Османи: Се што ќе се договори со Бугарија ќе оди во Собранието

 Несериозно е прашањето за договорите со Бугарија кое е важно за граѓаните да се условува со дневно политичко прашање како предвремени избори, оценува министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Мислам дека би било несериозно едно вакво прашање важно за граѓаните да се условува со некакво дневно политичко прашање и некаков партиски интерес. Мислам дека би изгубиле кој и да проба да врзе еден стратешки интерес со партиски интерес. Граѓаните можат тоа да го идентификуваат и тоа ќе го казнат, тоа сум убеден. Во однос на тоа дали ќе се оди во Собрание, можам да повторам ставот, дека мојот пристап не беше таков, сметам дека треба да го почитуваме тоа што Собранието еднаш го има донесено и ратификувано како договор и ние во рамки на тој договор треба да имплеметираме одредени фази, рече Османи во гостувањето во Утрински брифинг запрашан дали опозицијата во наредниот период може да ги условува договорите со Бугарија со предвремени парламентарни избори.

Тој објасни дека бугарската страна инсистира што и да се договорат двете држави да оди во Собрание.

-Тоа го бараат и наши луѓе од овде, опозиција, разни политички опоненти се приклучуваат кон оваа позиција на Бугарија. Еве пеки, ќе се оди во Собрание, ќе се ратификува ако е тоа барањето, дециден е Османи.

Шефот на дипломатијата Османи, денеска ќе има излагање пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика со која раководи пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, за текот на разговорите и севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Османи: Никој не преговара и нема право да преговара за идентитетските прашања

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во своето излагање пред членовите на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Македонија за текот на разговорите и односите меѓу Скопје и Софија, истакна дека никој не преговара за идентитетот, јазикот и другите идентитетски атрибути.

– Кога сме кај чувствителните прашања, сакам јасно и гласно да повторам – никој не преговара за идентитетот! Јазикот и другите идентитетски атрибути се прашања кои произлегуваат од правото на самоопределување на секој човек, на секој народ, на секоја етничка заедница, на секоја држава и тоа е неприкосновено право посилно од било кое друго право. За овие прашање ниту сме преговарале, ниту имаме право да преговараме, ниту некој некогаш ќе преговара, подвлече Османи.

Тој истакна дека можеби постоеле такви обиди во минатото кога се пласираа некакви тези за негирање на идентитетот на Македонците како „Еден народ во две држави", што, вели Османи, преставуваше обид за наметнување на еден единствен поглед на исторската вистина, но преку еден мудар, рационален, аргументиран пристап успеавме да покажеме дека се тоа ретроградни појави, дека не одговараат на современите цивилизациски вредности, и сметам дека во тоа успеавме.

– Денес веќе не разговараме за идентитет, туку единствено за пристапот при утврдувањето на правото на самоопределување на секој – во согласност со постоечкото државно уредување кај двете држави. Тоа не води до сетот политички прашања кој до неодамна беше именуван како пакет 5+1, рече Османи.

Според него, во последно време почнала да се шири, како што рече „една блага хистерија дека за вакви чувствителни прашања можни се ад-хок решенија" и оти некој може сам, преку ноќ, зад завесите, без знаење на граѓаните да донесе било каква одлука или договор на штета на нашите државни позиции поставени од декларацијата на Собранието.

– Сакам да порачам дека државниот тим целосно се води од позициите, државна позиција, дека секое прашања поминува низ неколку филтри – прво се тука експертите и дипломатите во МНР, професионалци кои со овие прашања се занимаваат во дипломатијата независно која било политичка власт во државата. Тоа се истите луѓе со кои работеле и моите претходници, меѓу кои и сегашниот преседател на Комисијава, Антонио Милошоски кога тој беше министер. Потоа е и Владата, каде одлуките ги носиме заеднички, а секако на крајот и оваа Комисија, Собранието воопшто, и на крајот и граѓаните, рече Османи.

На крајот, посочи Османи, најчувствителните прашања и не се предмет на политички преговори, туку тие се предмет на разговори меѓу експертите во заедничката комисија за историски и образовни прашања, која, како што рече, е независно тело и во чија работа ниту можеме ниту се обидуваме да се мешаме.

– За нас најважното прашање во тој пакет е токму Имплементацијата на одлуката на европскиот совет од март 2020-та година, преку одржување на првата Меѓувладина конференција, притоа, нашата клучна позиција е дека во самата преговарачка рамка, македонскиот јазик да биде третиран како официјален јазик на Европската Унија без никакви додатни квалификации како и прашања поставени од Бугарија, истакна Османи.

Таму, продолжи министерот, се прашањата за принципот на самоопределување согласно уставните уредувања на државите, прашањето на говорот на омраза и рехабилитација на жртвите од комунизмот.

– Нема ништо повеќе ниту помалку во овој пакет на политички прашања, ниту пак нешто спектакуларно со кое треба да ги плашиме граѓаните. Соодветно во фазата во која се наоѓаме во разговорите, тоа е фаза на размена на идеи, нон-пејпери, работни документи, па и обични разговори, ни сѐ уште не сме во можност да ги преставиме овде затоа што тоа не се договорени предлози. Не можете во сред разговори да ги преставувате нецелосните работни документи, затоа што со тоа ги нарушувате разговорите, подвлече Османи.

Истакна дека во првиот момент кога ќе стигнеме до ситуација да тие работни верзии станат прифатливи за двете страна, пред да се одобрат или стават во функција, писмено ќе бидат доставени и до оваа Комисија и до пратениците.

– За жал сите овие разговори се случуваа во услови на службена влада во Бугарија и три изборни процеси и локални избори кај нас и избор на нова влада. Преставува навистина политичко олеснување што оваа година двете држави добивме легитимни политички влади и соодветно, се договоривме за еден нов пристап со кој преку динамизирање на комуникацијата ќе создадеме платформа за враќање на довербата, продлабочување на билатералната соработка но и надминување на политичките разлики. Си дадовме начелна соглсност дека ќе се посветиме повеќе на иднината отколку на минатото, давајќи му со тоа шанса на процесот за градење доверба, рече Османи.

Тој оцени дека новите влади во двете земји создадоа нова политичка клима, која, како што рече, продуктивно ја искористивме за да вдахнеме нова енергија, нова иницијатива во меѓусебните односи и оти со последните настани успеавме да обезбедиме добар почеток.

Османи изрази очекување дека во следните шест месеци ќе испратиме нова слика за односот и соработката меѓу двете земји, што ќе биде препознаена најпрво кај граѓаните на двете држави, но и кај нашите меѓународни пријатели, кои очекуваат од нас храбри одлуки кои доликуваат на две зрели држави.

– Сметам дека добро правиме. Работиме внимателно, трпеливо, но притоа со силен интензитет, без да дозволиме дијалогот да биде ставен на страна а нашите недоразбирања да станат таканаречен замрзнат конфликт кој ќе трае со децении. Оттука и мојот апел до самиот почеток на ова обраќање. Немам дилема дека имаме разлики во начинот, или пристапот со кој се справуваме со овој предизвик, но во исто време, немам дилема дека имаме и заеднички позиции изградени токму во ова Собрание преку декларација која е усвоена со консензус, истакна Османи во излагањето пред членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието.

Тој на крајот апелираше ова да се искористи како наша придобивка и да не се дозволи оваа Комисија да стане платформа за дневно политички натпревар.

Николоски од Прилеп: Очекувам во 4 изборна единица ВМРО-ДПМНЕ да освои помеѓу 13-14 пратеници

Би сакал да ги поканам сите жители на 4-тата изборна единица и на цела Македонија, а особено жителите на општина Прилеп и соседните општини, од општината Кукуречани, општината Могила, Новаци, Битола да ни се приклучат вечерва тука на плоштадот .

Би сакал да ги поканам сите жители на 4-тата изборна единица и на цела Македонија, а особено жителите на општина Прилеп и соседните општини, од општината Кукуречани, општината Могила, Новаци, Битола да ни се приклучат вечерва тука на плоштадот во 20:30 часот и заеднички да ја затвориме досега најуспешната кампања за ВМРО-ДПМНЕ.

Не случајно тоа го правиме во Прилеп. Затоа што Прилеп е од огромно значење за сите нас, и ќе следи голем инвестициски циклус по завршување на изборите во кој што ќе се решат бројни инфраструктурни прашања во самиот град и во населените места кои што гравитираат кон градот. Градот инфраструктурно ќе се врзе со реална изградба на експресниот пат Прилеп – Градско, а не со монтирани видеа со вештачка интелигенција. Ќе се изгради и автопат од Прилеп до Битола и Меџитлија, пругата ќе стане многу побрза и многу покористена помеѓу Прилеп, Битола и Солун.

Ќе доаѓаат и странски инвестиции, ќе се стимулираат домашните. И многу битно ќе има одговорност за сите што прават криминал и во Прилеп, и во Македонија.

Кампањата помина за нас исклучително успешно. Очекуваме масовна референдумска излезност во среда на осми мај. И ги повикувам сите граѓани да излезат и да гласаат. Потребна е најголема излезност досега за најголема победа за ВМРО-ДПМНЕ, за Христијан Мицкоски премиер, за Гордана Силјановска Давкова претседател на Македонија и за Влада која што нема никој да ја уценува.

Затоа посакуваме 61 пратеник, а ќе си дозволам еве првпат пред медиумите да кажам што очекувам во 4-тата изборна единица, досега во кампањата тоа не го кажувам експлицитно и очекувам ВМРО-ДПМНЕ да освои најмногу пратеници досега и најмногу гласови досега, а тоа е зависно и од малце среќа и од Донтовата формула да имаме помеѓу 13 - 14 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Данскиот крал Фредерик Десетти во прва официјална посета на Шведска

Данскиот крал Фредерик Десетти и неговата сопруга кралицата Мери денеска ја посетија Шведска, што е нивна прва официјална посета во странство откако станаа монарси во јануари годинава.

Кралската двојка беше свечено пречекана во Стокхолм од принцезата Викторија и нејзиниот сопруг Даниел, како и шведскиот крал Карл Шеснаесетти.

Со данските монарси во посета на Шведска се и данските министри за одбрана и за надворешни работи, а најавен е состанок со шведскиот премиер Улф Кристерсон и со претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен.

Почина иконата на аргентинскиот фудбал, легендарниот селектор Меноти

 Во 86. година од живот почина Цезар Луис Меноти стратегот кој на Аргентина и ја донесе првата титула Светски шампион.

Меноти по кариерата на зелениот терен како фудбалер стана уште попознат врвен тренер и селектор на голем број клубови и репрезентации.

Меноти помина голем дел од својата играчка кариера во родната Аргентина и ги носеше дресовите на Росарио Централ, Расинг и Бока Јуниорс. Во текот на 1968 година настапуваше и за бразилски Сантос и му беше соиграч на легендарниот Пеле.

Две години подоцна ја заврши фудбалската кариера и веднаш почна да се занимава со тренерска работа, во која остави многу подлабока трага. Најдобро ќе остане запаметен како селектор на Аргентина, која ја предводеше до првата светска шампионска титула во 1978 година.

Меноти беше селектор на Аргентина од 1974 до 1983 година, а неговата последна работа беше поврзана со аргентинската репрезентација каде беше директор. Покрај Аргентина, раководеше и со Мексико, а успешно работеше и како клупски тренер предводејќи ги Барселона, Атлетико Мадрид, Сампдорија, Бока Јуниорс и многу други клубови.

притисни ентер