Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
1Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
БалканОсмани: Се надевам на побрзо формирање на косовските институциите по денешните избори Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека денешните избори треба „да резултираат со формирање на Собранието и владата што е можно поскоро, со цел да се подобрат потребните процеси за земјата“, јави Бета.По гласањето, Османи додаде дека е убедена дека „сите политички партии ќе го најдат патот за напред, со цел да имаме функционални институции со целосен легитимитет“. „Се надевам дека нашата Република ќе има мирни, уредни и демократски избори. Се надевам дека ќе имаме избори со најголемо можно учество на граѓаните. Изборите се важен демократски процес. Се надевам дека резултатите ќе овозможат што е можно поскоро формирање на парламентот и владата, што е неопходно за важни внатрешни и меѓународни процеси за Косово“, рече Османи.Тагови: Османи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаВ недела бесплатен превоз за ТрновоВ недела на 2 август организиран ќе биде бесплатен автобуски превоз до црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Трново каде ќе се одржи 55-та Семакедонска средба.Ова е распоредот на поаѓања. Автобус број 1 09.15 Кукуречани пред продавници 09.30 Горно Оризари (Стадион) Автобус број 2 09.15ч с.Бистрица(село) 09.30ч Буковски Ливади (Постојка) Автобус број 3 и 4 09.10ч Ат Пазар(пост) 09.20ч Карпош (Св.Тома постојка) 09.30ч Ракометно (Пост) 09.40ч Симпо (Пост) 09.50ч Болница(пост) 10.00ч Довлеџик пред Јосифов (постојка) Автобуси број 5 и 6 09.10ч Бела Чешма 09.20ч Шехерзада(постојк) 09.30ч Црн Мост 09.40ч Веро (Постојка) 09.50ч Маркет Анџела(Брусничка) Враќањето е во 13:00 часот. Општина БитолаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаАХВ: Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со хранаНовото зголемување на температурите, кои во одредени региони се очекува да достигне и над 40 степени, го зголемува ризикот од труење со храна, предупредува Агенцијата за храна и ветеринарство. Високите температури, како што велат од АХВ, се погодни за размножување на микроорганизми во храната, поради што особено внимание треба да се посвети на начинот на купување, транспорт и чување на лесно расипливите производи. Од таму препорачуваат храната да се купува од проверени места, каде што производите, особено месото, млекото и јајцата, се чуваат на соодветни температури. А за во објектите за брза храна препораката е да се избегнуваат додатоците што не стојат во ладилник, како што се мајонез, кечап, крем-салати, сосови, преливи. -Да се избегнува купување храна со оштетена амбалажа, разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна, како месото, млекото и јајцата, да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се избегнува купување разладена или замрзната лесно расиплива храна, која се чува надвор од ладилник или замрзнувач - велат од АХВ. Професор Жанина Переска од клиниката за токсикологија алармира дека пациентите кои примаат хронична терапија треба да бидат особено внимателни за време на високите температури. Покрај општата препорака за избегнување престој на отворено во најтоплиот дел од денот и носење лесна и светла облека, д-р Переска советува лицата кои примаат редовна кардиоваскуларна, психијатриска, невролошка и антиалергиска терапија, да посветат внимание на задоволителен внес на течности. Топлотниот бран претставува ризик и за животните, предупредува АХВ. Високите температури, особено во комбинација со влага и недоволна вентилација, може да предизвикаат топлотен удар, кој доколку не се третира навреме може да има и фатален исход за животните. Од АХВ советуваат да се реагира доколку се забележи исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите. Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаМакедонија влегува во период на екстремно високи температури – расте опасноста од нови пожариАларм! Тревога! ве молам бидете внимателни - доволна е само една искра за катастрофален пожар и страшна трагедија!Македонија ја зафаќа силен топлотен бран што создава висок ризик за брзо настанување, ширење и тешко гаснење на пожарите на отворен простор, алармира првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Освен инструкции за превенција од потпалување, тој упати и апел до граѓаните да го пријават секое сомнително однесување на лица кои на отворен или шумски простор се забележани со лесно запаливи материјали и течности. -Половина Европа гори, затоа ве молам не фрлајте отпушок од цигара на отворен простор, особено не од возило во движење. Не палете скара или оган на отворен простор или во шума, исчистете ја тревата од дворовите на вашите викендици и куќи. Пријавете доколку забележите лабави електрични жици помеѓу две бандери во ЕВН или на 112. Земјоделци, ве молам не палете ги вашите стрништа. Сточари, ве молам не палете ги вашите пасишта,- -Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. Ангелов уверува дека во оваа сезона на пожари, ДЗС настапува со засилен технички и човечки капацитет – има поголем број на противпожарни возила, меѓу кои 20 пинцгауери, 15 БТРи И 5 хермелини а низ државава работат 900 професионални пожарникари како и 200 доброволци, изјави Ангелов. -За прв пат после долги години, имавме три функционални ер трактори со три пилоти, кои навистина одлично ја вршат својата работа. Имаме три функционални хеликоптери, еден пола-хеликоптер кој ќе го користиме за извидување како и два хеликоптери кои ќе ги користиме за транспорт на луѓе. На располагање имаме и еден армиски хеликоптер со ведро со носивост од три тона,- -Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. Ангелов додаде дека во случај на големи пожари низ територијата на државава, на располагање се и припадниците на армијата и полицијата, меѓутоа, како што вели човечкиот фактор останува најчеста причина за пожарите, за кое е предвидено и кривично дело, со парична или затворска казна од 1 до 10 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08