Оштетена брана во Русија по напад со украински дронови - Канал 5

Оштетена брана во Русија по напад со украински дронови

 Брана во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, е оштетена од украински дронови, соопштија денеска руските власти.

Оштетена брана во Русија по напад со украински дронови

Нивото на водата во вештачкото езеро е намалено за еден метар, соопшти руската служба за управување со води за новинската агенција ТАСС. Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков ги повика жителите што живеат под браната да бидат претпазливи.

Командантот на украинските сили за дронови, Роберт Бровди, ги потврди вчерашните напади врз браната. Тој рече дека водата од реката ги поплавила руските позиции во близина на селото Графовка. Оттаму, реката тече во украинска територија, каде руските трупи држат мал мостобран во близина на Вовчанск од 2024 година.

Меѓународното хуманитарно право забранува напади врз брани или други објекти каде што штетата може да ослободи деструктивни сили - освен ако тие не се користат за нивната вообичаена намена, туку за поддршка на воени дејствија.

Руските трупи ја дигнаа во воздух браната Каховка во летото 2023 година, предизвикувајќи огромен поплавен бран што поплави големи области во јужна Украина. Имаше и многу жртви. Русија, исто така, таргетираше хидроцентрали на реката Дњепар, потсетува германската агенција ДПА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Софија министерска конференција за развојот и стратешкото значење на Коридор 8

Коридорот 8 ќе стане стратешка артерија која ќе го поврзе Балканскиот регион со Европа во економска, енергетска и безбедносна смисла.

Во Софија министерска конференција за развојот и стратешкото значење на Коридор 8

Коридорот 8 ќе стане стратешка артерија која ќе го поврзе Балканскиот регион со Европа во економска, енергетска и безбедносна смисла, но секој од партнерските земји мора да го заврши својот сегмент од изградбата – порача шефот на македонската дипломатија – Тимчо Муцунски од Софија, каде домаќин на конференцијата посветена на Коридорот е неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова.

-Затоа, нашата посветеност е јасна - договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел меѓу нашата нација и Бугарија, кој стапи на сила овој март, е многу важен чекор напред, како што се и неодамнешните состаноци на заедничката комисија во Софија и во Скопјe. Сега е време оваа политичка посветеност да се претвори во конкретни резултати на терен. Ние ја унапредуваме потребната инфраструктура и ќе продолжиме тесно да соработуваме со Албанија, Бугарија, ЕУ.- – Тимчо Муцунски министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Петрова Чамова потврди дека сега во Бугарија има политичка волја и импулс заедничкиот тунел со земјава да биде завршен во како што вели, рок од пет до шест години.

-Од наша страна, ја презедовме одговорноста да работиме во најкраток можен рок. Апсолутно сме свесни за потребата од поврзувањето и сметаме дека во моментов ја има потребната политичка волја од наша страна ова да се случи што е можно поскоро,- -Велислава Петрова Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија.

Коридор 8 не е билатерален проект туку Европски а од голема важност е и за проширувањето на ЕУ, потенцираше еврокомесарката Марта Кос.

-Токму ова сакаме да го направи Коридорот 8 - да го поврзе Јадранското Море со Црното Море и да им донесе придобивки на луѓето од Бугарија, С.Македонија, Албанија и пошироко. Затоа во Македонија и Албанија со заем од ЕУ го поддржува Коридорот 8 со 319 милиони евра во финасирање. -Марта Кос, еврокомесарка за проширување .

Откако и се заблагодари за гостепримството на својата колешка Петрова Чамова, Муцунски најави дека следната меѓународна конференција за стратешкиот Коридор 8 ќе се случи во Скопје следната година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 години

Според најновиот извештај на Светскиот фонд за природа (WWF), бројноста на популациите на речиси 6.000 видови диви животни е намалена во просек за 73 отсто во периодот од 1970 до 2022 година. 

Аларм од природата: Популациите на диви животни се намалени за 73 отсто за 52 години

Индексот „Живот на планетата“ (Living Planet Index), изготвен од Зоолошкото друштво на Лондон и Светскиот фонд за природа, опфаќа вкупно 35.803 популации на 5.790 различни видови цицачи, птици, влекачи, водоземци и риби во текот на период од 52 години.

Според проценките во извештајот, вкупната бројност на популациите опаѓала во просек за околу 2,5 отсто годишно во текот на тој период. „Глобалните популации продолжуваат да опаѓаат и сè уште нема докази за глобално закрепнување“, изјави Ендрју Тери, раководител за заштита на природата при Зоолошкото друштво на Лондон.

Од Светскиот фонд за природа велат дека закрепнувањето на дивиот свет може да се случи „исклучително брзо“ доколку се преземат итни мерки, но предупредуваат дека би било погрешно да се мисли оти само заштитата на природата ќе овозможи глобално закрепнување.

Потребни се големи промени во енергетскиот, прехранбениот и финансискиот систем, соопштија од организацијата за заштита на природата.

Светскиот фонд за природа (WWF) забележа дека се преземаат позитивни чекори во областа на енергетиката.

Во извештајот се наведува дека губењето и деградацијата на живеалиштата се најчестите регистрирани закани, но популациите на дивиот свет се загрозени и од прекумерно искористување, климатски промени, загадување, инвазивни видови и болести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град Краматорск

Најмалку 33 лица се убиени во руски напад врз два патнички автобуси во Краматорск, во источна Украина.

30 убиени во руски напад врз два автобуса во украинскиот град Краматорск

Најмалку дваесет луѓе се ранети во нападот, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител на Доњецк, регион каде се водат едни од најжестоките борби, а кој Русија сака да го анектира од Украина.

Според украинските власти, руските сили гранатирале улица во Краматорск, кога биле погодени двата автобуса. Нападот следува ден откако откако повеќе од 20 луѓе беа убиени во руски воздушни напад и врз неколку украински градови, првенствено насочени кон енергетската инфраструктура..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер