3НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
БалканОсмани од говорницата на ЕП им порача на Србите дека Косово е и нивен дом„Косово е фокусирано на европската иднина и убедена сум дека евроатлантските интеграции наскоро ќе бидат нашата иднина“, рече косовската претседателка Вјоса Османи во денешниот говор во Европскиот парламент.Таа ја искористи можноста да им порача на косовските Срби дека Косово е и нивен дом. Османи е првата претседателка на независно Косово што се обрати пред Европскиот парламент, 25 години откако ЕП на „визионерскиот“ лидер на Косово, Ибрахим Ругова, му ја врачи наградата Сахаров за слобода на мислата во Стразбур. „Република Косово и нејзиниот народ продолжуваат да гледаат кон иднината - европската иднина. И како што е напишано во нашиот Устав, евроатлантската интеграција е нашата прва и единствена дестинација. Тоа не е само наша амбиција, туку и наша цел; јас сум убедена дека тоа наскоро ќе биде нашата иднина“, рече Османи и доби громогласен аплауз на одобрување од европратениците. Таа рече дека Косово не е некоја далечна земја, туку составен дел на Европа. Западен Балкан не е само „соседство“, туку природен дел од Европа и е од стратешки интерес за траен мир и стабилност на континентот“, рече Османи. Затоа, продолжи таа, „лани поднесовме барање за членство и се надеваме дека европските институции и земјите членки ќе го поддржат нашето барање“. „Сметаме на лидерството и одлучноста што овој парламент толку често ги покажува. За возврат сакам да ве уверам дека нашето трпение нема да згасне. Никогаш нема да скршнеме од нашиот евроатлантски пат“, рече Османи, нагласувајќи дека Косово е 100 отсто во согласност со одлуките на ЕУ за прашањето на надворешната политика и безбедноста. Во својот говор таа потсети дека по прогласувањето независност на 17 февруари 2008 година, Косово тргна по неверојатен пат на трансформација, раст и просперитет. „Неуморно работиме на зајакнување на институциите, поттикнување на економскиот раст и зајакнување на нашата демократија“, рече Османи. „Косово со своето динамично и младо население е посветено на владеењето на правото, борбата против корупцијата, транспарентноста и почитувањето на човековите права без разлика на етничката, верската или потеклото, рече Османи. „Вредностите на ЕУ се наш морален компас (...) подадевме рака за соработка на сите наши соседи и решени сме да ги заштитиме и промовираме правата на сите граѓани на Косово. Им велам на Србите во Косово : Косово е вашиот дом, ќе направиме се што е во наша моќ да се чувствувате заштитени, да не бидете оставени настрана, да сте еднакви и да ве слушаат“, рече Османи. Осврнувајќи се на актуелната ситуација, таа потврди дека нејзината земја се соочува со безбедносни предизвици и дека единствениот начин за нивно надминување лежи во партнерствата и сојузите. „Недостигот од интеграција на демократските земји од Западен Балкан претставува голема безбедносна закана за цела Европа бидејќи го остава регионот ранлив на закани и злонамерни актери. Интеграцијата на нашиот регион не е само од исклучителна важност, туку и на стратешко значење“, рече Османи. Членството на Словенија и Хрватска, посочи претседателката, „дополнително ја зајакна, а не ја ослабна позицијата на ЕУ“. „Членството на Албанија, Македонија и Црна Гора во НАТО го зајакна регионалниот мир и стабилност, а не го ослабна“, рече Османи и изрази уверување дека ЕП ќе продолжи да игра важна улога во застапувањето на интеграцијата на Косово. „Што се однесува до нас, можам со сигурност да ви кажам дека она што го сакаат народот и институциите на Косово се мир и стабилност“, додаде Османи. Таа не пропушти да се осврне и на руската агресија врз Украина, велејќи дека „непотребни се политички и филозофски дискусии“, бидејќи е јасно дека „нема пат кој е сива зона кон демократијата и слободата“. „Нема половичен пат во борбата против автократијата и тиранијата и затоа европскиот пат е од историско значење. Но, мора да одиме чекор понатаму и да гарантираме победа на Украина и праведен мир“, рече Османи. Косово и Украина, додаде таа, „споделуваат тажна историја на заедничка европска почва, но и иднина со голем потенцијал и можности во заедничкото европско семејство“. За Украина и Косово осамнува нова зора на мир и членство во ЕУ. За Европа тоа значи сила во нови сојузи и единство“, заклучи Османи. Шефот на ЕП, Роберта Мецола, најавувајќи ја Османи како гостинка на Европскиот парламент, рече дека од 1 јануари следната година на граѓаните на Косово повеќе нема да им требаат визи за ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд полноќ значително намалување на цените на гориватаНово значително намалување на цените на горивата. Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари... Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар. Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во ГерманијаМицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана. Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран. Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио. Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ. Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија. Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок. Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката. Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок. Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ. Тоа што преземале банка сега е под истрага. Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп. Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух. И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Скопје,9.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter