Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
2Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
ЗдравјеОсборн: Веројатно ќе треба да се вакцинираме против Ковид и во наредните годиниКога станува збор за омикрон сојот на коронавирусот, Осборн вели дека се уште се чекаат разни нови податоци за новиот вид на вирусот.Директорот на фармацевтската компанија „Фајзер", Бен Осборн рече дека веројатно ќе ни требаат засилувачки дози на вакцината против Ковид-19 во наредните години, но сè уште не е познато дали тие ќе се администрираат на секои шест месеци или еднаш годишно. Кога станува збор за омикрон сојот на коронавирусот, Осборн вели дека се уште се чекаат разни нови податоци за новиот вид на вирусот, не само од „Фајзер" и „Бионтек", туку и од владите и здравствените системи ширум светот. – Мислам дека веќе имаме основни информации за вирусот, а знаењето за мутациите е многу добро документирано. Се уште ни требаат информации за три фактори – нивото на пренос на новата варијанта и дали ќе ја „измести" делтата, тогаш треба да го знаеме влијанието на омикронот врз хоспитализирањата и потенцијалната смрт при тешка болест, и трето, многу важно, информација за тоа колку е ефикасна вакцината во оваа варијанта, рече Осборн. Тој додаде дека во неделите што следат ќе има повеќе податоци за сите три фактори, „што ќе резултира со одлуки што ќе ги донесат ‘Фајзер’, но и владите ширум светот". – Можам да кажам дека сме подготвени. Доколку ни треба нова вакцина, можеме да ја развиеме и произведеме во големи количини. Но, во меѓувреме најважно е сите возрасни да добијат бустер доза, истакна Осборн. Запрашан колку долго на луѓето ќе им требаат дополнителни (засилувачи) дози, тој рече дека е „многу тешко да се предвиди на долг рок, со оглед на тоа што никој не може со сигурност да предвиди како ќе се развие вирусот во иднина". – Според досегашните научни сознанија, веројатно ќе ни треба одредено ниво на ревакцинација на возрасната популација во наредните години. За жал, не знаеме дали тоа ќе биде ревакцинација на секои шест месеци или секоја година, како што правиме во случајот со вакцинација против различни видови на грип, рече Осборн. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
КултураТеатарската претстава „Татко“ со две нови изведби во ЛабораториумПо октомвриската премиера, театарската претстава „Татко“, во режија на Нина Николиќ, повторно ќе биде изведена на 4 и 5 ноември 2026 година, во Културниот центар Лабораториум во Скопје. Претставата е во продукција на Перипетија продукција, а е реализирана според истоимената драма на Август Стриндберг, во современа адаптација на драматургот Тамара Барачков. Иако напишана пред повеќе од еден век, драмата на Стриндберг отвора прашања кои и денес се длабоко присутни во општеството. Во оваа сценска поставка, класичниот конфликт меѓу брачните партнери добива нова перспектива, преку која се преиспитуваат механизмите на моќ, контролата и психолошкото насилство во интимните односи, како и последиците што тие ги оставаат врз семејството. Современата адаптација на Тамара Барачков прави значајно поместување во однос на оригиналниот текст. Женскиот лик повеќе не настојува да ја докаже непресметливоста на сопругот, туку бара институционална помош и заштита од психолошкото насилство на кое е изложена. Со ова поместување, претставата ја напушта едноставната поделба на жртва и виновник и отвора простор за преиспитување на одговорноста на двајцата партнери, но и на општествените механизми кои овозможуваат насилството да остане непрепознаено или нормализирано. Во центарот на „Татко“ е семејство во кое долгогодишната недоверба, манипулацијата и потребата за контрола постепено прераснуваат во деструктивен однос. Претставата го истражува моментот во кој брачниот конфликт ја преминува границата на насилството, но го поставува и прашањето за неговите последици врз децата, кои неретко остануваат најранливите жртви на нарушените семејни односи. Во претставата играат Саша Ханџиќ, Амернис Нокшиќи, Тони Денковски, Бојан Кирковски и Ирена Димеска. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата на Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката на Оливер Јосифовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
КултураВо Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинствоВчера, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“Вчера, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница. За време на настанот беа претставени четири традиционални носии, изработени за македонската, ромската, влашката и египќанската заедница, како и информативната брошура „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Округот Корча“, подготвена од Васил Стерјовски. Брошурата е посветена на историјата, културното значење и идентитетот што го претставува традиционалната облека на овие заедници. Настанот го водеше Здравко Нечофски, активист на македонската заедница, додека присутните беа поздравени од претставници на државни и локални институции, организации на граѓанското општество и разни заедници. Во своето поздравно обраќање, Васил Стерјовски, претседател на македонското друштво „Сонце“, ја истакна важноста на соживотот меѓу заедниците и потребата од зачувување на културниот идентитет на секоја од нив. „Округот Корча е пример за соживот на различни заедници, кои со векови го делеле истиот простор, создавале општествени односи и придонесувале за развојот на овој регион. Овој соживот е вредност што мора да ја чуваме и уште повеќе да ја зајакнуваме“, изјави Стерјовски. Тој нагласи дека вистинскиот соживот не значи само да живееме еден покрај друг, туку и да ги познаваме и почитуваме идентитетите на другите, гарантирајќи дека секоја заедница има можност да ги зачува својот јазик, култура и традиции. Според Стерјовски, демократско и европско општество е она во кое секој граѓанин се чувствува еднаков, каде што секоја заедница може да го зачува својот идентитет и каде што културната разновидност се вреднува како извор на богатство и развој. Тој исто така подвлече дека зачувувањето на културното наследство не е само одговорност на здруженијата или на ангажираните поединци, туку заедничка должност на институциите, организациите, училиштата, семејствата и целото општество. На настанот се обратија и Петрика Толкучи, претседател на Советот на Округот Корча; Лирика Појани, костимограф; Пали Колефски, градоначалник на Општина Пустец; Мухамет Рапи, претседател на здружението „Заедница за младинска интеграција“; Даниела Стоица, во име на здружението „Власите од Албанија“; Енџи Костури, во име на здружението „Дисутни Албанија“; Бурбуќе Нграчањ, во име на Народниот правобранител, и Хасим Кеци, потпретседател на Комитетот за национални малцинства. Проектот има за цел да придонесе кон зачувувањето, повторното создавање и промоцијата на етнокултурното наследство на националните малцинства во Округот Корча, пренесувајќи ги на помладите генерации вредностите наследени од нашите предци и зајакнувајќи ја соработката, разбирањето и почитта меѓу заедниците. На крајот беше пренесена пораката дека културното наследство е заедничко богатство и дека почитувањето на идентитетот на секоја заедница е важен услов за соживот и за заедничка европска иднина. Македонското друштво „Сонце“ изразува благодарност до Комитетот за национални малцинства, Советот на Округот Корча, локалните институции, партнерските здруженија и сите учесници кои придонесоа за реализација на оваа активност. На настанот беа присутни и претставници од верските заедници, Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Хаос на улиците во Германија: Молотови коктели врз полицијата,ограбени продавници По претежно мирните демонстрации на млади луѓе во Германија, синоќа во неколку големи градови изби насилство. Демонстрантите ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа Молотовлеви коктели врз полицијата, а повеќе од 200 лица беа уапсени. Најсериозните инциденти се забележани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург, пренесува „Шпигел“. This is multicultural Germany, Frankfurt right now. Mob smashes several store, loots sneakers and runs through the streets with stolen boxes. This is not a protest. This is pure criminality. https://t.co/sTk8WsNWbB — RadioGenoa (@RadioGenoa) October 31, 2026 Во Франкфурт, ситуацијата ескалираше доцна вечерта, кога демонстранти провалија во продавници и украдоа стока. Полицијата уапси околу 30 лица, а при интервенцијата беше запленето и оружје. Насилство изби и во Келн, каде што демонстранти фрлаа шишиња и велосипеди кон полициските службеници. Нападот се случи на плоштадот кај катедралата, во близина на главната железничка станица, при што едно лице беше повредено. Пет лица беа приведени. Шефот на полицијата во Келн, Јоханес Херманс, изјави дека од маскирани демонстранти биле одземени молотови коктели и чекани за итни случаи. „Целта поради која ги носеле овие предмети е очигледна“, рече Херманс. Во Берлин, демонстрантите фрлале петарди, пиротехнички средства и јајца кон полицајците и новинарите. На протестите биле присутни и поддржувачи на пропалестинското движење. Портпаролот на берлинската полиција соопшти дека се уапсени 56 лица, додека речиси 30 полицајци се повредени. Најголем број учесници во протестите имало во Хамбург, каде што, според податоците на полицијата, на улиците имало околу 6.700 луѓе. Некои од демонстрантите, облечени во црно и со маски на лицата, ги запалиле барикадите. Полицијата ја растерала толпата со употреба на бибер-спреј, а пожарот бил изгаснат со водени топови. Уапсени се околу 120 изгредници. Berlin, Germany https://t.co/Hma7Pzk9oz — Sprinter Press (@Sprinter_Press) October 31, 2026 Демонстрациите во 34 германски града биле организирани од иницијативата „Генерација З решава“ („Gen Z regelt“), која, според сопствените изјави, се огради од насилството. Протестите првично биле замислени како мирни собири, со барања за поголеми финансиски средства за училиштата, подобра поддршка за луѓето што се соочуваат со зависности и подостапна психотерапија. Учесниците, исто така, побарале конкретни мерки за справување со порастот на трошоците за живот, поголема социјална правда и посилна заштита на климата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter