Османи: Сега имаме појасни позиции со Бугарија и се надевам ќе постигнеме одредено решение

Не можам да кажам дека 100 отсто ќе биде успешен овој втор циклус, но влегуваме чесно и посветено за да најдеме решение зашто европерспективата е важна за општиот прогрес.

Ова го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи за новиот процес на преговори со Бугарија, за кој рече дека е динамизиран по меѓувладината седница во Софија која се одржа по три последователни избори во Бугарија, изборите кај нас и новите влади во двете земји.

Во емисијата „Само интервју" на ТВ Канал 5, Османи рече дека двете влади се договорија да почне нова динамика на процес со платформа за враќање на довербата преку честа комуникација и соработка.

-Ќе учиме од грешките и искуства од првиот циклус кој почна добро, имаше резултати со Договорот за добрососедство и беше големо постигнување во билатералните односи. Се надеваме дека во овој втор циклус, кој сега го почнуваме, ќе го крунисаме позитивно во интерес на европската перспектива на регионот, се разбира и на билатералната соработка, рече Османи, додавајќи дека за тоа ќе помогнат формираните работни групи, во фокус ќе се стави иднината со што полесно ќе се решаваат предизвиците.

Поставени се краткорочни циклуси и средби неделно – на 1 февруари средба ќе има економска група, на 7 февруари – групата за инфраструктура, за евроинтеграции на 14-ти и на 21 февруари образовната работна група. Секоја петта недела ќе се состанува и Комисијата за историски и образовни прашања, а по неколку месеци како пресек на нивната работа повторно ќе има заедничка седница на двете влади.

-Доколку нема договор, ќе останат истите предизвици. Нашите позиции се јасни. Преговараме над една година и искристализирани се позициите и од наша и од нивна страна. Мислам дека позициите се појасни по тоа што беше пред една година или шест месеци. Бевме со далечни позиции, сега имаме одредена рамка и се надевам ќе постигнеме одредено решение. Има повеќе разбирање за позициите на едниот и другиот. Ќе му дадеме шанса на процесот. Почнат е процесот на разговори и тековно ќе ја информираме јавноста, рече шефот на дипломатијата.

Кажа дека за пакетот 5+1 досега многупати кажал и ништо не се крие, а тоа што не е претставен како документ, рече, е затоа што се работни верзии кои се разменуваат како нон-пејпери и дотогаш не се објавуваат.

-Во момент кога некоја формулација која е заеднички прифатлива за двете страни, прво ќе се информираат пратениците, претседателот и јавноста, па ќе се даде нашата одлука. Се поставува теза дека тајно се продаваат интереси, тоа не е така, системот на преговори не е поставен така. Граѓаните треба да бидат спокојни, опозицијата наметнува страв дека скришно се прави. Тоа не е точно, пред било која одлука, ќе бидат транспарентно информирани, истакна Османи, додавајќи дека нема ништо против да биде ни во Собрание, но сметал дека треба да се остане во рамката од Договорот за добрососедство од 2017.

Османи утре ќе ги информира членовите на собраниската Комисија за надворешна комисија за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Седницата ќе биде отворена за јавноста, на негово барање, затоа што, рече, „нема што да криеме од граѓаните".

Нагласи дека ниту еднаш не одбил покана од комисија, независно од односот на претседателот на комисијата кон него, зашто тоа го смета како однос кон Собранието и кон граѓаните и како должност да даде отчет за работата.

Начелен договор со владата на Бугарија, рече, секоја петта недела да се состанува и Комисијата за историски и образовни бидејќи важни се континуирани состаноци.

-Во последно време се состануваа онлајн, ги разбирам ограничувањата од пандемијата, но потребно е почесто да се среќаваат и со физички средби, но без да ги креваме очекувањата за резултатите, рече Османи, додавајќи дека ја анализирале нивната работа и заклучиле дека таа е пропорционална и коинцидирала со тоа каков бил политичкиот амбиент во двете земји.

Смета дека треба да се внесе свежина во комисијата, во која се сменети двајца членови и во која година и пол, рече, немало резултат од нивната работа. Со менување на политичкиот амбиент очекува и повеќе резултати.

Нагласи дека МНР не се меша во работата на Комисијата и не сака, рече, јавноста да мисли дека тој или Владата одлучува за работа на комисијата, туку им ја обезбедуваат логистичка поддршка и им ги покриваат трошоците за нивните средби.

Во однос на промени во учебниците, Комисијата ги дава препораките и за некои историски периоди тие се донесени.

-Не сакаме еднострано да ги објавиме, туку заедно со владата на Бугарија ќе има момент кога ќе се објават договорените текстови и тоа ќе ја охрабри и комисијата и ќе влијае на целокупната клима помеѓу двете држави, додаде Османи.

Соопшти дека на 2 февруари ќе оди во Париз со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и оттаму во Брисел со цел е да го објаснат новиот пристап со Бугарија за да може да видат дали може да се вклопи во планот за Француското претседателство.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

Анкета: Мнозинство од Американците сметаат дека економијата и инфлацијата се најважни проблеми

Мнозинство од Американците сметаат дека економијата и инфлацијата се најважни проблеми кои одредуваат за кого ќе гласаат.

Економијата е најважниот од проблемите што американските гласачите ги разгледуваат во оваа изборна година и одредува кому ќе дадат доверба на следните претседателски избори, но исто така важни прашање се инфлацијата, криминалот и безбедноста или имиграцијата и пристапот до абортус.

Според најновата анкета на Ипсос и „Еј-би-си њуз“ 88 отсто од испитаниците укажале дека економијата им е најважана во овие избори. Мнозинството или 46 отсто би дале доверба на Доналд Трамп во справување со економијата, додека 32 отсто доверба би дале на Џо Бајден.

Втор по значајност проблем на овие избори е инфлацијата (87 отсто). Како и со економијата, мнозинство од испитаниците или 44 отсто би му ја дале довербата на Трамп во справување и со инфлацијата, додека само 30 отсто би му ја дале на Бајден.

Трамп исто така води со 41 отсто наспроти 33 отсто и во справувањето со криминалот и безбедноста, проблем за кој 77 отсто од испитаниците рекле дека е најважна.

Во проблемот справувањето со заштитата на демократијата е изедначено, односно 38 отсто од испитаниците рекле дека би му дале доверба на Трамп, исто толку и на Бајден.

Во пробемот здравствена заштита води Бајден. Односно 39 отсто од гласачите би му дале нему доверба во справување со здравствената заштита, наспроти 34 отсто на Трамп.

Во давањето доверба за справување со проблемот на имиграцијата на американско-мексиканската граница убедливо води Трамп кому дале доверба 47 отсто од испитаниците, додека Бајден добил доверба од 30 отсто.

За проблемите оружено насилство и позицијата на САД во светот гласачите исто така повеќе доверба би дале на Трамп отколку на Бајден (37 наспроти 34 отсто и 41 наспроти 34 отсто).

Во горливиот пробем со пристапот до абортусот, 41 отсто од испитаниците доверба даваат за Бајден наспроти 29 отсто за Трамп.

И во последниот по значајност проблем – војната меѓу Израел и Хамас води Трамп, 37 отсто од испитаниците довербата за ова би ја дале за него, наспроти 29 отсто за Бајден.

Медиуми: Барса ќе го отпушти Чави ако сезоната во Примера не ја заврши на втората позиција

Барселона би можела да го отпушти тренерот Чави Ернандес по завршување на сезоната, пренесува денеска весникот АС.

Според истиот извор, тоа ќе се случи доколку тимот заврши под второто место во тековната сезона во Ла Лига.

По 34 одиграни кола, каталонскиот клуб е третопласиран на табелата со 73 бодови, бод помалку од второпласираната Жирона. На 4 мај Барселона загуби од Жирона (2:4) на гостински терен, а Реал Мадрид веќе ја обезбеди шампионската титула.

Чави во јануари објави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона, но минатиот месец 44-годишниот стратег рече дека се предомислил и ќе продолжи да работи во клубот.

притисни ентер