МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
1МЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
3Герасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањето
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
2Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија
ФудбалОсимен сонува за Манчестер Јунајтед Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, сака да се приклучи на Манчестер Јунајтед, објави „Спорт Витнес“.Според изворот, играчот одбива трансфер во Ал-Хилал, бидејќи претпочита да се приклучи на клуб од Премиер лигата. Манчестер Јунајтед веќе истражува опции за привлекување на 26-годишниот Нигериец ова лето. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, сака 75 милиони евра за Осимен, а „црвените ѓаволи“ размислуваат да го вклучат напаѓачот Џошуа Зиркзе во договорот. Осимен играше како позајмен за Галатасарај во сезоната 2024/25. Напаѓачот постигна 37 гола и имаше 8 асистенции во 41 натпревар во сите натпреварувања./МИАТагови: Манчестер Јунајтед Осимен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Похувани тиквички со колбасиВо вторник (22.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Борис Секирарски - метереолог.Состојки за денешниот рецепт: 2 тиквички 2 парчиња колбаси 2 јајца 3 - 4 лажици брашно малку сусам малку лебни трошки масло сол и др. зачини по избор За прилог 1 домат 1 краставица може и рукола, шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЕРМС со 100% активна транспарентност: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореностМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето, МЕРМС успеа да го достигне максималниот резултат – целосно исполнување на обврските за проактивно објавување информации од јавен карактер. Резултатот од 100 проценти е силна потврда дека отвореноста, отчетноста и навременото информирање на јавноста се поставени како стандарден начин на работа на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според официјалниот извештај, МЕРМС е единственото министерство со освоени максимални 100 проценти активна транспарентност во 2026 година. Индексот ја мери исполнетоста на обврските за активно, односно проактивно објавување информации на интернет-страниците на институциите. МЕРМС е институција формирана во 2024 година, а за само две години воспостави нови процедури, работни процеси и стандарди, но и култура на работа во која отвореноста кон јавноста е дел од секојдневната институционална одговорност. Овој резултат е потврда на принципот дека граѓаните имаат право да знаат како работи институцијата, кои одлуки ги носи, кои политики ги спроведува и како се управува со јавните ресурси. Активната транспарентност, како што ја дефинира Центарот за граѓански комуникации, подразбира институциите на сопствена иницијатива да објавуваат информации од јавен карактер, без граѓаните претходно да мора да поднесат барање за нив. Сто проецнти активна транспарентност значи целосно исполнување на критериумите за проактивно објавување информации на веб-страницата на Министерството. Во оценувањето се опфатени клучни области како: пристапот до информации од јавен карактер, надлежностите и услугите на институцијата, одговорноста, отчетноста и интегритетот, како и буџетската и финансиската транспарентност. Дополнително, се оценува и навременоста и целосноста на одговорот на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. И уште поважно: извештајот покажува дека МЕРМС во однос на 2025 година го подобрил резултатот за 34,8 процентни поени, што е најголемото подобрување меѓу министерствата. Токму ова е принципот врз кој МЕРМС го гради своето институционално работење – информацијата да стигне до граѓаните навреме. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека максималниот резултат е признание, но и обврска понатаму да се одржува највисокото ниво на отвореност. Министерството останува посветено на принципите на отвореност, отчетност, професионалност и достапност на информациите, со цел граѓаните, медиумите и сите заинтересирани страни да имаат јасен и навремен увид во работата на институцијата. Максимална транспарентност за само две години – резултат кој покажува дека кога отвореноста кон граѓаните е поставена како принцип на работа, таа може да стане институционален стандард.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураВечерва се затвора 14. Џифони МакедонијаЏифонци вечерва ќе покажат што креирале, а ќе бидат избрани и најдобрите филмови на 14. „Џифони Македонија“.Четиринаесетто издание на Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ ќе биде затворено вечерва во киното „Фросина“. Од 19 часот ќе започне вечерта во која џифонци покажуваат што креирале во изминатите пет дена за време на работилниците што се одржуваат секоја година. Исто така, вечерва ќе бидат избрани дел од учесниците што ќе ја претставуваат Македонија на централниот настан, односно на Филскиот фестивал во Џифони 2027 година, а ќе бидат избрани и најдобрите филмови на фестивалот. Во изминатите неколку дена, основците, односно учениците од шесто до деветто одделение беа јуниорско жири во Кинотеката каде проследија долгометражни и краткометражни филмови, имаа дискусии и учествуваа на работилници. Целата програма за средношколците се одвиваше во МКЦ – Младонскиот културен центар. Голем интерес кај џифонци вчера предизвика филмот „Кој те создаде“ (Who Made You) кој ја обработуваше темата за вештачката интелигенција на финската режисерка Ирис Харма, со која џифонци можеа да поразговараат и да поставуваат прашања. Таа им објасни дека процесот на создавање бил долг и дека кога креирате документарец, треба да ја следите приказната повеќе години. -Ние како човештво треба да ја разбереме целата работа со АИ и со технологијата, да ја разбереме и посебно властите, луѓето што ги водат државите треба да бидат целосно искрени и да ни кажат што се може да се прави со АИ. Ние мораме да ја разбереме технологијата и да ги разбереме ризиците од користењето и заедно ќе сме посилни - рече Харма. Најважно е да имаме дијалог, а тоа е најважното нешто. Ние мора да имаме поголема контрола врз АИ, рекоа авторите на филмот. Овој документарен филм ѝ пристапува од хуманистичка перспектива на една од најактуелните теми на нашето време: брзиот развој на технологијата и трансформацијата што следува со него. Филмот им дава глас на истражувачите кои работат во оваа област. Преку прикажување на визиите на експертите и средбите меѓу луѓето и роботите, филмот ни овозможува да ѕирнеме во нашата блиска иднина. Јуниорите учествуваа на работилница за мјузикл со Лада Шоптрајанова Петровска, на работилница за ликовна уметност со Моника Мотеска и за краток филм со Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов. Средношколците можеа да учат за краток документарен филм со Ханис Багашов, за филмска фотографија со Елена Бојаџиева-Цветковска, за тоа како се прави сториборд заедно со Здравко Гиров и Давор Драмикјанин од здружението „Макстрипови“. Софтверскиот инженер Александар Колов ги внесе џифонци во тајните на 3Д-принтот користејќи рециклирана пластика од шишињата за вода. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија, Италијанскиот културен институт, Џифони Експириенс, Град Скопје, како и општините Карпош, Центар и Кисела Вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter