Како главна причина за тоа, Османи ги наведе изборите во Грција, каде според сите резултати, се очекува промена на власта и победа на опозициската Нова Демократија. Прашањето за тоа кога земјава ќе добие датум за преговори, вицепремиерот најави дека ќе биде и тема на средбата Заев -Меркел идната недела.
Од Владата во неколку наврати до сега посочија дека се оптимисти и очекуваат земјава летово да добие датум за преговори, без разлика дали ќе бидат во пакет со Албанија или посебно. Пред неколку дена премиерот Заев пак кажа дека доколку тоа не се случи, извесен е и пад на владата. Оптимизмот на Владата не го споделува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, според него, отсуството на резултати на Владата, ја оддалечува земјава од ЕУ.
Земјава пред две недели ја доби 10 по ред позитивна и најчиста препорака досега за отпочнување на преговори со ЕУ. Сепак, битката за добивање датум за преговори ќе биде на самитот на Европската Унија треба да се одржи за на 20 и 21 јуни во Брисел.