Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
1Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
ЖивотОсрамотениот принц Ендру е снимен со голема модринка на лицето (ФОТО)Поранешниот принц Ендру вчера беше фотографиран зад воланот во близина на неговиот нов дом на имотот Сандрингам, со голема модринка на десната страна од лицето што привлече внимание.Иако не е познато како ја добил повредата, се вели дека нема причина за загриженост, објавува Скај њуз. Истрагата може да трае повеќе од една година Новите фотографии се појавија откако британските власти потврдуваат дека истрагите против Ендру Маунтбатен-Виндзор и лорд Питер Манделсон, кои се однесуваат на нивните врски со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, би можеле да траат подолго од една година, пишуваат странските медиуми. Двајцата беа уапсени во февруари под сомнение за злоупотреба на положбата и овластувањата, но беа ослободени со кауција додека истрагата продолжува. И Ендру и Манделсон ги негираат обвинувањата. За потсетување, Министерството за правда на САД објави фотографија од Ендру Маунтбатен-Виндзор, лорд Питер Манделсон и Џефри Епштајн заедно во март. Тоа е првата позната фотографија од тројцата, а не беа споменати ниту времето ниту местото на нивното создавање. На фотографијата се гледа тројката како седи на дрвена маса на тераса, со шолји украсени со американското знаме пред нив. Според ITV News, фотографијата е направена на американскиот остров Мартас Вињард помеѓу 1999 и 2000 година, пред Епштајн да биде осуден на 13 месеци затвор и регистриран како сексуален престапник. Во документите не е наведено дека нивното појавување на фотографијата укажува на каква било нелегална активност. Сепак, објавувањето на фотографијата повторно го привлече вниманието кон врските што Ендру и Манделсон ги имале со Епштајн. Ендру: Титулите одземени и нова истрага Маунтбатен-Виндзор постојано негираше каква било вина поврзана со Епштајн. Тој беше обвинет за сексуален однос со Вирџинија Џуфре кога таа била тинејџерка, но граѓанската тужба беше решена со спогодба за признавање на вина. Тој тврдеше дека првпат го запознал Епштајн во 1999 година преку Гислен Максвел, неговата долгогодишна соработничка, која ја познавал уште од студентските денови. Неговите врски со покојниот финансиер доведоа до тоа да му бидат одземени кралските титули, а кон средината на февруари беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службената должност. Пред тоа, полицијата започна истрага за наводите дека тој му предал класифицирани информации на Епштајн додека бил специјален претставник на Велика Британија за трговија помеѓу 2001 и 2011 година. Порано оваа година беа објавени други фотографии од американски документи на кои се гледа како Ендру клечи над жена што лежи на подот, но и во тој случај тој негираше каква било одговорност. Манделсон: Е-пошта, фотографии и сомневања за дојавување Манделсон, исто така, постојано повторуваше дека не сторил никакво кривично дело. Тој долго време тврдеше дека им верувал на објаснувањата што му ги дале Епштајн и неговите адвокати и дека ја дознал целата вистина за неговите активности дури по смртта на Епштајн во 2019 година. Неговите врски со Епштајн доведоа до негово разрешување од функцијата британски амбасадор во САД. Во досиејата на Епштајн беа пронајдени поддржувачки е-пораки испратени до него додека финансиерот се соочуваше со обвиненија за сексуално вознемирување во 2008 година. Министерството за правда на САД, исто така, објави фотографии од Манделсон во долна облека. Лондонската полиција, исто така, започна истрага за наводите дека Манделсон, додека бил министер во британската влада, му пренесувал на Епштајн владини информации чувствителни на пазарот. Според Би-Би-Си, неговиот став е дека не сторил никакво кривично дело, ниту бил мотивиран од лична финансиска корист. Обвинител: Никој не треба да очекува брзо решение Главниот обвинител Стивен Паркинсон рече дека никој не треба да очекува брзо завршување на случајот. „Навистина не мислам дека некој треба да очекува брзо решение. Воопшто не би било изненадувачки ако траеше повеќе од една година, не поради недостаток на итност, туку поради самата сложеност. Постои и меѓународна димензија како дополнителен фактор што треба да се земе предвид“, рече Паркинсон. Тој додаде дека во вакви случаи, доказите често се добиваат преку сложени меѓународни процедури во кои може да бидат вклучени странски судови, што дополнително го забавува процесот. Тој нагласи дека истрагата ја води полицијата, додека државното обвинителство дава правни совети за време на постапката. Објавени се нови документи за Манделсон Новите информации доаѓаат по објавувањето на втор сет документи поврзани со назначувањето на Манделсон за британски амбасадор во САД. Документите повторно ја отворија дебатата за неговите врски со Епштајн и безбедносните дозволи што му претходеа на назначувањето. Ендру неодамна се пресели Ендру се пресели во Марш Фарм на имотот Сандрингам во февруари, откако ја напушти својата долгогодишна резиденција Ројал Лоџ. Фотографиите од него со модринка привлекоа дополнително внимание на јавноста додека истрагата против него продолжува.Тагови: Принцот Ендру Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаМисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризиМисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска се обрати на настанот „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Македонија и националниот хуманитарен систем“, на покана на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, д-р Беким Сали. Во своето обраќање пред присутните, министерот Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“, при што ги истакна клучните столбови за заштита од денешните современи кризи, нагласувајќи дека воените конфликти, климатските промени, природните катастрофи, хибридните и сајбер-заканите не познаваат граници и ги надминуваат капацитетите на поединечните институции. „Современиот концепт на национална отпорност подразбира покрај способноста да одговориме на кризите, истите навремено да ги предвидиме со цел да ги намалиме последиците и што побрзо да го вратиме нормалното функционирање на општеството. Подготвеноста не започнува во моментот кога ќе се појави кризата, туку се гради многу порано преку заедничко планирање, развој на капацитетите и меѓусебна доверба“, истакна Мисајловски, потсетувајќи на мислата на американскиот претседател Џон Кенеди „Времето да се поправи покривот е додека сонцето сјае“. Осврнувајќи се на улогата на Министерството за одбрана и Армијата во националниот систем за справување со кризи, Мисајловски посочи дека македонската Армија покрај својата примарна мисија, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, претставува витален капацитет за поддршка на цивилните институции. Тој нагласи дека, поддршката, е клучот во справувањето со непогодите и кризните состојби, бидејќи ниту една институција не може да дејствува изолирано, и токму затоа е неопходна координацијата и со Црвениот крст, граѓанскиот сектор и волонтерските друштва. Во тој контекст министерот Мисајловски додаде дека системот на солидарност и помош на земјите сојузнички во рамки на Алијансата, за нашата држава претставува дополнителна гаранција и поддршка за градење отпорно општество и побрз одговор при големи катастрофи. Како потврда за оваа двонасочна солидарност беа посочени македонските армиски тимови кои помагаа по разорниот земјотрес во Турција и поплавите во Словенија, но и итната сојузничка помош за време на трагедијата во Кочани преку поддршката со медицинска евакуација, опрема и лекување на повредените, како и преку ангажирањето на 10 воздушни тимови за гаснење на пожарите во 2024 година. Мисајловски на крајот додаде дека, градењето национална отпорност е континуиран процес во кој секој сектор има своја одговорност, а преку зајакнување на партнерството меѓу државните институции, Црвениот крст и граѓанскиот сектор се создава поефикасен и поодржлив систем за заштита на граѓаните.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаКонески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарнитеНула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги.Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат. Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги. Почитувани, Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28