Оскаровецот Лука Бигаци добитник на Златна камера 300 на „Браќа Манаки“ (ОПШИРНО) - Канал 5

Оскаровецот Лука Бигаци добитник на Златна камера 300 на „Браќа Манаки“ (ОПШИРНО)

Фестивалот „Браќа Манаки“ годинава ќе се одржи од 13 до 19 септември, а добитник на специјалната награда Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, чиј последен проект ГОЛЕМАТА УБАВИНА (La grande bellezza), го освои Оскарот во категоријата најдобар филм од неанглиско јазично подрачје, а победи во истоимената категорија на наградата БАФТА и на Златниот глобус.

На првата официјална конференција по повод 35. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ – Битола најавено е дека фестивалот годинава ќе се одржи од 13 до 19 септември, а добитник на специјалната награда Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, чиј последен проект ГОЛЕМАТА УБАВИНА (La grande bellezza), го освои Оскарот во категоријата најдобар филм од неанглиско јазично подрачје, а победи во истоимената категорија на наградата БАФТА и на Златниот глобус.

- Лука Бигаци е добитник кој е достоен на годинашниот јубилеј. Трите децении кариера го прават водечки светски кинематографер. За нас е особено важно што „Браќа Манаки“ на своевиден начин беше меѓу првите фестивали што го откри талентот на Бигаци, уште во далечната 1997 година, со неговиот прв филм во официјалната програма на 18-тото издание. Оттогаш неговите филмови впишаа сè на сè пет учества и понесоа две од наградите во Битола. Третиот пат конечно доаѓа лично да си ја земе големата специјална Златна камера 300 на браќата Манаки - рече Лабина Митевска, директорка на ИФФК.

Големото светско име Бигаци е роден 1958 во Милано и спаѓа меѓу најактивните и најбараните кинематографери од страна на италијанските режисери. За тоа говорат освоените 20 врвни италијански и светски награди како и дваесеттината номинации. Од неговите осумдесетина филмови се одделува ремек-делото ГОЛЕМАТА УБАВИНА кој е тандемска креација со режисерот Паоло Сорентино, со кого четврти пат ставаат заеднички потпис.

Сепак Бигаци најмногу филмови, повеќе од десет, има снимено со Силвио Солдини. Други режисери кои имале чест да биде зад нивните камерите се Марио Мартоне, Џани Амелио, Феличе Фарина, Микеле Плачидо, Франческа Аркибуги, како и еден од најголемите режисери на денешницата, Абас Кјаростами, во филмот ВЕРНА КОПИЈА со Жулиет Бинош во главната улога.

Инаку, фестивалот целосно ќе биде во знакот на годинашниот јубилеј, при што слоганот Кон ѕвездите е одраз на таквиот повод и на нашиот копнеж.

- Идејата за слоганот дојде од фактот што во изминатите години донесовме голем број сјајни имиња од светот на филмот: кинематографери, актери, режисери, сценаристи, така што публиката веќе самата го асоцира фестивалот со ѕвезденото небо на уметноста. Ние продолжуваме да им оддаваме почит на големите имиња, на величините, мечтаејќи дека еден ден ќе стигнеме до најдалечните ѕвезди - додаде Лабина Митевска.

Присутните можеа да го видат постерот и да уживаат во целокупниот визуелен идентитет на Фестивалот, зад кој повторно стои маркетинг агенцијата Футура 2/2, со кои ја продолжуваме заедничката креативност. Играта со астралните објекти и со патот на филмот донесуваат оригинални решенија.

Уште едeн мал јубилеј е веќе петгодишната традиционална релација, која е синоним на „Браќа Манаки“, односно партнерството со Вип, што особено се огледува во Вип детската програма, која од година во година поттикнува сè поголем интерес меѓу најмладите битолчани, отпочнувајќи бројни дополнителни настани и програмски активности.

- Одбележувајќи го јубилејното, 35-то издание, на најреномираниот филмски фестивал во Македонија, годинава одбележуваме и уште еден минијубилеј, а тоа е петтата година од нашато заедничко филмско патување. Чест ни е што веќе пет години по ред сме дел од создавањето на трајните вредности, што се впишуваме во историјата на поддржувачите на уметноста и сме дел од „ѕвезденото небо“ на меѓународната филмска сцена. И оваа година, на наше огромно задоволство, продолжуваме со Вип детската програма и со бројните работилници чиишто обем и квалитет секоја година се зголемува и нуди единствени креативни содржини за најмладите - изјави Никола Љушев, главен извршен директор на Вип оператор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!

Кого мислите дека манипулирате, кога за само 24 часа сами си ги демантиравте сопствените пропагандни бајки? 

ЛДП: Разоткриена лага за само еден ден! Ветува помалку шалтери, а во заднина спрема масовно пумпање на партиската администрација!

Од една страна, премиерот Мицкоски се слика на гламурозни презентации и најавува апликација „мУслуги“ со ветувања за помалку шалтери, помалку хартиени документи и дигитализација, а од друга страна, Владата шверцува одлуки за масовно трајно вработување на илјадници луѓе во јавната администрација!

Ова е дрско безобразие, лицемерие и отворено потценување на интелигенцијата на македонските граѓани! Каква е таа „дигитализација“ во која ги укинувате шалтерите, а истовремено барате нови десетици илјади измислени работни места во државните канцеларии? Колку десетици милиони евра ќе не чини ова лудило и од празниот буџет? Одговорот е еден и еден единствен: ова не е никаков реформски чекор, туку брутално пумпање на јавната администрација со партиска војска пред избори, директно на грбот и на трошок на народот! А народот е пред банкрот!

“Додека целиот развиен свет инвестира во вештачка интелигенција, автоматизација и помала, побрза и поефикасна држава, оваа Влада нè враќа во најцрните времиња на партискиот клиентелизам и цицање на буџетот! Властите го стегаат ременот на граѓаните кои едвај врзуваат крај со крај, а ги шират редовите на непродуктивната партиска машинерија”, заклучува Боби Мојсоски, поранешен пратеник во Собранието и генерален секретар на ЛДП.

Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува: Доста со евтините театри и паралелните реалности! Државата не е партиски плен, ниту пак народот е тука за да ги финансира вашите изборни апетити! Бараме итен вистински рез во државните трошоци, вистинска дигитализација со вештачка интелигенција и СТОП за новото лудило на Владата кое го бутка народот на колена и со свиткана кичма!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд? Аудицијата влегува во завршна фаза, се спомнува и Џејкоб Елорди

Потрагата по новиот Џејмс Бонд влегува во важна фаза.

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд? Аудицијата влегува во завршна фаза, се спомнува и Џејкоб Елорди

Голем број актери покажаа интерес за улогата на познатиот британски агент, а се очекува кругот на кандидати наскоро значително да се стесни.

Според информациите што допреа до јавноста, меѓу актерите кои би можеле да учествуваат на пробните снимања се Калум Тарнер, познат по романтичната комедија „One Night Only“, и Џек Лауден, кој го привлече вниманието на публиката во серијата „Slow Horses“.

Снимањето би требало да се организира во Лондон, а според некои извори, тоа би можело да започне уште во петок, пишува „The Hollywood Reporter“.

Сè уште не е потврдено колку актери ќе добијат можност да се претстават пред продуцентите. Додека некои извори спомнуваат најмалку тројца кандидати, други проценуваат дека би можело да има дури петмина. Една од важните задачи ќе биде да покажат како се снаоѓаат во улога што бара елеганција, убедлива изведба и физичка подготвеност.

Претходно се шпекулираше дека Џек О'Конел, познат по филмот „Sinners“, би можел да биде меѓу кандидатите, но најновите информации укажуваат на тоа дека тој нема да учествува во оваа фаза од изборот. Исто така, и покрај пишувањата на некои медиуми, Џејкоб Елорди – кого публиката го знае од серијата „Еуфорија“ и филмот „Франкенштајн“ – не е меѓу актерите што ќе учествуваат на пробните снимања.

Новиот филм ќе го режира Дени Вилнев, режисер познат по својата работа на филмскиот серијал „Дина“, а продукцијата ќе ја предводат Ејми Паскал и Дејвид Хејман.

„Амазон“ ги откупи креативните права за серијалот од семејството Броколи во февруари 2025 година, со што се отвора ново поглавје во развојот на филмовите за Џејмс Бонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. 

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите.

Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението.

Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција.

„Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда.

„Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението.

Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.

Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини.

Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер