Осомничениот за убиството на рускиот генерал Москалик тврди дека бил платен од Украина - Канал 5

Осомничениот за убиството на рускиот генерал Москалик тврди дека бил платен од Украина

Руските власти денеска соопштија дека осомничениот за убиството на рускиот генерал во Москва, Игнат Кузин признал дека го платила украинската безбедносна служба. Кузин призна вина по обвиненијата за тероризам.

Осомничениот за убиството на рускиот генерал Москалик тврди дека бил платен од Украина

Рускиот истражен комитет соопшти дека Кузин призна дека бил платен да го елиминира генерал-потполковникот Јарослав Москалик.

Заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руската армија, Москалик загина на 25 април во Москва откако во неговиот автомобил беше поставена бомба.

Украинските власти сè уште не го коментираа нападот.

Средба на Ангеловска-Бежоска и директорката Суперти

СЕПА е историски исчекор, сега банките треба да се подготват.

Средба на Ангеловска-Бежоска и директорката Суперти

„Пристапувањето кон СЕПА претставува историски напредок на патот кон Европската Унија и потврда за реформите коишто ги предводеше Народната банка за исполнување на високите европски регулативни барања и стандарди во доменот на плаќањата. Народната банка и натаму посветено ќе работи на одржувањето на макроекономската стабилност, како и на надминувањето на предизвиците во сите области на делување заради овозможување усогласеност со европските стандарди.“ Ова беше посочено на состанокот меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, на кој присуствуваше и Зулфи Исмаили, амбасадор и шеф на Мисијата при ЕУ.

На состанокот се зборуваше и за натамошните активности во доменот на пристапувањето кон СЕПА со што им се овозможува на нашите банки, и покрај тоа што не сме членка на ЕУ, да пристапат до европските платежни системи. Сепак, за користење на придобивките од СЕПА треба да се надминат и сегашните предизвици. Притоа, гувернерката посочи дека централната банка заедно со банкарскиот сектор посветено работи на обезбедување целосна подготвеност за интегрирање во СЕПА до октомври 2025 година, што е првиот можен датум за влез на банките од земјите од Западен Балкан. Во соработка со меѓународните партнери, централната банка и натаму ќе го поттикнува и ќе го олеснува овој премин, обезбедувајќи техничка поддршка и регулаторен надзор за непречен и ефикасен процес на интеграција на банките.

На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска ја запозна директорката Суперти со последните макроекономски показатели коишто упатуваат на зајакната макроекономска стабилност, како и зајакната стабилност на банкарскиот систем.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и директорката Суперти искажаа заемно задоволство од спроведувањето на проектните активности на Народната банка со поддршка од ЕУ за усогласување со највисоките европски стандарди и регулативи и изразија цврсти заложби за продлабочување на соработката.

ОАЕ ќе вложи 800 милиони долари во сириското пристаниште Тартус

Владата на Сирија потпиша меморандум за разбирање со државна компанија од Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) за инвестиција вредна 800 милиони долари во пристаништето Тартус.

ОАЕ ќе вложи 800 милиони долари во сириското пристаниште Тартус

Договорот за изградба и управување со повеќенаменскиот терминал во Тартус вклучува соработка во воспоставувањето индустриски и слободни трговски зони.

Сирија се обидува да привлече странски инвестиции со цел да ја зајакне уништената економијата од граѓанската војна. Договорот со ОАЕ уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп ги укина сите санкции против Сирија.

Истанбул: Денеска ќе има тројни средби на претставници на САД и Турција со Украинците и Русите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа испрати украинска делегација во Истанбул на преговори со Русите, предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров.

Истанбул: Денеска ќе има тројни средби на претставници на САД и Турција со Украинците и Русите

Во Истанбул денеска треба да се одржат тројни средби на претставници на Турците, Американците и Русите од една страна, како и на Турците, Американците и Украинците од друга страна, јавија синоќа извори блиски до турското Министерство за надворешни работи.

„Уште една рунда состаноци ќе се одржи утре во различни формати. На дневен ред се трипартитни преговори на САД, Украина и Турција, како и Русија, Украина и Турција. Не е сигурно дали состанокот ќе се одржи во четиристран формат (САД, Русија, Украина, Турција)“, додадоа истите извори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа испрати украинска делегација во Истанбул на преговори со Русите, предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров.

Меѓутоа, рускиот претседател Владимир Путин, кој ги предложи директните преговори меѓу Русија и Украина, не дојде и дури вчера објави дека руската делегација ќе ја предводи неговиот помошник Владимир Медински, што предизвика незадоволство и кај Украина и кај САД.

притисни ентер