Грчкото министерство за надворешни работи, како што пишува грчкиот весник „Документо“ упатило строг демарш до Стејт Департментот, по што Мичел наводно му се извинил на грчкиот министер Коѕијас. Изјавата, американскиот дипломат ја даде за време на сослушувањето во Комитетот за надвореши односи на американскиот Сенат пред две недели.
-На Балканот, ние одигравме водечка улога во решавање на спорот за името меѓу Грција и Македонија, изјави Мичел.
Атина, според „Документо“ во демаршот реагирала и на тоа што Вашингтон си го припишал себе си успехот за постигнувањето на Преспанскиот договор.
-Неприфатлив е фактот како „архитект“ на решавањето на проблемот да се појавува Вашингтон, од моментот кога договорот можеше да се постигне, благодарение на упорните напори на грчката дипломатија и уште повеќе, без Грција да биде на располагање да прифати било каков притисок од САД или од други западни или источни престолнини, пренесува весникот „Документо“.
Мичел, според најавите е еден од високите гости, кои се очекува месецов да ја посетат земјава во пресрет на референудмот. Одговарајќи на новинарско прашање дали Европската Комисија и помага на Македонија да се бори против странското мешање во кампањата и лажните вести од надворешни фактори, портпаролката Коцијанчич вели - европските служби ја споделуваат својата пракса во оваа област, но дека организацијата на референдумот е пред сѐ во рацете на државата, како суверена земја.
-ЕУ го поддржа постигнатиот договор за името, сега низа чекори треба да се случат за договорот да стане дефинитивен Референдумот е моментот кога народот може да го искористат своето демократско право, ова е важен момент за нив да одлучат за иднината на нивната земја и треба да им биде овоможено тоа да го направат без надворешно мешање, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на Европската Комисија.
Дипломатската предреферендумска офанзива ја заокружи Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој во интервју за Катимерини ги повика Грција и Македонија порача дека го ратификуваат Преспанскиот договор. Тој изрази надеж дека протоколот за интергација на земјава во НАТО би можело да се потпише во првата половина од следната година.