Ослободен после 70. години од погубувањето - Канал 5

Ослободен после 70. години од погубувањето

Џорџ Стини Џуниор е најмладиот човек врз кој е извршена смртната казна во САД во 20. век. На судењето во 1944. година немало докази ниту сведоци.

Ослободен после 70. години од погубувањето
Погубен е на електрична столица во 1944. година, но после повеќе од 70 години пресудата со која е осуден на смрт е поништена. Апелациониот судија Кармен Мален изјави дека брзината со која детето е осудено е шокантна и екстремно неправедна и дека тој случај е еден од најнеправедните во нејзината кариера.

Црномурестото дете е осудено на смрт поради наводното убиство на две бели девојчиња во Јужна Каролина, на судењето кое траело помалку од три часа и на кое немало никакви докази немало и сведоци.

Во текот на испитувањето бил одвоен од родителите и правниот советник, а тие кои го подржувале тврдат, дека детето толку било уплашено што би рекло се за да ја направи полицијата задоволна, иако немало никакви физички докази кои го поврзуваат со смртта на девојчињата.

Стини и неговата сестра Ејми Рафнер се последни кои ги виделе живи девојчињата од седум и 11 години во близина на градот Алколуа. Таткото на Стини бил дел од тимот кои ги пронашол телата на девојчињата, неколку часови подоцна во една јама.

Случајот често е земан како пример за тоа како правниот систем може експресно да ги уништи црнците во ерата на сегрегацијата, во текот на која сите истражувачи, обвинители и судии биле белци.

Семејството на детето потврди дека инсистирала дека тој е невин и во јануари побарале од судијата да нареди повторно судење, со цел правдата да излезе на виделина, тврдејќи дека постојат нови докази за злосторството.

Овој пат е обезбедено дводневно судење во кое експертите го преиспитале неговото признание и резултатите на обдукцијата, додека судијата ги сослуша неговите браќа и сестри и вклучените во потрагата за девојчињата. Повеќето докази од првото судење исчезнале, а речиси сите сведоци се умрени.

На судијката Мален и било потребно речиси четири пати повеќе време да донесе одлука во случајот на Стини, отколку тоа што првобитно било потребно за да се уапси и погуби во 1944. година.

„Не можам да замислам поголема неправда од овој случај“ – изјави судијката Мален.

Според неа признанието на Стини е најверојатно дадено под присила, а и тоа дека на првобитното судење можеби воопшто и немало сведоци.

Мален го ослободи Стини од обвинението бидејќи сојузната држава Јужна Каролина не обезбедила коректно и фер судење во 1944. година.

Стини е уапсен и погубен за три месеци. Егзекуторите забележале дека е премал за електричната столица кога е убиен - имало проблеми со ремените, електродата била преголема за неговата нога и поради тоа детето морало да седне на Библијата за да можат да го наместат на столицата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална средба во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на АПЕК во кинескиот град Шенжен.

Трамп, Путин и Си Џинпинг на историска трилатерална  средба во Кина

Пред средбата, Трамп изјави дека од разговорите можат да произлезат „прекрасни работи“.

Тој претходно имал и краток разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, во кој, меѓу другото, станало збор за директорот на „Нвидија“, Јенсен Хуанг нарекувајќи го неговото отстранување од компанијата „вистинска трагедија“ - Хуанг призна дека имал афера со жена која е обвинета дека шпиунира за Кина.

Подоцна е предвидена и заедничка тристрана средба на Трамп, Путин и Си Џинпинг, прва од ваков формат меѓу лидерите на трите земји. На дневен ред се очекува да бидат војните во Украина и Иран, нуклеарното оружје, трговските тензии и развојот на вештачката интелигенција.

Јавноста е загрижена, особено во Европа, дека трилатералната средба меѓу Си, Трамп и Путин ќе биде одраз на конференцијата на Јалта одржана во 1945 година, кога Втората светска војна се ближеше кон крајот,пишува Би Би Си.Таа конференција беше жестоко критикувана за одлуките што ја обликуваа иднината на помалите нации без нивно учество.Украинскиот претседателот Зеленски изрази стравувања дека состанокот би можел да доведе до договор за Украина без учество на Киев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со температури над просекот

Времето денес ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. 

Променливо облачно со температури над просекот

Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 l/m2). Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до крајот на седмицата ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 19. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор.

Кариера

Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден.

Здравје и совет

Легнете да спиете на време.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да спитите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате.

Кариера

Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој.

Здравје и совет

И натаму сте одлично.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив.

Кариера

Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост.

Здравје и совет

Вежбајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво.

Кариера

Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате.

Здравје и совет

Бидете што е можно поразумни.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете.

Кариера

Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате.

Кариера

веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот.

Здравје и совет

Штедете го грлото и гласните жици.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени.

Кариера

Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна.

Здравје и совет

Ви недостига трпение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин.

Кариера

Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци.

Здравје и совет

Редовно опуштајте се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна.

Кариера

Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа.

Здравје и совет

Немате грижи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи.

Кариера

Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател.

Здравје и совет

Останете будни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности.

Кариера

Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин.

Здравје и совет

Немир и незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите.

Кариера

Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања.

Здравје и совет

Некој нема да ви се допадне .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер