Османи: По процесот на идентификација,организирано и достоинствено ќе бидат пренесени останките

Министерството за надворешни работи ги координира активностите во врска со справување на последиците од автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица државјани на Македонија, заедно со бугарското МНР. 

Процесот на идентификација на жртвите е во тек, а по негово завршување ќе следи организирана постапка за пренос на телата на починатите, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Не знам дали трагедиите можат да се мерат по големина но денес е навистина тажен ден. Верувам дека сите ние денес живееме еден од најтажните денови во поновата историја на земјата, рече Османи вечерва на заедничка прес-конференција во Владата со министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за транспорт и врски, Благој Бочварски..

За време на посетата утринава во Софија Османи информираше дека воспоставиле директни линии на соработка на повеќе нивоа со бугарските власти во врска со несреќата, соодветно на договорените насоки. Уште веднаш во МНР се активираше работна група во насока на координација на активности во врска со справувањето на последиците од оваа голема трагедија во која се вклучени најискусните дипломати и конзули од МНР.

-Во текот на денот овозможивме измена на ковид-протоколите за граѓаните, односно членовите на семејствата кои имаа потреба да патуваат во Софија да патуваат без ограничувања од ковид-протоколи, Се активираше сос – телефонот на МНР и во текот на целиот ден беа контактитрани семејствата на сите загинати, но и на повредените кои имав можност денеска да ги посетам и разговарам за нивното здравје и за нивните впечатоци за несреќата. Дадов насока да се пратат двајца искусни дипломати кои се веќе во Софија со што се зголемува човечкиот капацитет на нашата амбасада во Софија со цел да може да понуди помош на граѓаните во текотѕ на процесот на идентификација на жртвите на оваа трагедија, рече Османи.

Најави дека утре продолжуваат со координативните активности според динамика договорена со колегите од Софија. -Правосудните институции се во директен контакт во врска со завршување на процесот на идентификација преку ДНК анализата. Како МНР отворивме линии за брза размена на информации со цел да се координираат активносатите на роднините на настраданите за процесот на идентификација. По завршување на процесот на идентификација ќе следи организирана постапка за пренос на телата на починати што ќе се координира со МНР на Бугарија, кои преземаа обврска за координација на останатите институции кај нив во Софија, рече Османи.

-Што и да направиме денес не можеме да ја надоместиме загубата ниту да ја покриеме тагата, 45 наши сограѓани, деца, жени, сопрузи, сопруфи веќе не се со нас. Она што како МНР ќе го направиме е да им обезбедиме на семејстава достоинство во овие за нив најтешки мигови со цел да ги добијат вистинските информации, идентификација и достоинствено пренесување на останките овде од Софија, рече Османи.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер