16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
216 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
РакометОсмо учество на Европско првенство за македонските ракометаркиЖенската македонската ракометна репрезентација успеа да се квалификува на Европското првенство 2026 година што од 3 до 20.декември 2026 година ќе се одржува во Полска, Романија, Турција, Чешка и Словачка. Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија. Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од шесте групи. На дуелот со Словенија, домаќинот кој важеше и за фаворит ја потврди улогата и веќе во првиот дел обезбеди предност и по 30 минути игра резултатот беше 15:8. Во вториот дел Словенките има во неколку наврати двоцифрена предност. Најдобар поединец во македонскиот состав беше голманката Андреа Илиќ, која дуелот го заврши со 14 одбрани, додека Андреа Јанкуловска беше најпрецизна со 4 голови. На вториот дуел во групата Германија ја совлада Белгија со 45:25. Германија е прва со максимални 12 бода, пред Словенија со 8. Македонските ракометари освоија 2 колку и Белгија, но поради подобриот меѓусебен скор нашите ракометарки го освоија третото место. За женската македонска ракометна репрезентација ова е осмо учество на Европско првенство, а трето во низа. Ова за женскиот ракометен национален тим ќе биде осмо учество на Европско, а трето во низа. Македонските ракометари во групата од квалификациите со Германија, Словенија и Белгија го освоија третото место и како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации од шесте групи заедно со Исланд, Украина и Грција ќе бидат дел од 24-те репрезентации кои ќе учествуваат. Без пласман останаа: Италија и Финска. Директен пласман на шампионатот имаа земјите ко-домаќини: Полска, Романија, Турција, Чешка и Словачка, како и трите најдобро пласирани селекции од претходното првенство: Данска, Норвешка и Унгарија. Секако учество преку квалификациите изборија и двете првопласирани репрезентации од шесте групи: Франција, Хрватска, Холандија, Швајцарија, Германија, Словенија, Црна Гора, Фарски острови, Шведска, Србија, Шпанија и Австрија. Финалето ќе се игра во Катовице, а извлекувањето на групите ќе биде во текот на следната недела, кога ќе бидат познати и ривалките на македонските ракометарки во групата.Тагови: РФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Свет16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуиранаУкраинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица. Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути. Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
БалканВо Србија е уапсен „платен убиец“ од Македонија, се истражува кој наводно требало да биде жртваСрпската полиција уапсила државјанин на Македонија кај градот Прибој, под сомнение дека влегол во Србија како ангажиран извршител на нарачано убиство, објави српски Телеграф повикувајќи се на полициски извори.Според медиумот, осомничениот во полициските евиденции наводно се водел како платен убиец кој работел за Кавачкиот клан, а се доведувал во врска и со претходен обид за убиство на Марко Љубиша Кан. По добиените оперативни информации, српската полиција распоредила засилени сили и го блокирала теренот во Прибој, а истрагата сега е насочена кон утврдување на идентитетот на лицето кое требало да биде мета, како и кон откривање на локациите и лицата што евентуално му обезбедувале логистичка поддршка по влегувањето во Србија. На осомничениот му е определено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава треба да биде изведен пред надлежното обвинителство. Фото: ВИТагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook