Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми
2Плаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилеми
3Шасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помош
КултураОсмото издание на Skopje Design Week од 21 до 25 ноемвриSkopje Design Week или позната како Скопската недела на дизајн, оваа година ќе се одржи од 21. до 25. ноември, во Јавна Соба и Лукс, а земја во фокус е Германија.-Германија годинава ветува одлична содржина преку изложба на 12 врвни дизајн студија, отворени презентации на дизајнерите, посета на производни компании и соработка со производни компании од Македонија кои сакаат да настапат на германскиот пазар. Оваа година, на големо задоволство, во организацискиот дел активна улога зема и Делeгацијата на германското стопанство со канцеларија во Скопје, но поддршка даде и Германската Амбасада во Скопје, изјави Александар Велиновски, директор на Skopje Design Week. Главната компонента во програмскиот дел на Skopje Design Week ќе биде фокусирана кон она што значи да се биде дел од светскиот пазар, претставувајќи се на најголемот саем за мебел во светот ИММ Келн. Мебел – производителите се клучниот потенцијал на работилницата под ментроство на Хелмут Меркел и Уве Дитерсен наречена "Како до подобра презентација на ИММ Келн". Младите дизајнери ќе можат да се "испробаат" и да "купат" знаење преку работилница за дизајн на производ за млади дизајнери под менторство на Инеке Ханс, продукт дизајнер и професор на академијата за дизајн од Берлин. Во ЕКСПО секцијата, младите дизајнери од Македонија и регионот традиционално изложуваат сопствени производи и се во потрага по производители со кои ќе реализираат соработка за нивните иновативни решенија да влезат во сериско производство. Составен дел на викенд програмата се детските работилници кои се работени со посебно внимание со цел преку нивната креативност и чистина да се дојде до совршени решенија за производ или услуга и да се разбуди кретивноста од најрана возраст. Марк Де Јонг, во рамките на гастрономскиот корнер ќе води тридневно гастрономско шоу, каде ќе гостуваат познати личности од културно-урбаната сцена, пом што ќе следи дегустација на подготвените јадења. Музичката програма како финиш на секоја вечер, ќе понуди премиерни настапи на повеќе бендови и DJ-и од регионот. Според организаторот, осумгодишното искуство кое го донесе македонскиот дизајн на едно поинакво ниво, основањето на меѓународната платформа за дизајнери – Balkan Design Network, собирањето на едно место на сите култни дизајнери од Mакедонија и Европа го носи предзнакот на Skopje Design Week. Работното време на Skopje Design Week е секој ден од 21. до 25. ноември од 9:00 до 01:00, а влезот е бесплатен за сите посетители. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши – Тигањ: Потврдено традиционалното партнерствоПретседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата беа потврдени блиските пријателски односи и традиционалното партнерство меѓу двете земји, кои претставуваат цврста основа за унапредување на билатералната соработка, но и позитивен пример за градење добрососедски односи и придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот. Соговорниците разменија мислења за актуелните случувања во земјата и во регионот, при што беше истакната силната и недвосмислена политичка и техничка поддршка што Република Хрватска ја обезбедува за европската перспектива на државата и напредокот во евроинтегративен процес.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПлаќање по работен час или месечна плата - предлогот на работодавачите бара темелна анализа и отвора дилемиИдејата за плаќање по работен час, наместо досегашниот модел на месечна плата, отвори дебата меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, но ја отвора дилемата дали со таков модел ќе има помали плати? Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, вели дека воведувањето на ваков модел би значело измени во Законот за работните односи. Пред да се донесе каква било одлука, смета дека потребно е темелно да се анализира како тој би се одразил во јавниот и во приватниот сектор. - Од економски гледна точка, не само мое лично мислење, можеби ќе даде подобра продуктивност, подобра контрола на вработените и во приватниот и во јавниот сектор, меѓутоа, од друга страна, да видиме дали тоа ќе даде и позадоволни работници со повисоки плати, да видиме кои се нивните анализи да направиме наши анализи. - Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд Од Конфедерацијата на слободни синдикати го поддржуваат предлогот и очекуваат растот да ги опфати сите плати. - Нашата цел е со ваквото претварање на минималната плата од минимална плата во работен час, да почнат по вертикала да растат сите плати — не само минималната, него сите плати, не само во јавниот сектор, него и сите плати во приватниот сектор.- Благоја Ралповски – претседател на КСС Од бизнис-заедницата, од каде што потекнува иницијативата, сметаат дека плаќањето според одработените часови може да ја подобри продуктивноста, да овозможи пофлексибилна организација на работното време и да ги намали трошоците на компаниите. Според нив, работниците што поефикасно ги извршуваат задачите би имале можност да заработуваат повеќе. Од организацијата на работодавачи, нагласуваат дека се потребни јасни правила за распределбата на работните часови и пресметката на платите. - Самиот вработен ќе рече во дадена ситуација: Јас за 4 часа овдека на ова работно место ја завршив работата. После може да отиде да доработи на друго место уште 4 и практично да земе дупла плата - Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори -Мора на некое неделно или месечно ниво да ги има часовите што работникот треба да ги одработи за да ја земе целата плата да се задоволат.- Ангел Димитров - Организација на работодавачи Од Сојузот на синдикатите на Македонија, пак, претходно посочија дека се подготвени да го разгледаат предлогот, но бараат гаранции дека новиот модел нема да доведе до намалување на платите и дека ќе се обезбеди достоинствена вредност на работниот час. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари - Григорјан: Заеднички заложби за подостапна правда и унапредување на бесплатната правна помошНа средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, на која се разговараше за унапредување на бесплатната правна помош и продолжување на меѓусебната соработка. На средбата беа разгледани можностите за подобрување на достапноста и квалитетот на правните услуги, како и за зајакнување на институционалните капацитети. Министерот Шасивари ја истакна важноста на еднаквиот пристап до правда како еден од приоритетите на Министерството за правда, нагласувајќи дека правната заштита треба да биде достапна за секој граѓанин. Соговорниците ја нагласија важноста на партнерството меѓу Министерството за правда и УНДП во спроведувањето на активностите насочени кон унапредување на системот за бесплатна правна помош. Заедничката определба е преку континуирана соработка и размена на искуства да се придонесе кон поефикасен систем на правна помош и поголема доверба на граѓаните во институциите.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00