Османи - Борел: Да не се дозволи назадување во ЕУ интеграцијата - Канал 5

Османи - Борел: Да не се дозволи назадување во ЕУ интеграцијата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на работната посета на Шпанија, имаше средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел. 

Османи - Борел: Да не се дозволи назадување во ЕУ интеграцијата

Во фокусот на разговорите беше европското досие на Македонија, при што Османи го брифираше шефот на европската дипломатија за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени, како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ, соопшти МНР.

- Со усвојувањето на уставните измени Северна Македонија докажува дека е подготвена за членство во Европската Унија, а очекува од Унијата пристапните преговори да завршат до крајот на 2030 година. Оттука, ни земјата ни Унијата не смеат да дозволат никакво евентуално назадување од целта, рече Османи.

Уверувајќи го Борел за максималните напори на Владата за европеизација на целокупниот политички систем преку веќе утврдените неопходни реформи, рефлектирани и во позитивните извештаи на Европската Комисија, Османи го поздрави новиот План за развој на Европската комисија како навремен одговор на нашето барање за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон пристапно членство.

- Поголема интеграција пред самото членство во ЕУ е во наш, но и во интерес на Унијата: Што поразвиен партнер денес, значи покорисен сојузник утре, истакна Османи на средбата со Борел.

Соговорниците разменија мислења и за други актуелни теми , со акцент на последните случувања во регионот, а стана збор и за соработката меѓу Унијата и ОБСЕ, со која претседава министерот Османи, се наведува во соопштението од МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет потврдени случаи на ковид во Болницата Козле

Две бебиња со компликации на ковид се примени во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“,кај десетина деца е потврден ковидот лабораторски во текот на претходната недела.

Десет потврдени случаи на ковид во Болницата Козле

Едното бебе имало исип и висока температура и имало сомневање за морбили, но лабораторијата потврдила ковид. Педијатарите објаснуваат посебно внимание со новороденчињата и бебињата во овој период, пред се оние кои не се вакцинирани поради малата возрст со МРП вакцина.

„Шест месечно бебе доенче, е примено со осип на кожат и висока темпертатра, првите сомнежи беа дека има ситни сипаници. Но, се потврди дека е ковид. Второто дете е старо 40 дена со висока температура и потврден ковид“, вели прим.д-р Елена Ѓиновска Тасевска од детската клиника Козле.

Засега нема потврдено грип и РСВ вирус кај малите пациенти од болницата Козле, најчести се респираторните вируси и дневно има до 100 прегледи, за викенд и до 120.

„Родителите за секоја температура и настинка да не одат во болница, има поболни деца во чекалните со адено вирус и може да се разболат дополнително“, вели прим. Тасевска.

Од ИЈЗ потврдија дека нема нови случаи со морбили, потврдени беа кај пет лица, кои не биле вакцинирани против морбили.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта го одби барањето на СДСМ предлог – Законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на пратеничката од опозициската СДСМ Сања Лукаревска да биде повлечен од дневен ред предлог-законот за јавни набавки.

Власта го одби барањето на СДСМ предлог – Законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Опозициската партија вчера поднесе над две илјади амандмани на предлог – законот, откако претходно претседатлката Сиљановска Давкова стави вето поради членот што овозможуваше неограничената можност за реизбор на составот на Државниата комисија за жалби..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте поддршката на иницијативата за воведување електронска нараквица

Идејата за електронска алка повторно се актуелизираше по фемицидот на Билјана Кириќ од Богданци.

Расте поддршката на иницијативата за воведување електронска нараквица

Откако повеќе од 15 илјади граѓани кажаа „да“ на електронската петиција за да насилници што имаат судска забрана за приближување да носат електронски алки за следење, Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство на „трета среќа“ треба да се најде пред пратениците.

Моника Зајкова од ЛДП вели дека не треба да има изговори како „немаме пари“ за да се донесе законот кој како што вели, може да спаси животи. Имплементацијата, како ќе се воведе системот и колку пари и обуки ќе бидат потребни може да следи само откако ќе има донесен „закон“ црно на бело, вели Зајкова.

Со предлог-текстот се предвидува насилникот кој има забрана да се приближи до жртвата да носи алка, електронската нараквица чија функција е да ја предупреди жртвата и да ги алармира надлежните кога насилникот е поблиску од законски утврденото растојание. Иницијативата на Зајкова два пати досега е одбивана.

Идејата за електронска алка повторно се актуелизираше по фемицидот на Билјана Кириќ од Богданци, која беше запалена во автомобил од партнерот кој имал судски мерки, а од кого се обидувала да се раздели, кој подоцна си го одзеде животот. Таа имаше 17 години. Претходно во Велес од својот партнер беше убиена и 31-годишната Росица Коцева, а и двете жени претходно го пријавуваа насилството во полиција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер