Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа, вели Мицкоски - Канал 5

Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека осудува секаков вид говор на омраза, вклучително и оној на етничка основа. 

Осудувам секаков говор на омраза, вклучително и по етничка основа, вели Мицкоски

Смета дека никој не треба да користи таков говор и оти од државните институции ќе побара најстроги санкции за оние што ќе навредуваат по етничка основа.

- Во врска со какви било националистички испади, дали се тоа навивачки групи или што било друго, апсолутно ги осудувам. Апсолутно. И тука не треба да имате дилема, без разлика дали тоа доаѓа од една навивачка група кон друга или од друга кон трета или од трета кон четврта, од една етничка припадност кон друга и од друга кон трета и така натаму. Апсолутно не можам да прифатам навредување врз основа на етничка припадност и јас тоа како човек сум го кажал и ќе продолжам да работам на негово спречување - рече Мицкоски во одговор на пратеничко прашање на пратеникот Ријад Шакири.

Премиерот апелира до сите граѓани во државата тоа да не го прават, а како што нагласи, од органите на државата ќе бара најстроги казни за оние што тоа ќе го направат, без разлика, дали тие испади ќе бидат на натпревар „Вардар“ - „Башкими“, од навивачката група „Комити“ кон етничката припадност на најголемиот дел од играчите во фудбалскиот клуб „Башкими“... - тоа, потенцира Мицкоски, е недозволиво.

Вели дека тој како пратеник би дал добар пример ако на реверот на својот костим има значка не само со албанско знаме, туку и со македонско.

- Да речеме, јас денеска би дошол со значка на која би ги имал двете знамиња, да речеме, не само албанското, туку и македонското. И тоа ќе е силна порака, но вие таа можност сте ја испуштиле. Сте дошле само со една значка, а тоа е албанската. Вие сте пратеник во македонскиот парламент и плата добивате од буџетот што го полнат сите граѓани на Македонија, без разлика на етничката припадност. Затоа можеби добра порака ќе беше ако дојдевте со таква значка, но, вие таа можност ја пропуштивте - рече премиерот Мицкоски.

Додаде дека како Влада направиле многу работи за да ги релаксираат меѓуетничките односи во државата.

- Тоа и се случува. Морам да признам овде пред вашите колеги пратеници дека кога бевте во коалиција со нас, од ваша страна добивавме комплименти и пофалби дека тоа сме го направиле. Но, сега сте опозиција и мислите дека со ваков тип на пораки ќе добиете политички поени. Господине Ријад Шакири, за мене е изненадувачки бидејќи за вас сум имал високо мислење, сум мислел дека сте ги надминале тие етнички прегратки и мислев дека навистина пошироко ги гледате работите. Се надевам дека ова што денеска го кажавте не го мислите и се надевам дека сте космополит човек во душата имајќи предвид дека многупати сме разговарале лично и сум добил поинаков вчечаток. Се надевам дека следниот пат кога ќе поставувате прашање или кога ќе дојдете на работа во македонскиот парламент, на значката, покрај албанското знаме, кое е етничко знаме на народот на кој му припаѓате, ќе го има и македонското бидејќи од оваа држава добивате плата - истакна Мицкоски.

Пратеникот Шакири истакна дека е факт оти го носи својот национален симбол. - Ова ми го даде премиерот на Албанија, кога вие ќе ми донесете значка со знамето на Македонија, на идната седница ќе го носам и тоа - рече Шакири. По ова, нему му беше дадена значка со македонското знаме, која тој ја стави до значката со албанското знаме.

Во врска со прашањето за безбедноста и функционирањето на „Безбеден град“, што беше дел од прашањето на Шакири до премиерот, Мицкоски истакна дека тој проект го правеле неколку влади, но оти бил постојано одложуван.

- Пред некој ден првпат имаме случај во кој, барем онаму каде што покриваат камерите, не е забележано поминување на црвено светло. Ова првпат се случува. Цел ден никој не поминал на црвено светло - рече Мицкоски.

Додаде дека во Куманово дневно има приближно осум до 10 сообраќајни прекршоци дневно, како и во Тетово.

- Генерално, најголемиот број, некаде меѓу 300 и 400 прекршоци, се на територијата на градот Скопјe, во делот покриен со камери и на коридорите 8 и 10, оној дел од автопатите што се покриени со камери, така што дневно, би рекол, може да заокружиме 500-600 сообраќајни прекршоци од разна природа, зголемена брзина над дозволената, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и така натаму, рече премиерот.

Исто така, додаде Мицкоски, во текот на овој месец ниту едно лице не настрадало во сообраќајна несреќа, што, според него, се должи и на воспоставувањето на системот „безбеден град“.

- Во февруари немаме лице кое загинало како резултат на сообраќајна несреќа. Сообраќајните несреќи се намалија за 50 проценти... Значи, придобивките сега се такви и тоа се бројки и факти пред кои, велат и боговите молчат, истакна премиерот Мицкоски од собраниската говорница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер