Осми Фестивал на француски филм од утре до 20 јуни - Канал 5

Осми Фестивал на француски филм од утре до 20 јуни

Со филмот „Борците“ на Тома Каје од 2014, добитник на две награди „Цезар“, утревечер во кино „Милениум“ ќе биде отворен 8. Фестивал на францускиот филм кој ќе се одржува до 20 јуни во Скопје и Охрид.

Осми Фестивал на француски филм од утре до 20 јуни
Ќе бидат прикажани најнови филмови снимени минатата и оваа година, а покрај проекции ќе има и средби и разговори со ексклузивните гости, работилници, музичка вечер на францускиот оркестар F.A.M.E.'S. со седиште во Скопје и првпат годинава натпревар „Моето прво минивидео“.
На фестивалската програма се насловите: „Диши“ во режија на Мелани Лоран, „Со кренато чело“ на Емануел Берко, „Од петни жили“ на Нилс Таверние, „Глупа гуска - принцеза на срцата“ на Камиј Котен, „Семејството Белие“ на Ерик Лартиго и „Француска врска“ на Седрик Хименез, како и „До гледање кловну“ на Клод Бери од 1983 година, во чест на актерката Ањес Сорал, која е гостинка на фестивалот и лауреат на овогодишната почесна награда „Златна маска“.

Покрај Сорал, гости на фестивалот ќе бидат и актерите Дијан Руксел и Антоан Лоран, продуцентот Ален Мајор, композиторите Брис Даволи и Фред Корсјал и Одре Бијар, член на асоцијацијата ОФФ од Трувил.

Проекциите ќе бидат во „Милениум“, „Фросина“ и Кинотеката на Македонија, средби и разговори во Францускиот институт-Скопје. Фестивалот ќе заврши во сабота со проекции на најгледаните француски филмови - „Семејството Белие“ во Центарот за култура во Охрид и „Француска врска“ во киното „Милениум“ во Скопје.

Најавувајќи ја програмата, амбасадорката на Франција Лоранс Оер на прес-конференција рече дека акцент на годинашниот фестивал ќе биде филмската музика преку работата на оркестарот F.A.M.E.'S., кој е активен седум години и годишно продуцира музика за 500 филмови. За својата работа е награден со Оскар.

- Од 2008 година непрестано ја збогатуваме програмата на фестивалот, кој почна како авантура, проект на две филмски училишта. Потоа добиваше поддршка од повеќе институции и благодарение на тоа имаме се подобра програма и повеќе публика на проекциите, рече Оер.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека фестивалот стана вистинска ревија на најдобрите француски филмски остварувања и дека е предизвик за македонските кинематографери и за македонската публика. Нагласи дека Министерството за култура останува посветено кон продлабочување на културните врски помеѓу двете земји и најави дека наскоро ќе биде потпишан билатерален договор за копродукции помеѓу Македонија и Франција, кој ќе го раководи Францускиот национален центар за филм.

- Овој договор ќе овозможи уште подиректна копродукциска соработка помеѓу македонските и француските продуценти со што ќе се олесни користењето на поволностите кои ги нуди нашата законска регулатива во областа на филмската дејност, рече Канческа-Милевска на прес-конференцијата на која присуствуваа и ректорот на Универзитетот ЕСРА и копретседател на фестивалот Јордан Плевнеш, директорката на Францускиот институт Изабел Марки-Барбо и директорот на Агенцијата за филм на РМ Дарко Башески.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од утре парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона

Два дена пред официјалниот почеток на грејната сезона, односно утре, корисниците приклучени на системите за греење со кои управува ЕСМ, ќе добијат парно греење. 

Од утре парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона

Причината, велат од ЕСМ, е најавената средна надворешна температура од 12 целзиусови степени, со што се исполнуваат условите за испорака на топлинска енергија.

- Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за 13 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 12 °c, со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на РКЕ. До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ снабдување секојдневно ќе се објавуваат информации за тоа дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден – информира денеска АД ЕСМ.

Оттаму посочуваат дека според правилата, во месец октомври и првата половина од ноември, кога временските услови често се менуваат, снабдувањето со топлинска енергија ќе зависи од температурата на воздухот и атмосферските услови во различни периоди од денот, односно кога температурите се пониски, испораката на топлинска енергија се зголемува, а кога се повисоки, се намалува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра

  Нова бројка. Нова бајка на арамијата Мицкоски. 

СДСМ: Арамијата Мицкоски повторно зборува бајки за платите а не даде поддршка за минимална плата од 600 евра

Најавува 1.000 евра плата.

Во Собрание не прифаќа 600 евра минимална плата ама надвор сака да раскажува бајки.

Додека работниците едвај врзвуваат крај со крај има ново прзно ветување ама нема решение.

Просечната плата не се зголемува со говор.

Животниот стандард не се подобрува со бајки. На работникот му треба повисока плата на сметка денеска. Му требаат пари за храна, за сметки, за своите деца.

СДСМ поднесе предлог за минимална плата од 600 евра.

ВМРО-ОКГ не го поддржа. Руската Левица не беше во салата. ЗНАМ не даде глас.

Кога требаше да се застане зад работникот, поддршката изостана од Мицкоски, ВМРО, и нивните сателити како ЗНАМ и Левица.

Толку од бајките на Мицкоски и неговите сателити на далечинско.

Граѓаните живеат тешко. Работниците едвај го поминуваат месецот.

Две минимални плати не ја покриваат ниту скратената владината кошница. Синдикалната кошничка со кирија надминува 90.000 денари.

Храната е прескапа. Горивата до плафон. Платите не стигнуваат ниту до средина на месецот.

Ребалансот е потврда за целиот дебакл на економските политики на Мицкоски. Втор ребаланс за само две месеци како признание за промашувањата.

Нема пари за плати, нема за пензии, нема за работниците, дупката е 900 милиони евра, за пензиите фалат 1 милијарда евра. Целосен дебакл.

Затоа се трупаат нов и долгови врз грбот на народот.

За само 2 години Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра.

Не за поголеми плати и пензии, туку за криминални тендери.

На бајките на арамијата нема крај. Сметката ја плаќа народот.

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

YouTube video

Скопје, 12.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Ива Михаилова е на Стоп-листата, нема евидентиран излез од Македонија

Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, нема евидентиран излез од територијата на Македонија.

МВР: Ива Михаилова е на Стоп-листата, нема евидентиран излез од Македонија

Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија.

Според податоците од граничните евиденции, лицето последен пат остварило влез во Република Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран негов излез од Република Бугарија, односно влез во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер