Османи: Со помошта од ЕУ и меѓународните донатори засега ќе се набават 55 респиратори - Канал 5

Османи: Со помошта од ЕУ и меѓународните донатори засега ќе се набават 55 респиратори

Досега обезбедени се 25 респиратори преку средства на Норвешката амбасада, преку Агенција на ОН, тие се во моментот во депо во Турција.

Османи: Со помошта од ЕУ и меѓународните донатори засега ќе се набават 55 респиратори

-Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на прес-конфернеција соопшти дека согласно потребите на земјата за справување со пандемијата од коронавирусот од ЕУ и помошта од меѓународните донатори ќе бидат обезбедени средства за поддршка на буџетот како и 55 аспиратори за Клиниката на инфективни болести и други потребни материјали. Ова е првична помош, која се очекува да се зголеми во наредниот период.

Како национален координатор за странска помош, СЕП рече тој, минатата недела формираше работна група од претставници на институциите како едно централно тело, во кое се собираат сите приоритети и потреби од страна на институциите во комуникција со меѓународните донатори. При тоа првично е направена листата од 89 артикли за потребите на Инфективната клиника за проектирана состојба од 2.000 пациенти кои би имале потреба за лекување на Клиниката.

Направени се и три дополнителни листи за пет институции и тоа за Министерството за здравство, за МВР, МО, ЦУК и ДЗС и тоа за потреби за еден месец, меѓу 1 – 3 и за 3- 6 месеци. Паралелно е формирано координативно тело на агенциите на ОН со Делегацијата на ЕУ и претставниците на нашето координативно тело кое на дневна основа ги централизираат потребите на институциите како и можностите на донаторите за обезбедување на потребите на институциите…

-Досега обезбедени се 25 респиратори преку средства на Норвешката амбасада, преку Агенција на ОН, тие се во моментот во депо во Турција и се разговара како да се транспортитаат во отежнати зимски услови во земјата за потребите на Инфективната клиника, рече Османи при што се разгледуваат опции за заеднички транспорт со другите држави од регионот. Обезбедени се и 30 респиратори од Кина со средстава на ЕУ, од првите четири милиони кои ги безбеди Делегацијата на ЕУ, а ќе се купуваат преку УНДП. Се разговара како да се транспортираат тие во Скопје, рече Османи.

Османи посочи и дека НР Кина позитивно одговорила на наше барање за обезбедување на респиратори, но не може да се каже точната количина на респираторни машини кои ќе се добијат од билатералната соработка бидејќи, вели, во моментов 100 земји бараат исто. Воедно од Кинеската амбасада фондот кој што го има го насочила за набавка на материјали за справување со пандемијата.

Тој потсети дека еврокомесарот Вархеји информирал за одлуки на ЕУ со кои ќе и помогнат на земјава за борба поротив коронавирусот во вредност помеѓу 65 и 70 милиони евра (4 милиони евра за набавка на респиратори од Кина, 50 милиони ева кои земјата ги добила како награда за реформите ќе бидат пренасочени за олеснување на социоекономските ефекти од пандемијата, 9 милиони евра за програмата за поддршка на МСП и 3 милиони евра за поддршка на Буџетот.) Од Вархеји добиена е потврда дека се разгледува и можноста да имаме пристап до Европскиот солидарен фонд за справување со елементрани непогоди и пандемии, за што конечна потврда се очекува од Европскиот совет во текот на денов или утре. Фондот може да го користат земјите членки и земјите кои преговараат, а среќна околност е што добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ со што добиваме право да имаме пристап до овој фонд.

-По првичниот шок од епидемијата со КОВИД 19 ЕУ почна да ги активира механизмите за заедничко делување и солидарност. Можеби некому тоа делува бавно, но реакцијата на ЕУ е навремена имајќи предвид дека ова се само првични активности за поддршка кои со сигурност ќе се зголемуваат во периодот што претстои како од ЕУ така и во рамки на билатералната сораборка со земјите членки, нагласи Османи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Во вторник, на 3 ноември, Американците ќе излезат на гласање за конгресните избори, кои ќе го одредат односот на силите во Вашингтон во текот на последните две години од мандатот на претседателот Доналд Трамп. 

Важни избори за членови на Претставничкиот дом на САД за два дена

Повеќе од 200 милиони граѓани имаат право на глас на овие избори, кои доаѓаат по две години одбележани со високи трошоци за живот, војни и обвинувања за корупција.

Гласачите ќе ги изберат сите 435 членови на Претставничкиот дом на САД – кои имаат двогодишен мандат – како и 35 од 100-те американски сенатори, кои се избираат со шестгодишен мандат. Американците, исто така, ќе избираат гувернери во 36 сојузни држави, членови на државните законодавни тела, а ќе одлучуваат и за бројни прашања ставени на гласање.

Изборите во средината на мандатот традиционално се сметаат за референдум за поддршката на претседателот и неговата партија. На овие избори, партијата на претседателот често губи пратенички места, а промената на мнозинството во Конгресот може значително да го ограничи просторот за политичко маневрирање на претседателот.

Според најновиот просек од анкетите на „RealClearPolitics“ (RealClearPolitics), Демократите имаат предност во испитувањата за тоа која партија гласачите би ја поддржале на изборите за Конгресот. Кон крајот на октомври, овој просек изнесуваше 51,5 отсто за Демократите и 43,1 отсто за Републиканците.

На изборите одржани пред две години, гласаа приближно 155 милиони луѓе. На претходните избори во средината на мандатот, на гласање излегоа околу 122 милиони од вкупно повеќе од 240 милиони регистрирани гласачи. Излезноста на ваквите избори е традиционално помала отколку на претседателските избори.

Интересот за овогодинешните избори е очигледен и преку предвременото гласање. До завршната фаза од кампањата, десетици милиони Американци веќе го искористија своето право на глас, при што бројот на предвремени гласови се приближува до 50 милиони, според податоците објавени од „Асошиејтед прес“.

Претседателот Трамп, исто така, веќе гласаше. Во текот на целата кампања, тој ги повикуваше гласачите од Републиканската партија да се однесуваат како тој самиот да е на гласачкото ливче.

Сепак, претседателот не се кандидира на овие избори.

Демократите моментално имаат 214 места во Претставничкиот дом, додека републиканците го држат мнозинството. За да се обезбеди контрола врз овој дом, кој брои 435 пратенички места, потребни се најмалку 218 места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Според УХМР времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²).

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност од денес до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m². Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер