Османи: ДУИ е сигурен победник, коалициите тема на разговор по изборите

Портпаролот на Централниот изборен штаб на ДУИ Бујар Османи очекува неговата партија да биде сигурен победник на претстојните предвремени парлементарни избори во албанскиот блок.

И да ја оствари една од најголемите победи во нејзиното политичко постоење зашто е „кормилар на евроатлантскиот пат во државата" и не ја исклучува можноста за правење постизборни коалиции.

– Сега сме фокусирани да комуницираме со граѓаните и да ја добиеме нивната поддршка. Прашањето на коалициите станува тема на разговор по изборите, откако граѓаните ќе одлучат кој има право да формира коалиција, рече Османи на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Според него, општо е познато во државата, но и кај меѓународната заедница дека ДУИ е заштитник (гардијан) на трите договори – Рамковниот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија за добрососедство.

– Имајќи ја предвид улогата на заштитник на трите договори такви ќе бидат и понатамошните одлуки на ДУИ во однос како ќе функционира државата. На граѓаните им е јасно дека ДУИ е партија која испорачува, има визија и има конзистентност. Може да доцни, но секогаш испорачува. Сметам дека граѓаните очекуваат од политичките партии да не прават по цел ден партиски калкулации како да опстојат на политичката сцена преку непринципиелни коалиции и здружувања, туку да работат во нивниот интерес. Во ДУИ особено Албанците го гледаат нивниот интерес и поради историјата и поради листата на испорачани прашања кои ги има во целиот мандат. Затоа сме апсолутно убедени дека оваа ќе биде една од најголемите победи на ДУИ, рече Османи.

За обвинувањето дека ДУИ ги уценувало партиите од македонскиот блок, Османи рече дека тоа го правеле ако уценување е потребата од донесување на решение за решавање на спорот со името и отворање на патот кон НАТО и ако уценување е потребата за потпишување на Договорот со Бугарија или потребата од донесување на Законот за јазици за релаксирање на меѓуетничките односи со цел создавање на инклузивна држава.

– Тогаш ДУИ уценувала, но никогаш за партијата, секогаш за интересот на граѓаните и секогаш за потребата државата да оди напред. Горди сме дека со овие прашања сме условувале влади, но токму тие прашања денеска не доведоа до ситуација да можеме да кажеме дека де факто сме веќе членка на НАТО и дека патот кон ЕУ е силно полочен, посочи Османи.

Во врска со кршењето на неколку двојазнични табли на институции напишани и на албански јазик, тој рече дека тоа е најверојатно направено заради непознавање на Законот за јазици.

– Законот е јасен. Подрачните единици на министерствата или институциите кои покриваат најмалку една општина во која има повеќе од 20 проценти Албанци се довјазични институции. Тоа значи дека подрачните единици во Прилеп кои ја покриваат општината Долнени исто така се двојазични затоа што според Законот покриваат најмалку една општина со 20 отсто Албанци, како и во Велес кои ја покриваат општината Чашка, а тамошниот Фонд за здравство дури го покрива и Липково. Повикувам на смиреност има Агенција за имплементација на јазикот и Инспекторат и треба да им дозволиме на институциите да го имплементираат законот, потенцира Османи./МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер