѓето од Гинисовата книга на рекорди донеле одлука дури и без да ја видат репликата. Тој вели дека бил одбиен затоа што структурата не била изградена со кибритчиња кои се достапни за купување во јавноста и затоа што немаат запалливи црвени врвови. Понатаму, неговите пријави се изменети до непрепознатливост од нивната оригинална форма.

„Тоа е разочарувачка, фрустрирачка, неразбирлива и не баш фер игра“, изјави тој за Тајмс. Се надеваше дека Гинис ќе се смилува, но беше уништен. „Кажете ми како 706.900 залепени стапчиња еден по еден не се кибритчиња. Мојата кула од кибритчиња стои и уште долго ќе биде висока 7,19 метри“, напиша тој во објавата на Фејсбук.

Плауд, кој работи во одделот за уметнички дела на одделот Charent-Maritime во југозападна Франција, конечно го заврши својот проект на 27 декември, на 100-годишнината од смртта на инженерот на оригиналната кула. Направил 402 блока од кибритчиња, кои потоа ги вградил во огромната структура.

Неверојатната кула би го надминала актуелниот рекорд за највисока скулптура со кибритчиња досега, кој го држел либанскиот занаетчија Тоуфик Дахер, кој во 2009 година создал модел на Ајфеловата кула од 6,53 метри.

Плауд, кој се занимава со изработка на модели од својата осма година, првично купувал кибритчиња од супермаркет за да ја направи структурата, но набрзо се откажал. Потоа го убедил францускиот производител Flam'Up да го снабди со огромни кутии полни со 190.000 кибритчиња без фосфорна глава.

Плауд ги отстранил главите на кибритчињата затоа што му било кажано дека треба да се гребат за неговиот обид да биде валиден. Попатно се соочил со технички потешкотии. Тој тврди дека морал да направи сложени пресметки за да се увери дека нозете на кулата ќе ја издржат нејзината тежина. Тој проценил дека вложил 4.200 часа од своето време во проектот од неговото започнување во декември 2015 година.

Зборувајќи за локалната телевизија пред неговиот обид за соборување на рекордот, сопругата на Плауд, Сандра се надевала дека тој ќе може да го оствари сонот за кој сонувал 20 години. „На тој начин можам да си ја вратам дневната соба“, рече таа низ смеа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, инвестицијата вреди 139 милиони евра

Почнуваат работите на последната делница од 11,5 километри за да имама целосно автопат од Скопје до Охрид со што би се заобиколило искачувањето на Стража. 

Почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, инвестицијата вреди 139 милиони евра

Работите интензивно течат на делницата од Тетово до Гостивар, во тек е изградбата на делот од Гостивар до Букојчани и со почетокот на последниот дел кој недостигаше се поврзува и последниот дел од Букојчани до Кичево со што се прави една автопатска целина.

За оваа делница беа потребни 8 годни подготовки заради специфичноста на теренот а предвидено е оваа делница да биде готова за 4 години.

За изградбата на овој пат финансиите се обезбедени главно преку заем од Еврпската банка за обнова и развој Ебор како и 20 милиони евра грат од Европската унија

Инаку оваа делница е дел од европскиот Коридор 8, кој ги поврзува транспортните правци меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. На оваа делница ќе се изгрди автопат со два правци , со по две ленти во еден правец од по 3,5 метри и дополнитлна лента за застанување од 2, 75 метри со што предвидената брзина на движење би била од 110 до 130 километри на час зависно од конфигурацијата на теренот.

Предвидени се и две клучки од кои едната е пред Кичево со што ќе се добие целосна заобиколница околу Кичево која клучка треба да биде готова за две години.

Покрај ова во земјава интензивно се гради автопатско поврзување меѓу Прилеп и Битола, почна работите и за автопат од Скопје до Блаце .

Новата делница е дел од европскиот Коридор 8, кој ги поврзува транспортните правци меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. Освен за патничкиот сообраќај, таа е важна и за превозот на стоки, регионалната трговија и поврзувањето на стопанството

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Сè се работи под маса. Договори што само тие во Владата ги знаат. 

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Свечен дочек со црвен тепих и камери на граница за повратници. Пуштање од затвор. Куќен притвор, ослободување. Пет тони дрога којашто поминаа преку граница. Нарко дилер Цуната кој бега од прозор од полициска станица во кочани.

Истата банда. Mинистер од ВМРО-ОКГ.

За случајот со Ива Михаилова, Тимчо Муцунски рече: судската постапка е работа на судството. Извршната власт не се меша. Здравствениот систем во Македонија може да обезбеди нега. Македонија е подготвена да прими бугарски лекари за консултација, како гест на добра волја, не како обврска.

Сега гледаме дека се пушта преку граница. Иако судот ѝ ги одзеде двата документи, македонски и бугарски пасош.

Таа вели легално, со лична карта, граничарите знаеле. МВР вели нема евидентиран излез.

Бугарската гранична полиција вели нема евидентиран влез. Како?

Повеќе пати СДСМ бараше смена на сегашниот министер за полиција.

Човек што го ослободува обезбедувањето на Мицкоски што тепа жени. Се пуштаат масовни убијци, дилери од полициска стануца. Не се реагира на пријава за насилство во семејство што доведе до самоубиство на дете и мајка.

Министерот рече дека има систем, веројатно “Пегазус” и дека снима разговори на граѓани.

Има снимање на граѓани преку Safe City, систем пуштен без контролен закон што би ги спречил злоупотребите.

До денес нема одговор како пет тони поминаа граница.

Еве денес прашање: како излегла Михаилова од земјата ако ѝ се одземени двата пасоши? И бугарскиот и македонскиот?

Панче само да не каже дека правел хиперхлорирање па не можел да се занимава со пограничната работа на полицијата што е во неговиот сектор.

Границата не е решето само за дрога и за бегалци од правда. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО границата е решето и кога судот ќе забрани.

СДСМ повторно бара да се утврди како се случило и да се понесе одговорност. Бараме оставка, Тошковски да понесе одговорност.

Доста се злоупотреби на полицијата.

Скопје, 12.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Адвокатот на Михаилова, Рауфи: Затекнат сум, Ива немаше дозвола од судот да излезе од државата

И адвокатот на Ива Михаилова  Насер Рауфи е изненаден од нејзиниот потег да ја напушти Македонија.

Адвокатот на Михаилова, Рауфи: Затекнат сум, Ива немаше дозвола од судот да излезе од државата

Во изјава за Канал 5 вели дека тој не знае како поминала граница, не бил консултиран и дознал дека е во Бугарија преку медимите. Последното барање до судот во Кочани им било за привремено враќање на пасошот, но одобрение за тоа не добиле.

Детали тврди дека нема ниту бугарската претседателка Илијана Јотова, која утрово дознала откако излегла од телевизиско студио. Од новинарите таму доби бројни прашања за случајот Михаилова.

„ Немате ли информација на каков начин дошла?

- Не, не.

Ќе се видите ли со неа?

- Во првата прилика, ако не ја остават во болница. Но и да ја остават во болница, ќе направам се што можам да се видам со неа.

Каква реакција очекувате од Македонија?

- Останува да видиме, има уште многу нејасни околности. Мислам дека надлежните органи во Бугарија прво треба да одговорат на некои прашања.. “-Илијана Јотова – претседател на Бугарија.

Случајот Ива Михаилова предизвика и политички реакции во земјава. Демократскиот сојуз бара итна истрага и одговорност кој се и помогнал да излезе од Македонија, но да се испита и учеството на нејзиниот адвокат од Бугарија Николај Димитров.

„ Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници. Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани. “-Демократски сојуз.

Следното рочиште за Ива Михаилова во кочанскиот суд е закажано за 9 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер