Осмо издание на фестивалот „Прво па женско" - Канал 5

Осмо издание на фестивалот „Прво па женско"

 Со ваквото политичко позиционирање имаме цел да го преиспитаме значењето на терминот „малцинство", свесно одбегнувајќи ја неговата национална, доминантна претпоставеност. 

Осмо издание на фестивалот „Прво па женско"

Од 17 до 23 август 2020 година, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ЦАЦ Монтажна Галерија и Музејот на современа уметност ќе се одржи осмото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско", во организација на Тиииит! Инк – Скопје под транспарентот „Жените се малцинство", а неговата петдневна програма ќе опфати изложби, разговори, работилница, концерти, диџеј сетови и проекции на филм.

– Со ваквото политичко позиционирање имаме цел да го преиспитаме значењето на терминот „малцинство", свесно одбегнувајќи ја неговата национална, доминантна претпоставеност. Сакаме да посочиме дека во значењето на овој поим многу поважни се, всушност, односите на моќ помеѓу најразличните општествени групи, како и доминацијата на едни врз други. Таквата доминација секојдневно се случува преку вкоренети штетни политички уредувања и општествени норми, кои подразбираат дискриминација на мноштво идентитети што не се вклопуваат во идеалот што му е припишан на хегемониското мнозинство. Токму затоа, прашањето за малцинствата е и феминистичко прашање, истакнаа организаторите.

На официјалното отворање на Фестивалот во понеделник, 17 август во 21 часот, свое обраќање ќе има претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

„Прво па женско" е отворена платформа каде феминистичките вредности и дебати се водат со сите актери во општеството без исклучоци, сѐ со цел подобрување на состојбата на женските права и родовите политики.

Значителен дел од програмата на овој фестивал спаѓа во рамките на Women on Women (WoW) проектот – кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Комисија, што Tiiiit! Inc. го спроведува заедно со Mesto Žensk – Љубљана, K-Zona – Загреб/VoxFeminae, Outlandish Theatre Platform – Даблин Проектот се фокусира на родовата еднаквост низ феминистичка перспектива, трасирајќи го наследството на жените (жени, трансродови и интерсекс луѓе кои се идентификуваат како жени), низ интерсекциска перспектива, како и перспектива на различностите.

– Годинава, „Прво па женско" започнува посветено да ја реализира својата зелена агенда и преку конкретни акции да го промовира прашањето за заштита на животната средина, кое е несомнено и феминистичко прашање, зашто родовата нееднаквост и глобалната неправедност произлегуваат од истиот систем кој ги експлоатира природата и нејзините ресурси, исто како што ги експлоатира и луѓето. Визуелното решение за осмото издание на Фестивалот е на интердисциплинарната уметница и архитектка Тамара Забазноска, наведоа организаторите.

Фестивалот е поддржан и од FRIDA – Young Feminist Fund, Министерство за култура на РСМ и Град Скопје, и се реализира во соработка со Младински културен центар – Скопје, МОТ+, Музеј на современа уметност – Скопје, ИСКРА Букинг, Period Skopje, Од нула до дула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Берлин бара од Зеленски да го преиспита разрешувањето на министерот за одбрана

Одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го разреши министерот за одбрана Михајло Федоров предизвика реакција во Германија, каде што од федералната влада сега се бара да изврши притисок врз Киев да го врати поранешниот министер.

Берлин бара од Зеленски да го преиспита разрешувањето на министерот за одбрана

Претседателот на Комитетот за прашања на Европската унија на Бундестагот и пратеник на зелените, Антон Хофрајтер, рече дека Зеленски направил „сериозна грешка“ и дека неговата кадровска одлука е резултат на жестока борба за моќ во рамките на украинската држава и военото раководство.

Тој нагласи дека Федоров бил многу успешен министер и се сметал за неподмитлив политичар во Киев и меѓу западните партнери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Реконструкцијата е при крај, Охрид наскоро со модерен аеродром

Реконструкцијата на охридскиот аеродром се одвива според планираната динамика и се очекува да биде завршена до крајот на летото, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски: Реконструкцијата е при крај, Охрид наскоро со модерен аеродром

-Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски, при денешната работна посета во Дебрца.

“ Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде помеѓу 80 и 90 проценти на секој од нив. Рокот што го зададовме за завршување е крајот на летото и мислам дека тој рок ќе биде постигнат.

Паралелно, од 15-ти август ќе почнат да работат надлежните институции, пред сè Агенцијата за цивилно воздухопловство, контролата на летање М-НАВ, Агенцијата за национална безбедност, Царината и Министерството за внатрешни работи, со цел аеродромот да е функционален и сите највисоки безбедносни стандарди да бидат постигнати.

Практично ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, ново повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот. Драго ми е што Охридскиот аеродром расте и во апсолутна бројка и процентуално според последните извештаи и тоа ќе продолжиме да го правиме во следниот период”- изјави Николоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на доматите падна на 15 денари за килограм – струмичките земјоделцисе жалат на загуби

Струмичките градинари годинава оставени на цедило. При крајот на масовните берба на доматите се соочуваат со мизерни откупни цени од само 15 денар за килограм.

Цената на доматите падна на 15 денари за килограм – струмичките земјоделцисе жалат на загуби

Според нив оваа цена ни од далеку не ги покрива трошоците кои ги имаат направено во текот на годината иќе бидат во загуба а за трудот и маката што ги вложиле никој не може да го наплати.

Со години семејството Митеви од Василево живее и опстанува од неколку декари под пластеници. Годинава лошо поминаа со зелката и со компирот па се надеваа дека таа загуба ќе ја надополнат од производството на домати но и таму слобнодниот увоз на зеленчук од Албанија сериозно ги урива цените а со тоа и можноста овие производители на храна да опстанат и да не заминат во некоја фабрика на работа оставајќи ги нивте празни.

Но не само градинарите од струмичко, годинава многу лошо поминаа и производителите на пченица и јачмен. Во време кога драстично се зголемија ценита на ѓубривата и нафтата заради војната на блискиот исток тие имаат откупни цени од 10 денари како од пред 20 години.

Допрва претстои откупот и на грозјето каде иако се објавија пресметките за откупните цени според земјдоелците нема одговор на тоа дали ќе се откупи целото црно грозје и дали годинава ќе се почитуваат овие цени бидејќи лани сепак откупот течеше по цени кои ги диктираа винариите а не оние кои ги донесе државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер