Османи: Мнозинство има, очекуваме преку разговорите да се зголеми дополнително

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави оти мнозинство во Парламентот има, и оти очекува тоа дополнително да се зголеми.

– Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие сериозни активности на Владата, изјави Османи на прес-конференција за буџетот на Министерството за надворешни работи за 2022 година.

На новинарско прашање кој е тој 61 пратеник за кој СДСМ вели дека го има како владејачко мнозинство и дали можеби е тоа пратеник од Алијанса за Албанците, Османи одговори дека мнозинство има и тоа може да го потврди.

Тој дополни дека не може да има конкретни решенија без да се заврши целиот пакет на преговори, кога, како што рече, „мислам дека самите пратеници ќе кажат кои се дел од мнозинството и ќе ја поддржат оваа евроатланска Влада".

Османи истакна дека наредниот период е исклучително важен за стратешките правци на државата за постигнување на одредени стратешки цели. Според него, секоја дестабилизација на Владата во овој период може дополнително да влијае негативно на постигнување на тие цели и да ја претвори државата од дел од решението во дел од проблемот.

– Мислам дека никој во државата не сака да се впери прст кон државата како причина за нерешавање на одредени прашања или, пак, незапочнување на преговорите со Европската Унија, бидејќи не бевме досега така. И покрај тоа што бевме предизвикани на сите можни начини, и внатре, и надвор, не дозволивме државата да биде дел од проблемот, туку да биде проактивната страна која се обидува да најде решение, истакна Османи кој дополни дека смета дека во овој период Владата треба да продолжи како што е, се разбира, како што рече, „со зајакнување на нејзините капацитети и поддршка во Собранието".

Во однос на преговорите со Алтернатива, Османи истакна дека тие разговори се заеднички помеѓу сите коалициски партнери, меѓутоа, како што кажа, во име на сите коалициски партнери истите ги спроведува премиерот, бидејќи, рече, „ние имаме разговори, меѓутоа, конкретните детали во однос на програмата на Владата ги пренесува премиерот во координација со нас".

Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија.

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти.

Холандската интервентна полиција рано утринава го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам, при што уапси околу 125 лица во повремено насилните судири, соопштија властите.

Во пораките објавени во текот на ноќта на социјалната мрежа X, полицијата наведе дека мора да дејствува за да го запре овој настан и да ги растури шаторите поставени од демонстрантите кои беа насилни кон полицијата.

„Полициската рација беше неопходна за да се воспостави ред. Ги гледаме снимките на социјалните мрежи. Разбираме дека тие снимки може да изгледаат интензивно“, соопшти полицијата.

Локалните медиуми покажаа како демонстрантите пукаат со пиротехнички средства кон полицајците, но засега нема извештаи за повредени од двете страни.

„Сега сè е тивко... полицијата останува во близина на кампусот во Ротерсајланд“, соопшти полицијата подоцна на X.

Холнадскиот министер за образование во заминување, Роберт Дијкграф, изјави дека универзитетите се место за дијалог и дебата и дека е разочаран што полицијата морала да интервенира.

Студентските протести поради војната и академските врски со Израел почнаа да се шират низ Европа, но останаа многу помали од оние во САД.

Ван Дајк цел на голем број врвни клубови

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура. 

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

Триесет и двегодишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.

На две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул е трет на табелата со 78 бодови, зад лидерот Арсенал кој има 83 и Манчестер сити кој собра 82 бода и има натпревар помалку.

притисни ентер