Оскаровска ноќ за „Медена земја" - Канал 5

Оскаровска ноќ за „Медена земја"

По 25 години нашата земја повторно има филм во трка за Оскар.

Оскаровска ноќ за „Медена земја"

Во театарот „Долби" во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. „Медена земја" е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм.

Петчлената авторска екипа – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката во филмот – пчеларката Атиџе Муратова ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста на 92-рото доделување на најпознатата филмска награда.

По 25 години нашата земја повторно има филм во трка за Оскар, првпат се случува да имаме две номинации, а првпат и во историјата на Американската академија документарен филм е номиниран во две категории.

За најдобар документарец конкуренти на нашиот филм му се британско-американската копродукција „За Сама", сириско-данскиот „Пештерата", бразилскиот „На работ на демократијата" и американскиот „Американска фабрика".

Во категоријата интернационален (странски/неанглиски) филм, покрај „Медена земја" во трка за Оскар се и јужнокорејскиот „Паразит", „Корпус Кристи" од Полска, „Клетници" од Франција и шпанскиот „Болка и слава".

По објавата на номинациите пред четири недели, тимот на „Медена земја" (Honeyland) им се заблагодари на членовите на Американската академија за тоа што филмот го нарекле материјал заслужен за Оскар.

– Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето. Ова не е само успех со историски размери, туку потврдува дека документарниот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување и стои рамо до рамо со фикционалната нарација. Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препозната, објави тимот на „Медена земја" по соопштувањето на двете номинации на 13 јануари.

Во меѓувреме снимателите Самир Љума и Фејми Даут ја добија наградата за најдобра кинематографија од Американското здружение на кинематографери, која првпат е доделена за категорија документарен филм. Во Лос Анџелес на 25 јануари наградата им ја врачи режисерот на филмот „Џокер", Тод Филипс, кој рече дека ова е златно време за документарните филмови.

Во пресрет на 92-то доделување на наградите Оскар, авторската екипа на нашиот наградуван филм присуствуваше и на традиционалниот оскаровски ручек кој за сите номинирани секоја година го организира Американската филмска академија.

На овој значаен настан беа и најпознатите личности од светот на филмот – Квентин Тарантино, Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо ди Каприо, Бред Пит ....

Нашата Агенција за филм соопшти дека номинациите во две категории се големо признание за македонската кинематографија и дека „Медена земја" „стана синоним за раскошно филмско дело, совршен филмски производ и неверојатно чувство на гордост".

-На 10 февруари со огромна возбуда очекуваме златната статуетка да биде во рацете на екипата на „Медена земја", порача Агенцијата за филм, која за поголема промоција на филмот објави честитка во специјализирани списанија – во печатеното издание на „Холивуд репортер" (Hollywood Reporter) и во електронското издание на „Скрин интернешенал" (Screen International).

Оскаровската ноќ – меѓу најгламурозните настани на планетата што се пренесува во повеќе од 220 земји и територии во светот, по наше време ќе почне во 2 часот, а час и половина претходно ѕвездите ќе поминат на црвената патека пред театарот „Долби".

Доделувањето на наградите ќе се пренесува онлајн на oscar.go.com, телевизискиот пренос кај нас ќе го има на ТВ Телма. Директно следење на шоуто по полноќ ќе организира и Младинскиот културен центар каде што претходно, од 22.30 часот, ќе биде прикажан „Медена земја" и ќе настапи групата „Фолтин" кои ја направија музиката за филмот. Влезниците се бесплатни и треба да се подигнат на билетарницата на МКЦ./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада

Осум месеци затворска казна и 3300 евра парична казна  доби Игор Дашковски Стојановски за  палењето на двете дипломатски возила на Бугарската амбасада во Скопје.

8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за  палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада

Инцидентот што се случи на 15 јуни годинава. Пресудата е за кривично дело загрозување лица и објекти под меѓународноправна заштита.

44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата.

Инцидентот предизвика осуда од македонските власти и зголемени тензии и реторика меѓу Скопје и Софија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028,Македонија во третиот шешир

 По одигрувањето на сите преостанати натпревари во Лигата на нации, познат е составот на сите шешири за квалификациите за Европското првенство во 2028 година.

Познати составите на сите „шешири“ за квалификациите за ЕУРО 2028,Македонија во третиот шешир

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по очајните резултати во Лигата на нации е во третиот шешир, што значи дека за противници во квалификациите не може да ги добие селекциите на Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија....

Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 7 декември во Белфаст, главниот град на Северна Ирска, еден од кодомаќините на ЕУРО 2028 заедно се Велика Британија.,

Составот на шеширите е следен:

Прв шешир: Шпанија, Португалија, Франција, Англија, Холандија, Грција, Италија, Белгија, Данска, Германија, Хрватска, Норвешка

Втор шешир: Велс, Чешка, Србија, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Босна и Херцеговина, Словенија, Северна Ирска, Унгарија, Ирска

Трет шешир: Македонија,, Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Романија, Словачка, Црна Гора, Исланд, Албанија

Четврти шешир: Белорусија, Финска, Кипар, Естонија, Бугарија, Луксембург, Фарски Острови, Ерменија, Молдавија, Казахстан, Латвија, Сан Марино

Петти шешир: Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора, Лихтенштајн .

Термините за одигрување на квалификациските кола за Европското првенство 2028 се следни:

1. коло: 26–27 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

2. коло: 29–30 март 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

3. коло: 11–12 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

4. коло: 14–15 јуни 2027 г. (само за групи со 5 екипи)

5. коло: 23–25 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

6. коло: 26–28 септември 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

7. коло: 30 септември – 2 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

8. коло: 3–5 октомври 2027 г. (за групи со 4 и 5 екипи)

9. коло: 11–13 октомври 2027 г. Ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи)

10. коло: 14–16 ноември 2027 година (за групи со 4 и 5 екипи) .

Полуфиналните натпревари од плеј-офот се играат од 23 до 25 март 2028 година, а финалето од плеј-офот – од 26 до 28 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: И Трамп пристигна во Шенжен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес пристигна во Шенжен, град во јужната кинеска провинција Гуангдунг, каде што ќе присуствува на дводневниот 33-ти самит на економски лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Видео: И Трамп пристигна во Шенжен

Претседателот на Кина Си Џинпинг лично го пречека Трамп на аеродромот во Шенжен.

Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика. Откако ја презеде функцијата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром.

Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави.

Трамп инаку е првиот американски претседател кој го посетил овој град во Кина за време на неговиот тековен мандат. Шенжен инаку е еден вид престолнина на вештачката интелигенција (ВИ) и кинески одговор на Силиконската долина, каде што се наоѓаат кинеските технолошки гиганти, според CNN.

Се очекува Трамп во Шенжен да оствари историска средба со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, а невидената трилатерална средба е закажана за утре.

Пред Трамп, рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Шенжен, а тој веќе се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг, според руските и кинеските медиуми.

Путин и Си се сретнаа на маргините на самитот на АПЕК и разговараа за билатералните односи и меѓународната ситуација, пренесува РИА Новости.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер