Осомничениот за убиството во Охрид доби 30 дневен притвор - Канал 5

Осомничениот за убиството во Охрид доби 30 дневен притвор

Педесет и три годишниот Жарко Грозданоски кој е осомничен за убиството во Охрид доби 30 дневен притвор... 

Осомничениот за убиството во Охрид доби 30 дневен притвор

Педесет и тригодишниот Жарко Грозданоски од Брвеница кој е осомничен за свирепо убиство на охриѓанецот Климе Митревски во неговиот дом поради користољубие, е зад решетки, откако судот го прифати барањето на Обвинителството - тој да биде во притвор поради можност од бегство и влијание на сведоци или уништување на докази. Ова за Канал 5 го потврди Претседателот на судот Бојан Мартиноски кој посочи дека по судската одлука за 30 дневен притвор осомничениот е пренесен во охридскиот затвор.

„Јавното обвинителство го сомничи за кривичното дело „убиство, став 2, тоа е квалифицираниот облик „од користољубие“ за кое што е пропишана казна од најмалку 10 години до доживотен затвор. Јавниот обвинител покрај искажаното сомнение за ова кривично дело побарал и изрекување на мерка – притвор против осомничениот по основ, бегство и влијание врз натамошната истрага. Судијата на претходна постапка оценил дека против лицето има основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“ од став 2, а утврдил дека основан е и претдлогот за определување на мерка притвор по двата претходно споменати става по што лицето е спроведено во КПУ Затвор Охрид, поради спроведување на мерката.“

Мерката притвор следи по објавата на Обвинителството дека и официјално отвора истрага за утврдување на фактите поради основано сомнение дека Грозданоски „со голи раце“ го убил Митревски. Според образложението наведено од Обвинителството, пред неколку дена тој дошол во куќата на Климе Митревски и по кавга бидејќи седумдесет и шетгодишникот имал намера да го раскине договорот за доживотна издршка и да не му остави голем имот на сега осомничениот, Грозданоски од зад грб го нападнал, го совладал на подот и со едната рака го удирал по глава, додека со другата му ги држел устата и носот за да го задуши, а откако успеал во намерата го напуштил местото. За ова обвинителството вели дека има и снимки.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се огласи синот на осомничениот со обвинување дека татко му е предвреме осудуван, како и дека како медицинско лице, техничар во одделот за анестезија и интензивна нега во државната Клиника спасувал животи.

„Чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот татко, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија. За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што им ја пружил и животите кои ги спасил.“ пишува неговиот син.

Грозданоски е еден од лидерите на движењето „Христијанско братство“ со седиште во Брвеница, формирано во 2015 година. Негови членови учествуваа во протестите што кулминираа со упадот во собранието на 27 април во 2017 година. На неговиот фејсбук профил се претставува како магистер на медицински науки и автор на книгата „Одмазда“ – трилер кој говори за темнината на човековото срце.

Тој им бил познат на органите на прогонот и претходно. Во 2012 година тетовскиот Основен суд постапувал по обвинение против него за оштетување туѓи предмети, навреда и загрозување на сигурноста, а во 2019 година поднесена е кривична пријава за говор на омраза насочен кон тогашниот премиер Зоран Заев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Двете јавни претпријатија Македонски железници транспорт и Mакедонски железници инфраструктура ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. 

Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи

Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки.

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување.

Како министерство апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи.

Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка

Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка.

Димитријевиќ: Наместо оставка, Славески го заташкува скандалот со Алта банка

Наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка по скандалот со Алта банка, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, носи нови штетни одлуки со кои го заташкува скандалот со Алта банка, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитиријевиќ на денешната прес-конференција.

Димитријевиќ посочи дека привремениот администратор на Алта банка, Илија Андоновски, е директно поврзан со претходниот процес на одобрување на влезот на банката во Македонија, тој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката.

„Од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање. Ова е класичен конфликт на интерес. Не може човек што бил дел од процесот за одобрување на Алта банка да влезе во Македонија сега да биде на оваа позиција. Андоновски е директна пречка во проверка на претходното постапување на Народна банка со одобрување на влезот на Алта банка. Или улогата е да се ибришат докази и да се заташка случајот? Да се спасат сите од одговорност?“, рече Димитријевиќ.

Тој потсети дека СДСМ предупреди уште пред 11 месеци дека се работи за про-режимска банка создадена од криминалните кланови на претходниот режим во Србија и наместо да постапи одговорно, Славески ги отфрлаше предупредувањата и уверуваше дека сè е во ред.

“Славески бараше да не тужат, па потоа велеше дека се е во ред. За денеска луѓето да не можат да дојдат до своите пари. Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек“, рече Димитријевиќ.

YouTube video

Димитријевиќ: Свиркачи јавуваат, власта врши притисок врз странска банка за купувач на Алта банка

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција предупреди дека свиркачи од Народната банка алармираат дека власта врши притисок врз потенцијални купувачи на Алта банка, при што им се нудат идни привилегии. Димитријевиќ посочи дека наместо транспарентна постапка и расчистување на скандалот, власта на Мицкоски се обидува да влијае врз процесот на продажба на банката, со што се отвораат нови сомнежи за задкулисни договори и политички притисоци.

„Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот? Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек. Имаме информации од свиркачи во НБРМ дека се врши притисок врз некои потенцијални купувачи, на кои им се нудат идни привилегии од страна на власта“, рече Димитријевиќ.

Димитријевиќ посочи дека е недозволиво да се повтори истата грешка како при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола и го отвори прашањето дали зад овие притисоци стои лично премиерот Мицкоски.

„Предупредуваме да не се прави истата грешка како српскиот купувач при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола. Јавно прашуваме дали Мицкоски врши притисок врз една странска банка? Какви врски има таа банка со неговите финансиери на лобистички услуги и дали постојат уште некои врски со државниот врв на земјата од која доаѓа? Доколку Мицкоски и гувернерот Славески не дадат одговори на овие прашања веднаш, очекуваме обвинителството да се огласи.Обвинителството мора да реагира веднаш“, рече Димитријевиќ.


СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Боб Дилан се сретна со папата Лав: Разменија подароци и разговараа во срдечна атмосфера

Папата Лав го прими американскиот кантаутор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, во Апостолската палата во Ватикан.

Боб Дилан се сретна со папата Лав: Разменија подароци и разговараа во срдечна атмосфера

Папата Лав го прими американскиот кантаавтор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан – чии стихови претходно ги цитираше говорејќи за опасностите од нуклеарното оружје – во Апостолската палата во Ватикан.

Според „Ватикан њуз“ (Vatican News), средбата била кратка и се одвивала во опуштена атмосфера.

По поздравите и разговорот, Папата му подари бројаница на Дилан, додека американскиот музичар возврати со примерок од својата автобиографија, „Хроники: Том први“ (Chronicles: Volume One).

Дилан пристигна во Ватикан облечен во црн дуксер со капуљача.

Дилан моментално се наоѓа во Рим, каде што утре ќе одржи концерт во „Палацо дело Спорт“ (Palazzo dello Sport), како дел од есенскиот дел на неговата турнеја „Rough and Rowdy Ways“. Предвидени се настапи и во Милано и Болоња, при што на присутните строго им е забрането да снимаат со мобилни телефони.

Во јули, папата Франциск цитираше стихови од Дилан во предговорот на книгата „Разоружани и разоружувачки: Мирот е дар“ (Disarmed and Disarming: Peace Is a Gift). Изданието е објавено од Издавачката куќа на Ватикан (LEV), а уредник е новинарот Алесандро Банфи.

Во предговорот, Папата издвои стихови од песната на Дилан „Go Away You Bomb“ („Оди си, бомбо“), во која бомбата е опишана како производ на човечки раце. Тој ги искористи овие стихови за да предупреди на глобалната трка во вооружување и заканата што ја претставуваат нуклеарното оружје.

Дилан ја напишал песната во 1963 година, во период на големи тензии за време на Студената војна. Таа никогаш не била официјално снимена или објавена на некој албум, а оригиналниот ракопис стана познат за јавноста дури во 2013 година.

Ова не е прва средба на познатиот музичар со поглаварот на Католичката црква. Во 1997 година, Дилан настапи на 23-тиот Национален евхаристиски конгрес во Болоња, пред папата Јован Павле II и околу 300.000 млади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер