3Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување
МакедонијаОштина Сарај и ДЗС алармираат: Не е безбедна патеката на Матка поради сериозна опасност од одрониПоради опасност од одрони кај кањонот Матка, по интензивните врнежи изминатиот период, од дирекцијата за заштита и спасување и од општината Сарај алартмираа на внимателност при движењето.Од Општината велат граѓаните задолжително да ги почитуваат препораките на надлежните институции. -Ги молиме сите граѓани и посетители да ја почитуваат одлуката за сопствена безбедност. Во спротивно, во случај на несреќа поради непочитување на правилата, одговорноста останува на оштетениот, соопштија од Општина Сарај. При посетата на Матка, нашата камера регистрираше предупредуваќки пораки за внимателност при движењето, а една од карпите беше заштитена со мрежа со цел да се спречи евентуален одрон. -Доколку ја посетувате Матка, периодов треба да бидете многу претпазливи. Особено на оние делови каде што има опасност од одрон на карпи Со апел, особено до алпинистите кои се качуваат на Матка, се огласи и нашата најдобра алпинистка, Илина Арсова. Таа напиша дека пред два дена доживеала едно поинакво искуство од претходните качувања на Матка, затоа што како што вели, никогаш не ја почувствувала карпата толку ронлива. А токму таков одрон се случи пред еден месец на пешачката патека на Матка во момент кога во близина имало посетители Од друга страна, од Алпинистичката федерација сметаат дека нема потреба да се крева паника во врска со можноста од одрони на Матка, бидејќи и досега имало опшасност поради тоа што самиот состав на карпите е ризичен. Првиот човек на алпинистичката федерација Александар Зарапчиев вели дека надлежните органи треба да ангажираат професионалци кои ќе ја испитаат безбедноста на теренот, за која уверува тој, сепак не е толку опасна. И пред четири години, Стојанче Ангелов, тогаш како директор на ЦУК алармираше за опасност од одрон на карпа, тешка 20 тони, над браната на Матка. Според последните информации, состојбата со таа карпа ја следат од Градежниот факултет и доколку е потребно, ќе се преземат посериозни чекори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкција за отстранување на хаварисани возила низ КарпошСекторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, вчера спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка. Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЕРМС организира свеченост по повод денот на рударитеПо повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.Тагови: Денот на македонските рудари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупувањеВо изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи, три се се уште активни, четири се под контрола, а 24 се изгПожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00