БалканОслободени се сите обвинети за обидот за државен удар во Црна Гора Сите обвинети во случајот „државен удар“ во Црна Гора денеска се ослободени со одлука на Вишиот суд, дознава црногорска Побједа.Одлуката ја донесе тричлениот судски совет предводен од судијата Зоран Радовиќ. Ослободените, меѓу кои се и лидерите на поранешниот Демократски фронт Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, претходно беа обвинети за обид за насилно соборување на владата во 2016 година во пресрет на приемот на Црна Гора во НАТО. Пресудата против обвинетите за обид за тероризам на денот на парламентарните избори во Црна Гора, на кои сите беа осудени на затворски казни, пред три години во Апелациониот суд беше укината и беше наредено повторно судење. Специјалното обвинителство предводено од главниот специјален обвинител Владимир Нововиќ, кој беше избран по политичките промени во 2020 година, целосно се задржа на претходното обвинение, кое го застапуваа сега уапсениот поранешен ГШТ Миливое Катниќ и поранешниот специјален обвинител Саша Чаѓеновиќ, потсетува Побједа. Новите специјални обвинители му предложија на судот организаторите на криминалната група, руските државјани - Едуард Шишмаков да се осуди на 15 години, а Владимир Попов на 12 години. Тие побараа и поранешниот командант на српската жандармерија Братислав Дикиќ да биде осуден на единствена казна од осум години затвор. За Предраг Богиќевиќ и Немања Ристиќ во завршниот збор беше предложена затворска казна од седум години. За Бранка Милиќ СДТ предложи казна затвор од три години, додека за Милан Душиќ и Србољуб Ѓорѓевиќ една година и шест месеци, а за Драган Макшиќ една година и девет месеци затвор. Една година и шест месеци затвор е побарана за Михаило Чаѓеновиќ. За Кристина Христиќ беше предложена условна казна. Во обвинението се наведува дека се работи за криминална организација која на денот на парламентарните избори на 16 октомври 2016 година со помош на Демократскиот фронт се судрила со црногорската полиција и насилно го окупирала Парламентот на Црна Гора, како и киднапира и да го убие тогашниот премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Пејачка го покажа бујното деколтеПопуларната пејачка Лидија Бачиќ Лили, позната по својата енергија и активната комуникација со обожавателите, повторно го привлече вниманието со својата најнова објава на Инстаграм. По серијата летни концерти долж крајбрежјето, пејачката сподели неколку фотографии со кратка и едноставна порака, откривајќи интересен моден избор. Облечена во црн горен дел од бикини од тантела и тексас-здолниште со висок струк, пејачката позираше потпрена на една голема карпа, прикажувајќи опуштена летна комбинација. Нејзината објава, проследена само со краткиот поздрав „Здраво“, предизвика лавина реакции, а фановите, како и обично, ја опсипаа со комплименти и емотикони во форма на оган и срце. Атрактивната пејачка и претходно објави фотки во бикини кои со воодушевување беа прифатени од нејзините фанови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа излез од Македонија на Богородица и Дојран се чека три часаПовеќе од 17000 лица ја напуштиле македонија во последните 24 часа преку ГП Богородица и ГП Дојран кон Грција.Во истиот период во земјава влегле околу 16000 птници, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи. Преку Богородица во Македонија влегле 5864 македонски државјани а изглегле 5948, од странски државјани влегле 10249, а излегле 11648. На Дојран се евиндентирани 399 влегувања и 1104 излегувања на македонски државјани , странци 1295 влегле, 1174 излегле. Поради големената фреквенција на двата гранички премини се создадени долги колони возила, најголем метеж беше забележан на Дојран, каде колоната возила се протегаше низ целиот Стар Дојран. Од МВР велат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресусри за побрз проток на патниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово ГостиварАвтобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот. Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09