Османи: Само претседателот Радев има политички мандат да го повлече ветото

Можноста да се добие почеток на преговори за членство на 24 и 25 јуни на Самитот на лидери на ЕУ е теоретска, имајќи предвид дека во моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст, и единствено претседателот на државата има целосен политички мандат и можност да се повлече ветото, односно да се донесе одлука на самиот Самит на лидери, изјави денеска на прес-конференција шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Тоа не е прашање дали сум јас оптимист или не, туку е прашање на констатација на Европската комисија, на сите 26 земји членки. Еве денеска пред вас и министерката за надворешни работи на Шведска рече дека Македонија треба да ги почне преговорите. Оттука, ова е прашање на ЕУ што понатаму со процесот, но имајќи предвид дека тоа е во стратешки интерес и на Бугарија дека сепак ќе се рефлектира и ќе се даде тоа зелено светло на 24 и на 25 јуни, посочи Османи.

Османи истакна и дека се гласни ставовите на останатите 26 членки, дека е неоправдано оти Бугарија не е подготвена да даде зелено светло за преговарачката рамка и за одржување на меѓувладина конференција во јуни, и сметаат дека Македонија одамна ги има исполнето условите и дека навистина е крајно време да ЕУ ја даде пораката кон регионот, но посебно кон земјава чие досие е тест за кредибилитетот на овој процес.

Осврнувајќи се на посетатата на Бугарија, Османи рече дека е воспоставен отворен дијалог меѓу двете страни по однос на сите разлики и оти го споделиле ставот дека португалскиот предлог е најдоброто решение што ги адресира и барањата на Бугарија и очекувањата на Македонија, но исто така и очекувањата на земјите членки на ЕУ.

Шефот на дипломатијата рече дека размениле идеи како да се дојде до крајно решение, како да се надминат одредени разлики што постојат во однос на содржината на патоказот, како и разлики по однос на позицијата на патоказот во самиот процес на преговори.

– Прашувате зошто не зборуваме јавно за тие идеи. Затоа што тие се се уште предмет на идеи што се разменети од двете страни и се додека нема сигнали од која било страна дека која било од разменетите идеи може да биде основа за надминување на разликите, сепак остануваат само предлози, само идеи, што мислам дека не треба да бидат предмет на јавна дебата, туку се уште на ниво на дипломатска комуникација, бидејќи таквите процеси бараат таков пристап. Но, бидете сигурни дека доколку има најмала индикација дека која било идеја може да прерасне во основ за надминување на разликите, прво ќе биде информирана јавноста пред ние да заземеме каков било став, дециден е Османи.

Според него, важна е атмосферата, довербата и комуникацијата, тоа што беше изгубено во првото тримесечје или пак во претходната година пред изборите во Бугарија.

Османи посочи и оти е важно да се донесе одлука во јуни, во спротивно, повторно ќе треба да се седне на маса и да се разменуваат предлози и идеи.

– Се плашам дека во контекстот пред кој се наоѓаме, а тоа се внатрешните изборни динамики во двете земји, динамиките во неколку земји членки важни на ЕУ што исто така влегуваат во изборен процес, дека и покрај можеби хипотетички нашата добра волја на двете страни ќе нема добра подлога во ЕУ за да се направи исчекор, истакна Османи.

Шефот на дипломатијата, во однос на прашањето за јазикот, рече дека тоа прашање го третира португалскиот предлог.

– Таму има предлог и за разликите што постојат по однос на јазикот во текстот на преговарачката рамка и ние сметаме дека тој предлог е добра основа за решение, повлече министерот.

Јулија Навална остро за инаугурацијата на Путин: Нашата држава ја води лажго, крадец и убиец

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, денеска по повод инаугурацијата на Владимир Путин за претседател на Русија изјави дека неговиот режим се заснова на лаги и корупција и дека мора да му дојде крајот.

„За мене лично, последните шест години од владеењето на Путин беа годините во кои мојот сопруг, Алексеј Навални, вистински руски патриот, беше прогонуван, отруен со хемиско оружје, суден, мачен во затвор три години, а потоа убиен. “, рече Навална и го обвини рускиот претседател за сето тоа.

Како што рече таа во видеото објавено на Јутјуб, со секој негов мандат сѐ се влошува и додаде дека е страшно да се замисли што друго ќе се случи доколку Путин остане на власт.

„Секојдневно ни се крадат огромни суми пари за да се бомбардираат мирните градови“, им порача Јулија на руските граѓани и истакна дека Путин се плаши да ги открие вистинските бројки на жртвите на „крвавата и бесмислена војна што никој не ја сака освен него“.

Таа рече дека Русија со Путин „нема да има ниту мир, ниту развој, ниту слобода“, и дека тој го изневерил ветувањето дадено за време на последниот инаугуративен говор кога рече дека сака мирна Русија, безбедна за нејзините граѓани.

„Пред два месеци Русија доживеа масовна трагедија, еден од најголемите и најстрашните терористички напади во поновата историја. Руските безбедносни сили не успеаја да го спречат и дозволија десетици наши сограѓани да загинат. А сепак, секој ден мирно апсат поединци за новинарство, ставови или дури објава на социјалните мрежи“, рече Навална.

Таа додаде дека мора да се осигура дека никој во светот нема доверба во Путин, ниту во Русија, ниту надвор од нејзините граници.

„Нашата држава моментално ја води лажго, крадец и убиец, но на тоа ќе дојде крајот. Не се откажувајте, вистината ќе победи“, заклучила Јулија.

Кривични пријави против поранешен градоначалник и директорка на детска градинка во Скопје

Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување против директорка на детска градинка во скопска општина, како и против поранешен градоначалник на скопска општина.

Од МВР информираат дека директорката на детската градинка на 12.05.2021, по објавен оглас за јавна набавка на стоки со пречекорување на своите службени овластувања, знаејќи дека максималниот износ на набавката требало да биде во вредност од 1.300.000,00 денари без ДДВ. Средствата требало да бидат обезбедени од сопствената сметка на договорниот орган. Директорката на градинката како најповолен понудувач избрала правно лице од Скопје, иако понудило цена во износ од 1.329.800,00 денари без ДДВ, за што донела и Одлука за обезбедување на дополнителни средства и изменување на одлуката за јавната набавка и склучила Договор за јавна набавка на вкупен износ од 1.569.164,00 денари со вклучен ДДВ, иако од истото правно лице не била доставена банкарска гаранција со самото склучување на договорот во износ од 156.916,00 денари. Правното лице исто така не го испочитувало рокот за достава и набавените машини и наместо за 15 дена ги доставило со задоцнување од околу 150 дена од склучувањето на договорот, по што првопријавената М.Р. со неизвршување на своите службени овластувања, наместо да го раскине склучениот договор со избраниот понудувач, да активира негативна референца во е-системот на Бирото за јавни набавки и да поведе постапка за наплата на договорената казна во износ од 81.596,00 денари, таа не го направила тоа.

Како што стои во соопштението, второпријавениот како градоначалник на една скопска општина со пречекорување на своите службени овластувања, иако знаел дека средствата за плаќање на машините требало да бидат обезбедени од сопствената сметка на градинката, извршил промена со проширување на буџетот на општината во делот дотации во износ од 1.534.000,00 денари и истите на 29.11.2021 ги префрлил на сметката на градинката. Парите од страна на првопријавената М.Р. истиот ден биле платени кон избраниот понудувач, додека на 22.12.2021 година извршила плаќање на средства во износ од 35.164,00 денари од сопствената сметка на градинката. На овој начин првопријавената и второпријавениот го оштетиле буџетот на општината за износ од 1.534.000,00 денари, додека првопријавената го оштетила буџетот на градинката во износ од 273.676,00 денари како ненаплатена банкарска гаранција и договорена казна и исплатените парични средства од сопствената сметка. Тие на овој начин му овозможиле на правното лице од Скопје да се стекне со противправна имотна корист во износ од 1.807.676,00 денари.

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

притисни ентер