Осуда и повици за брза истрага по обидот за опожарување на синагогата во Скопје - Канал 5

Осуда и повици за брза истрага по обидот за опожарување на синагогата во Скопје

Обидот за опожарување на синагогата во Скопје ги обедини верските лидери од земјава, кои излегоа со заедничка осуда за инцидентот.

Осуда и повици за брза истрага по обидот за опожарување на синагогата во Скопје

На заедничка прес-конференција изразија солидарност со еврејската заедница, порачувајќи дека надворешните геополитички тензии не смеат да се прелеат во Македонија. Директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Оливера Трајковска, оцени дека станува збор за сериозен удар врз мирот и стабилноста на соживотот, упатувајќи повик за одговорност и заемна почит

-Непочитувањето на светињата на другиот е и непочитување на сопствената светиња. Затоа во духот на заеднишнтвото, меѓурелигиската соработка и взаемното разбирање упатуваме повик до сите граѓани да покажеме одговорност, разум и доблест и да останеме чувари на соживотот,- Оливера Трајковска – претседателка на Комисијата за односи со верските заедници.

Еврејската заедница останува смирена и обединета, со верба дека институциите ќе го расчистат случајот – порача претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви. Тој посочи и на можни повици за насилство од екстремистички структури, но нагласи дека верските заедници во земјава остануваат цврсти и не подлегнуваат на притисоци.

-Важно ни е да се фатат сторителите, меѓутоа мислам дека не е есенцијално. Есенцијално е да извлечеме поука од сето ова. Ова е екцес кој не се случил од 43та година. Искрено се надевам дека нема да дозволиме надворешните влијанија да се прелијат во нашата Македонија, каде живееме во мир,- Пепо Леви – претседател на Еврејската заедница во Македонија.

Од Исламската верска заедница порачаа дека ваквиот чин не произлегува од ниту една религија во земјава.

-Вакви елементи не потекнуваат од ниедна религија во Македонија , а кои се тие што се тие убаво речено нашите институции кои се одговорни треба да внимаваат и да ги најдат сторителите,- Шаќир еф. Фетаи – поглавар на Исламската верска заедница.

Инцидентот се случи во неделата околу 5 часот наутро. Според снимките од безбедносните камери, две лица ја прескокнале оградата од дворот на објектот на еврејската заедница и синагогата „Бет Јаков“, при што едното чувало стража, а другото истурило бензин и фрлило запалена бакља, предизвикувајќи пожар.

МВР сè уште трага по сторителите, а од местото се обезбедени траги и снимки од системот „Безбеден град“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. 

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

„Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник.

Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД.

Уапсен маж

Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството.

Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг.

Нацистичка историја

Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден.

Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 26. октомври до 2. ноември 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 26. октомври до 2. ноември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 26. октомври до 2. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи.

Кариера

Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример.

Здравје и совет

Најдете си ја вистинската мерка во животот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво.

Кариера

Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат.

Здравје и совет

Задржете некои работи за себе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се.

Кариера

Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно.

Кариера

Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни.

Здравје и совет

Добро би ви дошло да повежбате .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат.

Кариера

Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес.

Здравје и совет

Опуштете се со добра музика.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов.

Кариера

Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања.

Здравје и совет

Престојувајте во природа за да се освежите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор.

Кариера

Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза.

Здравје и совет

Вежбајте техники за релаксирање.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе.

Кариера

Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа.

Здравје и совет

Прифатете ги луѓето околу вас.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите.

Кариера

Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место.

Здравје и совет

Бидете свесни за себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро.

Кариера

Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни.

Здравје и совет

Вежбајте ја концентрацијата.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа.

Кариера

Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување.

Кариера

Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На улиците на Белград се појавија блиндирани полициски возила за растурање толпи (ВИДЕО)

Припадници на жандармеријата со автобуси влегоа во српскиот Парламент и зградите на Стариот дворец во Белград.

На улиците на Белград се појавија блиндирани полициски возила за растурање толпи (ВИДЕО)

Полициското присуство е зголемено низ целиот центар на градот, а специјални сили се распоредени пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК).

Возилата што се користат за разбивање на протестите беа снимени во центарот на Белград, додека колона полициски комбиња беше забележана на автопатот, објави Излаз.

Зголемените безбедносни мерки доаѓаат на денот на предвремените парламентарни избори во Србија. 6.451.292 гласачи имаат право на глас, а гласањето се одвива на 8.392 избирачки места, кои се отворени од 7 до 20 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер