Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
2Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
3 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите
Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
2Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
МакедонијаОстра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИШто значи терминот „Илирија“ на македонски јазик, за главниот градски булевар да го носи тоа име, исто како и плоштадот? Кое е значењето на овој збор?Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи Тетово будно ги следи сите изјави, реакции и настани од денот на укинување на неуставната и незаконска одлука за промена на имиња на улици во Тетово донесена од Советот на Општина Тетово во 2007 година. Во отсуство на соодветни реакции од страна на државните институции и македонските политички партии со ова соопштение до јавноста сакаме да упатиме остра реакција, јавна осуда и да изразиме револт од предлогот за промена на имиња на улици поднесен до Општина Тетово од страна на политичката партија ДУИ под број 08-8681/1 на ден 08.07.2026. Замолуваме внимателно да го прочитате секој збор подолу. Сите да знаат дека 2026 година не е 2007 година. Револтот од сегашноста го надмина стравот од минатото кај граѓаните на Тетово, па денес никој нема да молчи. Ниту еден обид за историски ревизонизам, за оживување на поразените сили, за рехабилитирање на поединци дел од антидржавни проекти, движења и организации од било кој историски период, за промовирање на фашизмот и балистичките фашисти, за истакнување на терористи, озогласени злосторници кои кренале рака на народот и државата нема да помине. Исто така, во унитарната Македонија, каде рамноправно живее македонскиот народ со граѓаните од албанска, српска, турска, ромска, босанска и друга припадност, притоа градејќи ја македонската нација во современа, демократска и суверена држава, именувањето на улици во градот Тетово, со име на поединци со заслуги кои не се врзани со македонската нација, немаат универзално значење, туку се тесно врзани со историјата и општествените текови (или само со нивното еднострано толкување) на други држави и региони како Албанија, Косово и слично, не е прифатливо. Секој треба да знае дека во државата Македонија секој формален и неформален гест, секое именување на инфраструктурен објект мора да се гради низ официјалниот македонски историски наратив, а не истиот да се стави во сенка на нечии романтичарски, политички или популистички желби. Ова е држава со свој уставно-правен поредок и историско-правен развој, а не мегдан за лечење на фрустрации, на начин кој не е дозволен никаде, во ниту една држава во светот. Денес јавно, јасно и гласно ги поставуваме следниве прашања: Што значи терминот „Илирија“ на македонски јазик, за главниот градски булевар да го носи тоа име, исто како и плоштадот? Кое е значењето на овој збор? Која е оправданоста протагонистот на призренската лига Абдул Фрашери, без никаква поврзаност со Тетово, ниту со Македонија, да го замени името на славниот тетовски партизан Радован Цониќ, кој на 27 април 1943 во својата младост загинал во Ново Село во борби против фашистите – балисти, борејќи се за слобода на градот Тетово и на татковината Македонија? Со кое право би се избришало името на народниот херој Иво Лола Рибар симболот за младешкиот отпор низ сите земји на светската антифашистичка коалиција, човекот кој загинал на 27 години за слобода, за да се стави името „Дашморет е комбит“ (непреведено, а напишано на кирилица во одлуката од 2007 год.), кое нема никакво значење, а во превод значи „жртви од војната“, а не се знае, иако се претпоставува кој со ова треба да се прикаже како жртва? Предложувањето улица да носи име на Мехметриза Муртезани Гега или на Абдула Калишта, е само јавно поддржување на сепаратизам, иредентизам и тероризам. Тој човек е само некој кој дејствувал против државните обележја и институции, а за сметка на обележја на други земји, без никаква заслуга за градот, народот и државата. Настаните од 1968 година се јасно претставени во историјата, па на овој начин се оди на нејзино ревидирање и рекомпонирање. Предлогот оџите Махмуд Аслани, Реџеп Вока, Али Ефенди Метешеху, Хаџи Бари Ганија да добијат улица во Тетово е дел од тенденцијата за промовирање на нова исламизација. Предложените немаат општествени заслуги, туку само труд во религиското делување. Каде е името на Св. Кирил Тетоец – првиот канонизиран христијански светител од Тетово, каде е името на историски значајниот Митрополит Кирил, имињата на славните лешочки игумени? Еднострано наметнување на исламски дејци е тенденциозно. Предложувањето улица да носи име „Чемерија“ е дел од долгогодишниот сон за т.н. „Голема Албанија“. Чемерија е термин употребуван од албанците за територијата во Грција за која сметаат дека треба да биде обединета во големата албанска држава. Зошто во Тетово било која улица би се викала „Чемерија“ и каква врска имаме ние со тоа? Во таа насока е и предлогот улица да носи име ЛПК по името на политичката организација од Косово, од која е создадена терористичката УЧК, чие делување нема никаква логика да биде славено во Тетово и низ Македонија, а само говори исто така за сецесионистичките аспирации на големоалбанските националисти. Се предложува и името на милитантот Иса Болетини албански борец од Косово, кој нема заслуги за градот Тетово, ниту на било каков начин е поврзан со Македонија. Истото важи и за Авни Рустеми, милитант и активист од Албанија, или за предложениот Шех Мустафа активист на призренската големоалбанска лига. Предложувањето на Џафер Сулејмани фашистичкиот градоначалник од времето на окупацијата за време на Втората светска војна е срамен чин. Човекот кој го водел градот во време на окупација не смее да добие таква чест. Тој е симбол на укинатата слобода и на сите ѕверства што тогашната управа на градот ги дозволила на недолжното цивилно население. Каде се имињата на градоначалниците од сите етникуми по ослободувањето како Илија Стојчевски, Иса Селмани, но и оние кои го одбележале периодот на галопирачки развој на градот како Кочо Тулески? Неприфатливо е именувањето на улица и со името на Јусуф Реџепи, фашистички италијански шпион и балистички подофицир, кој по ослободувањето добил втора шанса од државата, а никогаш не и возвратил со лојалност. Истото важи и предложувањето на името на сепаратистот и активистот за поделба на Македонија и формирање на т.н. „Голема Албанија“ Шереф Казази, осуден криминалец. Брутална навреда кон колективната меморија е предложувањето улица да носи име на терористот на ОВК Мујдин Алиу, по чие име подоцна беше именувана најкрволочната бригада на терористичката УЧК која ги изврши ѕверствата во Карпалак, Вејце и на други места врз припадниците на безбедносните сили на Македонија, хероите бранители и недолжното цивилно население. Дрзок е предлагачот кога исто така го предлага името на Александар III Македонски, но именуван како Leka I Madh, термин измислен од големоалбанската матрица за присвојување на македонското античко наследство и промовирање на неточни тези за негово илирско потекло и родено име Лека. Во срамниот предлог е вклучено и името Фадил Сулејмани, кој го предводел незаконски основаниот т.н. Тетовски универзитет надвор од законската рамка, па во целосна илегала и злоупотребувајќи ја положбата успеал за 4 месеци на својот син да му издаде факултетска диплома. Тука се надоврзува и името на Абдулселам Емини со еднаков општествен придонес и релевантност како и Сулејмани. Предложеното име на признатиот фармацевт од САД Ферид Мурат нема никаква врска со градот Тетово. Неговиот татко е по потекло од Гостивар. Истото важи и за лингвистот Екрем Чабеј или предложениот актер Беким Фехмиу, историчарот Марин Барлети, албанологот Едит Дурам, поранешниот премиер на Албанија Исмаил Ќемали кои немаат никаква врска со Тетово, ниту со било кој град од Македонија. По целосното разобличување, упатуваме порака до Владата и до советниците во Советот на Општина Тетово, да покажат дестоинство и интегритет, да отфрлат секаков предлог кој само значи легализирање на големоалбанскиот национализам, сепаратизам и бализам. Македонската нација изобилува со личности како Македонци, така и со потекло од другите етнички заедници кои се гордост за нашата земја. Нив сите заедно треба да ги славиме. Историјата го запишала нивното име на светлите страници. Не се потребни манипулации и политички процеси за менување на историјата. Мора секој да разбере дека место за подведување на јавниот интерес под партискиот, етничкиот и личниот веќе не смее да има. Да живее слободата, братството и единството. Смрт на фашизмот – слобода на народот! Сојуз на борци Тагови: Сојуз на борци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаШто гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert. Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот. Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта. Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата. На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови. Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал. Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја. Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи. Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид. Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола. Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив. Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.Тагови: научниците смртта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаКарикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра. Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата. Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години. Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“. Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување. Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.Тагови: карикатура Мароко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЕвропаТелефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен. Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните. Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews. Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.Тагови: телефоните софтвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter