Османи со последна порака до младите: „Гласајте за кредибилна понуда!

Кандидатот за претседател на Македонија од мултиетничката коалиција Европски фронт, Бујар Османи, во пресрет на денешното заокружување на предизборната кампања, одржа конструктивна средба со младите.

Кандидатот за претседател на Македонија од мултиетничката коалиција Европски фронт, Бујар Османи, во пресрет на денешното заокружување на предизборната кампања, одржа конструктивна средба со младите, од кои повеќето во среда за прв пат го користат правото на глас. Зборувајќи за важноста на гласањето, Османи јасно стави до знаење дека тие се оние кои ќе ја одредат иднината на државата избирајќи изолација или интеграција, исклучувачка супремација или сеопфатност и меѓуетничка хармонија.

„Гласот не е само право, гласот е одговорност, затоа што секој од нас има по еден, а таа одговорност е како камен, кој од него или гради ѕид или мост, зависи како ќе го поставите. Можете да изградите ѕид од камења и да спречите комуникација меѓу локалните заедници, да спречите комуникација со светот или да го користите за да изградите мост и да ги поврзете заедниците, да ги поврзете луѓето. Бидејќи ние сме мултиетничка земја, убавината на земјата е разноликоста на етникуми, јазици, религии и различни култури, и ова треба да се гледа како богатство на нашата земја. А за да биде функционална, треба да се градат мостови на комуникација“, рече Османи.

Тој на младите им зборуваше за конкретните резултати, придобивките, односно помакот на граѓаните преку зајакнување на правилната политика. Последната порака на кандидатот за Претседател до младите беше следнава:

„Треба да анализирате две прашања како гласачи, кога гласате за првпат. Кој ја дава понудата и каква е понудата? На прашањето кој е тој што ја дава понудата, пред се, има ли кредибилитет. Тоа го слушам на социјалните мрежи кога велат дека овие ДУИ одамна се во политика, долго време министри. Јас велам, кога одите и барате хирург да ве оперира, кој хирург го барате: оној што оперирал многу случаи, долги години е во својата професија, добро го научил занаетот и знаете дека добро ќе ја изврши операцијата, или ќе побарате некој за да експериментира со вашето здравје? Сигурен сум, сите ги прашуваат колку случаи си оперирал. Ако си под 500 случаи, не ти влегувам воопшто во сала, затоа што не можеш да вежбаш со мене. Така е и со државата. Зошто да ја оставиме државата на луѓе кои ќе експериментираат со неа?! Затоа, нашиот политички сојуз направи спој на генерации, имате луѓе кои имаат искуство, но имате и млади луѓе на кои им се дава шанса околу себе...

Сега пред вас се појавува политичка партија, голем фронт кој исполни се што вети, во секој поглед. Тоа му дава кредибилитет да ја даде новата понуда. На пример, кога ќе дојде, да го земам за пример Али Ахмети, и ви каже „Сакам да го имам првиот претседател“, во прво ќе кажете „Полека дали тој го предложи првиот премиер и го оствари тоа?! Зошто да не верувам дека тој ќе го направи и првиот Претседател?!“ Кога некој ќе ви дојде и ќе ви рече „Ќе го направиме првиот претседател“, а кој не поместил ниту камен во животот, во кариерата, ќе речете „Не ми кажувај прикаски!“ Но, некој што исполнил се што ветил, тогаш тоа треба да се сфати како сериозна понуда“, изјави Османи, се наведува во соопштението од неговиот тим.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер