Основана е нова автомобилска марка- ја раководат поранешни први луѓе на Јагуар, Бентли и Лотус - Канал 5

Основана е нова автомобилска марка- ја раководат поранешни први луѓе на Јагуар, Бентли и Лотус

Британската автомобилска сцена доби нов поттик - компанијата Perseus, која се претставува како врвен премиум производител на електрични возила.

Основана е нова автомобилска марка- ја раководат поранешни први луѓе на Јагуар, Бентли и Лотус

За разлика од повеќето нови брендови кои се појавија во последните години, Perseus не доаѓа од Кина, туку е создадена во Обединетото Кралство, објави Carmagazine.

Персеус собра импресивен тим на експерти составен од поранешни високи директори на реномирани британски брендови како Jaguar Land Rover, Bentley, Lotus и Ineos. Оваа комбинација на искуство и знаење дава кредибилитет на новата марка, која планира да го претстави своето прво возило до крајот на 2027 година.

Во согласност со актуелните пазарни трендови, првиот модел на Perseus ќе биде компактен SUV кој ќе користи електрична платформа од голема европска автомобилска групација, иако официјалните претставници се уште не открија за кој производител станува збор.

Италијанскиот дизајн и британската технологија како добитна комбинација

Интересно е што новиот британски бренд ќе соработува со италијански дизајнерски тим за да го создаде своето деби. Овој тим, покрај дизајнот, ќе биде одговорен и за значителен дел од процесот на развој на автомобилот. Комбинацијата на британскиот инженеринг и италијанскиот дизајн може да донесе освежување на заситениот пазар на електрични возила.

Персеус ветува дека нивниот автомобил ќе користи напредни системи за вештачка интелигенција кои, како што велат, „ќе го разгалат корисникот“. Иако не се откриени детали за оваа технологија, очигледно е дека фокусот ќе биде ставен на корисничкото искуство и интеракцијата на возачот со возилото.

Директна продажба без посредници како бизнис модел на иднината

Персеус планира да ја заобиколи традиционалната дилерска мрежа и наместо тоа да ги продава своите автомобили директно на клиентите преку Интернет. Овој бизнис модел, кој веќе е усвоен од некои производители како Tesla, овозможува подобра контрола врз цените и корисничкото искуство.

Иако треба да почекаме уште неколку години за да видиме дали Персеус ќе успее да се етаблира на исклучително конкурентниот пазар на електрични возила од премиум класата, тимот од искусни експерти и најавениот пристап секако се интересни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменските провладини сили поддржани од Саудиска Арабија велат дека го „обезбедиле“ теснецот Баб Ал-Мандаб на јужниот крај од Црвеното море, на почетокот на големата офанзива што ја презедоа против Хутите, поддржано од Иран.

Јеменската војска соопшти дека го „обезбедила“ водниот пат во Црвеното море

Јеменската војска, исто така, во соопштението наведе дека го освоиле градот мока на Црвеното море со помош на саудиските воздушни напади.но, во спротивставени извештаи, неименувани јеменски владини и воени извори за новинските агенции „Ројтерс“ и „АФП“ изјавија дека силите стигнале само до периферијата на градот.

Хутите рекоа дека го нападнале меѓународниот аеродром во Ријад и други локации, но не коментираа во врска со Мока.Саудиска Арабија ги осуди нападите и ги повтори повиците до постојаните членки на Советот за безбедност на ОН да ја поддржат владата на Јемен.

Владата на Јемен соопшти дека операциите започнале и на други фронтови вклучувајќи го и главниот град сана, кој падна во рацете на Хутите на почетокот на граѓанската војна пред 12 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на ФИБА Еврокупот. 

Европска кошаркарска вечер во Аеродром, МЗТ домаќинна Ираклис во ФИБА еврокупот

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го пречекувааат грчки Ираклис во рамките на FIBA Europe Cup, а пред натпреварот посетителите ги очекува богата забавна програма пред СЦ „Јане Сандански“.

Аеродром ќе биде во знакот на европската кошарка. МЗТ Скопје Аеродром пред својата публика го пречекува реномираниот грчки состав Ираклис, во првиот домашен натпревар од новата европска сезона во FIBA Europe Cup.

Европскиот дуел ќе биде повеќе од кошаркарски натпревар. Со почеток од 17:00 часот, на просторот пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организирана преднатпреварувачка фан-зона, со музика, храна, пијалоци и забавни активности за посетителите од сите генерации.

Во 19:00 часот фокусот се префрла на паркетот, каде МЗТ Скопје Аеродром ќе се соочи со Ираклис во европски натпревар кој носи посебна тежина за клубот, но и за цел Аеродром.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните, љубителите на кошарката и сите поддржувачи на МЗТ да бидат дел од европската кошаркарска вечер и со своето присуство да му дадат поддршка на клубот.

Аеродром е сино-бел. Аеродром е МЗТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

„Focus on the Road“- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road“, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија.

Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер