Основачот на Твитер донира милијарда долари за борба против коронавирусот - Канал 5

Основачот на Твитер донира милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на Твитер, Џек Дорси, дал 1 милијарда долари за борба против пандемијата на коронавирус.

Основачот на Твитер донира милијарда долари за борба против коронавирусот

Во серијата објави на Твитер, тој соопшти дека тој износ е 28 проценти од неговите средства. За да ја достигне таа сума, постепено ќе продава акции на својата друга компанија со седиште во Сквер специјализирана за дигитални плаќања.

„Кога се бориме против пандемијата, ќе пренасочиме пари кон здравствената заштита, образованието на децата и универзалниот приход“, додаде милијардерот, чие богатство „Форбс“ го проценува на 3,3 милијарди долари.

На овие две полиња, Џек Дорси гледа можно решение за „проблемите со кои се бори светот “.

Универзалниот приход го поттикнува зголемениот интерес на политичарите и претприемачите во време кога милиони луѓе ги загубија своите работни места како резултат на економската криза поврзана со коронавирусот.

„Тоа е генијална идеја што треба да биде испитана“, додаде тој.

Средствата ќе бидат доделени преку неговата почетна мала фондација на транспарентен начин. Планот за исплата, кој го објави на интернет, покажува дека првите 100.000 долари се наменети за „Фонд за храна на САД“.

„Важно е да се задржи транспарентно, така што другите и јас лично можеме да научиме од тоа“, напиша Дорси, кој им донираше една третина од своите акции на Твитер на вработените во 2016 година.

„Се надевам дека ќе ги инспирира другите. Животот е премногу краток, па ајде да сториме сé што можеме за да им помогнеме на луѓето“.

Џеф Безос, сопственик на Амазон и најбогат човек во светот, пред пет дена објави на Инстаграм дека дава 100 милиони долари на американските банки за храна.

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук и неговата сопруга Присила Чан донираа 25 милиони долари за да се најде лек против коронавирусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По речиси 50 години се решава деценискиот имотно-правен проблем на МЕПСО – ТС Дуброво

По речиси 50 години се решава деценискиот имотно-правен проблем на МЕПСО – ТС Дуброво конечно впишана во државна сопственост

По речиси 50 години се решава деценискиот имотно-правен проблем на МЕПСО – ТС Дуброво

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО, во државна сопственост. Со тоа се создаваат услови за сигурно одржување, модернизација и натамошен развој на една од клучните точки на преносната мрежа.

Министерството за енергетика и минерални суровини, во соработка со АД МЕПСО и надлежните институции, започна системско решавање на долгогодишните имотно-правни прашања поврзани со електроенергетските објекти, кои со години претставуваа пречка за целосно уредување на сопственоста и реализација на нови инвестиции.

ТС Дуброво е конкретен пример дека кога институциите работат координирано, проблеми што со децении биле нерешени можат конечно да се затворат.

По одлуката на Владата и носењето на решението за формирање Работна група за регулирање на имотно-правниот статус на 110 kV трафостаниците помеѓу АД МЕПСО и ЕВН АД. Врз основа на донесените одлуки, извршено е запишување на правото на сопственост над објектите на ТС Дуброво во корист на АД МЕПСО, во државна сопственост.

Со ова, трафостаницата изградена во 1977 година, по речиси 50 години, за првпат се евидентира со уреден сопственички статус во корист на МЕПСО.

Ова не е само административно уредување на документација. Уредената сопственост е основа за планирање и реализација на идни инвестиции, реконструкции и модернизација на преносната мрежа, особено на инфраструктурата која има стратешко значење за сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем.

Со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и ставањето на МЕПСО под надлежност на Министерството, воспоставен е нов модел на директна и редовна институционална координација со клучните субјекти во енергетскиот сектор.

По иницијатива на министерката Сања Божиновска, се воспоставија редовни координации со МЕПСО и другите институции и компании од секторот, со јасна цел – проблемите што со години стоеле отворени да се стават на маса и заеднички да се забрза нивното решавање.

Овој пристап значи промена од институционално постапување „секој во својот дел“ кон координирана работа околу конкретни проблеми и конкретни резултати – од уредување на имотно-правниот статус на електроенергетската инфраструктура, до реализација на капитални проекти, модернизација на преносната мрежа и зајакнување на сигурноста на електроенергетскиот систем.

Се решаваат и други децениски имотно-правни прашања

Во рамки на работата на групата се изработуваат геодетски елаборати со цел уредување и запишување на правата на недвижностите каде што тие досега не биле соодветно евидентирани.

Паралелно, се преземаат активности за уредување на имотно-правниот статус на ТС 110/20 kV Бунарџик, каде што е во тек подготовка на договор за отстапување без надоместок на ½ идеален дел од недвижниот имот на име на АД МЕПСО.

Уредувањето на овој имот ќе овозможи создавање на услови за реализација на новиот 110 kV далекувод ТС Бунарџик – ТС Миладиновци, значаен за стабилно и непрекинато снабдување со електрична енергија на железничката инфраструктура во Македонија.

Министерството продолжува со системско расчистување на имотно-правните прашања на електроенергетската инфраструктура, со јасна цел: она што со децении било нерешено да се уреди, за да може државата да инвестира, модернизира и да ја зајакнува преносната мрежа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Утринава од 10 часот, низ сите скопски општини  се одржува  голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.

Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

Во акцијата се вклучаени општините и градоначалниците, амбасади, ученици,спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје.

Градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека ќе се чисти на 50 локации, а во акцијата ќе бидат вклучени 30 000 луѓе. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност.

Градоначлникот предупреди дека во градот недостасува комунална полиција , и апелира до пратениците да го донесат законот за локална самоуправо. Зошто според него не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Во среда (23.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Лазаревска.

„Гответе со Дракче“ - Посна торта со мармалад

Состојки за денешниот рецепт:

(мерките се со шолји за млеко)

2 шолји брашно

1 шолја шеќер

1 шолја вода

половина шолја масло

4 големи лажици мармалад од сливи

една рака сецкани ореви

1 лажиче сода бикарбона

1 лажиче цимет

1 ќесичка ванилин шеќер

шеќер во прав по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер