Оштетен е бродот на Тито, „Галеб“ по судар со турски товарен брод (ВИДЕО) - Канал 5

Оштетен е бродот на Тито, „Галеб“ по судар со турски товарен брод (ВИДЕО)

Бродот „Галеб“, трајно врзан во пристаништето во Риека, беше оштетен синоќа во поморска несреќа кога товарниот брод „Дениз Акај“, напуштајќи го пристаништето, останал без струја и удрил во бродот, а немало повредени или загадување на морето.

Оштетен е бродот на Тито, „Галеб“ по судар со турски товарен брод (ВИДЕО)

Според податоците од Пристанишната управа на Риека, по настанот биле информирани сите надлежни служби, а повеќе за штетата ќе се знае по завршувањето на истрагата спроведена на местото на несреќата од страна на Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај.

Истражувачот за поморски несреќи, Славен Бушиќ, изјави дека Агенцијата спроведува безбедносни истраги независно од другите истраги со цел да се утврди причината и околностите на несреќата.

„Со оглед на досега собраните информации, овој настан е класифициран како поморска несреќа, спроведуваме истрага и други потребни дејствија, и сè координираме со националното знаме на Барбадос, под кое плови бродот Дениз Акај“, рече тој.

Градоначалничката реагираше

Градоначалничката на Риека, Ива Ринчиќ, го посети местото на несреќата по инцидентот и рече дека најважно е што нема повредени лица, како и дека нема загадување, а нивото на штета сè уште не е утврдено.

„Ова е градски имот во кој се инвестирани значителни средства од даночните обврзници на градот Риека и затоа е исклучително важно за нас да ги утврдиме сите факти. Потребно е детално да се истражи што точно се случило и причините за несреќата. Градот Риека, во соработка со надлежните служби, ќе го следи развојот на ситуацијата и, по проценката на штетата, ќе преземе сите потребни чекори за нејзино санирање“, рече Ринчиќ.

Таа нагласи дека безбедноста на луѓето и заштитата на градскиот имот остануваат приоритет и додаде дека бродот е осигуран, но и дека постои можност за наплата на штета од бродот што ја предизвикал штетата.

Бродот „Галеб“, познат како пловечка резиденција на Јосип Броз Тито, беше прогласен за културно богатство од Министерството за култура во 2006 година, а од 2017 година е дел од европскиот проект „Туристичка валоризација на репрезентативни споменици на индустриското наследство на Риека“, кој е во тек и како дел од кој бродот треба да има постојана поставка за историјата на бродот и придружните туристичко-комерцијални содржини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА го кочи трансферот на Реал вреден 120 милиони евра

Официјалната објава за преминот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е одложена поради спор меѓу двете агенции што го застапуваат играчот. 

ФИФА го кочи трансферот на Реал вреден 120 милиони евра

Во конфликт се „Максидел менаџмент“ (Maxidel Management), во сопственост на Макс Градел, и „Рок Нејшн“ (Roc Nation), мултинационалната компанија на раперот Џеј-Зи.

„Максидел“, агенцијата што посредуваше во трансферот на Диоманде од Леганес во Лајпциг минатата година, поднесе жалба до ФИФА.

Тие тврдат дека Реал Мадрид преговарал со „Рок Нејшн“ – агенцијата што моментално го застапува играчот – и дека притоа бил прекршен нивниот претходен договор, пишува „АС“ (AS).

Поради овој судир на агенциите дури и познатиот експерт за трансфери Фабрицио Романо минатата недела објави дека Диоманде договорил трансфер во Реал Мадрид за сума „поголема од 100 милиони“, а подоцна ESPN извести дека станува збор за трансфер вреден 122 милиони евра, плус дополнителни десет милиони во бонуси.

Поради лошата објава на Романо се огласи и германскиот Лајпциг.

Директорот на РБ Лајпциг, Филип Хинце, остро реагираше кон новинарот Фабрицио Романо, кој објави дека трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид е веќе договорен: „Некои таканаречени експерти пред неколку дена напишаа дека трансферот е завршен и извикаа ’here we go‘ [препознатливата фраза на Романо – заб. на уред.]. Но, тоа не е точно; сè уште не сме стигнале до таа фаза“, изјави Хинце.

Спорот не е само внатрешно прашање меѓу двете компании, бидејќи директно влијае на трансферот меѓу германскиот клуб и Реал Мадрид.

Според прописите на ФИФА, оваа ситуација би можела да ја искомплицира регистрацијата на играчот. Реал Мадрид тврди дека не биле запознаени со спорот и сметаат дека тој не се однесува на клубот. Тие очекуваат конечната одлука да биде во нивна корист, иако трансферот моментално е во мирување.

Едно од предложените решенија е издавање привремена дозвола за Диоманде додека не се решат правните аспекти на договорот, со оглед на тоа што сите други услови се веќе договорени.

Износите и распоредот на плаќањата кон Лајпциг се утврдени, документацијата е подготвена, а договорот на играчот е изготвен. Сепак, конечната одлука зависи од ФИФА, која ја има примено жалбата и моментално ја разгледува. Меѓународното фудбалско тело строго ги регулира активностите на агентите и има овластување да го одложи, па дури и да го одбие внесувањето на трансферот во системот доколку постои спор во врска со правата за застапување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Драма во Србија, спасено момче заглавено на карпа висока 15 метри

Погледнете ја акцијата за спасување на момче заглавено на карпа висока 15 метри

Фото: Драма во Србија, спасено момче заглавено на карпа висока 15 метри

Драмата во манастирот „Преображение“ во Овчар Бања заврши со успешна акција на пожарникарите-спасувачи, кои безбедно ги спуштија од стрмната карпа висока 15 метри заробеното момче и двајцата монаси, кои први пристигнале на помош.

Вистинската драма се одвиваше синоќа во близина на манастирот „Преображение“ во Овчар Бања, кога момчето се искачи на непристапна карпа висока околу 15 метри, од која не можеше безбедно да слезе. Момчето дошло во манастирот со своите родители по повод празникот Преображение, кога во манастирскиот двор имало голем број верници и деца.

Во еден момент, тоа се оддалечило и се искачило на стрмна карпа, а ситуацијата станувала сè поопасна. Кога виделе дека детето е во неволја, двајца монаси тргнале кон него за да се обидат да му помогнат, но и тие се нашле на непристапен терен.

Набрзо на местото на настанот пристигнале припадници на Противпожарната и спасувачка единица и ја започнале сложената операција за извлекување. Со брза, смирена и професионална интервенција, пожарникарите-спасувачи успеале безбедно да ги спуштат момчето и двајцата монаси. Операцијата завршила без повреди, а детето било вратено кај родителите.

Првите фотографии од местото на настанот сведочат за тешкиот терен на кој се одвивало спасувањето, но и за присебноста и храброста на припадниците на Противпожарната и спасувачка единица.

Во знак на благодарност за успешното спасување, еден од монасите им подари икона на пожарникарите. Уште една интервенција беше успешно спроведена – без повреди и со безбедно враќање на детето во прегратките на родителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Светска недела на доењето

Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира!

МЗ: Светска недела на доењето

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата.

Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и придонесува за подобро здравје и на мајката и на детето.

Согласно препораките на Комитетот за доење, УНИЦЕФ и СЗО, се препорачува исклучиво доење во првите шест месеци од животот, а потоа продолжување со доење, заедно со соодветна дополнителна исхрана, до две години или подолго, во согласност со потребите на детето и желбата на мајката.

Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствените политики што обезбедуваат поддршка за доењето, преку јакнење на капацитетите на здравствените установи, едукација на здравствените работници и континуирана поддршка на бремените жени, мајките и нивните семејства.

По повод Светската недела на доењето, Министерството повикува на заедничка одговорност и поддршка од здравствените работници, институциите, работодавачите, семејствата и целата заедница, бидејќи создавањето услови за успешно доење е инвестиција во здравјето на сегашните и идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер