Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
1Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
ЗдравјеОсаменоста , болест на милиони луѓе од богатите земјиХоландија беше шокирана , откако по дури десет години било пронајдено телото на 74- годишна жена од Ротердам , која починала сама во својот дом , а ја пријавиле соседите , кои забележале дека пред вратата има многу писма.Затоа , холандскиот министер за здравство се зафати со изработка на програма против осаменоста. Холандија не е единствената земја што презеде чекори по ова прашање. Со оглед на проблемите со кои почна да се соочува цела Европа , Велика Британија е првата земја што назначи министер за осаменост. Основната тешкотија со која се соочуваат експертите при дефинирањето на овој проблем и утврдувањето дали расте и колку брзо се шири низ целиот континент е недостатокот на податоци за споредба. Прво, осаменоста е субјективно чувство кое варира во социјалните групи и држави. Второ, иако има студии, тие се релативно нови, така што има неколку одредници со кои можат да се споредат резултатите и може да се види потенцијалниот раст на овој проблем. Осаменоста влијае на седум проценти од возрасните ширум Европа, според краткиот извештај на Европската комисија. Текстот, исто така, наведува дека луѓето во источните и јужните делови на Европа веројатно ќе се чувствуваат поосамени од луѓето во западните и северните делови. Говорејќи конкретно за социјална изолација, најлоша е ситуацијата во Италија, Холандија и Франција. Во анкетата за 2015 година, во која биле прашани граѓаните дали имаат некој да побараат помош или се доверат за приватни работи, овие три земји се издвоија според негативните одговори. Дури 1,4 милиони луѓе над 50 години во Англија признаваат дека честопати се чувствуваат осамени. Експертите велат дека процентот на стари лица кои се чувствуваат осамено не е променет, но вкупниот број се зголемува бидејќи луѓето сега живеат подолго. Социологот Аксел Дис вели дека како што стареат луѓето, нивната социјална активност се намалува, а со тоа и нивната поврзаност со другите луѓе: „Гледаме дека бројот на постари луѓе е навистина голем. Тие немаат природен начин да останат во контакт со другите. Исто така е точно дека децата живеат подалеку од нивните родители и ова е уште една причина за осаменост кај постарите лица“. Сепак, додека иницијативите против осаменост се фокусираат на возрасните групи, според поранешната парламентарка Џудит Меркис, осаменоста влијае и на многу други групи. Таа рече дека истражувањата во Германија покажале дека младите мажи се најизолирана група и дека нивото на осаменост се зголемува кај младите жени. „Голем дел од ваквата иницијатива е насочена кон постарите лица. Постои идеја во вашиот ум дека ако сте стари, вие сте осамени“, изјави Меркис. „Овие иницијативи за старите лица се многу добри, но зошто се има предрасуда дека осаменоста зависи од возраста?“ Истражувачите велат дека лошата здравствена состојба, осамениот живот и степенот на сиромаштија се фактори кои го зголемуваат ризикот од осаменост. Постои поголема разлика помеѓу оние кои работат и имаат финансиски ресурси и оние кои не се вработени. Семејството е исто така многу важно. Луѓето се повеќе се исклучени ако треба да се пензионираат. Робин Хјуингс, директор на Кампањата за ставање крај на осаменоста, вели дека еден од најголемите ризици доаѓа при клучните животни промени: „Ако се преселите заради ново работно место или образование, тоа може да биде голема промена, особено за младите луѓе .Околината, кругот на пријатели ... И не е секогаш лесно да се вклопите. Вториот ризик доаѓа откако децата ќе влезат во нашите животи. Во голема мерка, тие ги намалуваат можностите за социјална интеракција. Децата радикално ги менуваат животите “. Покрај промената на животот, анализиран е и факторот на нови технологии. „Има апсолутно голем ризик кога станува збор за веб-страниците како„ Фејсбук “и „Инстаграм “. Тука луѓето се претставуваат во најдобро светло, а споредувајќи се себеси со другите луѓе се чини како сите други да се посреќни, позадоволни, поисполнети ... можат да создадат чувство на осаменост.“, вели Хјуингс. "Од друга страна, социјалните мрежи исто така можат да бидат корисна алатка за одржување на социјалните односи. Претходно, ако член на вашето семејство се пресели во Австралија, би се соочиле со фактот дека не би го виделе со години. Денес може да го гледате секој ден, преку Скајп или друг вид алатка. Божиќните и другите празници најчестоо се минуваат со семејството и пријателите, така што оние што ги немаат , овие денови се чувствуваат поосамено . Сепак, експертите посочуваат дека осаменоста не се чувствува само за време на празничниот период. „Летото може да биде време од годината кога особено се чувствуваме осамени, затоа што тоа е време за патувања “.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВетеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на теренБела работна униформа и чизми оставија ветеринарите пред владата на мирниот протест како симбол дека ветеринарите ја напуштаат професијата која е исклучително значајна за целокупното здравје. Ветеринарите преку мирниот протест пред владата и пред Ахв порачаа дека е крајно време да се разговара за финансиките проблеми но и со проблемите со контролата на болеста на терен со кои се соочуваат. Едно од најургентните барања на средбата во Ахв им било ветено дека за неколку дена ќе се среди е тоа да се одболкира процесот на контрола на земените примероци на крв со кои се вршат контролите на болестите на стоката од цела земја Од барањата кои ги има упатено писмено до владата и до Ахв се и намалувањето на ддвто на ветериантните услуги што крајно ќе придонесе за помали давачки на сточарите како и зголемување на буџетот за ветеринарните ставки кој според нив за следната година е трикратно намален. Дека состојботе во ветрианраниот сектор се крајно лоши беше нотирано и во последниот извештај од европската комисија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗДУИ обвинува за непочитување на Законот за употреба на јазиците во државните институции, посочувајќи го како последен пример Институтот за јавно здравје. Од партијата тврдат дека директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик, а раководителите на секторите добиле инструкции преку телефонски пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат. Бараат Владата и инспекторатот за употреба на јазиците да утврдат одговорност за функционерите, кои според нив, се поставуваат над законот. -Со кое право директорка на државна институција си дозволува да прогласува за неважечки документи што го содржат албанскиот јазик? Кој ѝ дал надлежност да се поставува над законот. Затоа, денес директно ѝ се обраќаме на Владата на Македонија. Внимателно и темелно преиспитајте ги постапките на вашите функционери, кои се осмелуваат да се поставуваат над законот. Бараме конкретна одговорност за непочитувањето на Законот за употреба на јазиците, изјави Хоџа. Директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, пак, категорично ги отфрла ваквите тврдења од ДУИ. Во изјава за Канал 5 ги оцени како лаги и политички притисоци. Децидна е дека во Институтот целосно се почитува Законот за јазици, а тоа според неа го потврдиле и од Инспекторатот за употреба на јазиците во контролата што ја извршиле во неодамна. -Апсолутно ги отфрлам тврдењата на ДУИ. Во институтот доследно се почитува Законот за јазици. Тоа не е само моја изјава, туку ние имавме и посета од страна на инспектори во изминатиов период од Инспекторатот за употреба на јазиците и тие не утврдија никакви неправилности туку напротив, потврдија дека во Институтот доследно се почитуваат јазиците. Ваквите искази од ДУИ имаат за цел некои други мотиви. ДУИ не можат да разберат дека нема повеќе „како и до сега“. Поминаа времињата кога се земаше плата и не се одеше на работа, изјави Андоновска. Според Андоновска не е првпат ДУИ да политизира нешто кадешто нема политика. Слични реакции од партијата на Ахмети имаше и во јуни кога реагираа поради промовирање натписи или содржини во институтот кои биле испишани само на македонски јазик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехникаНа иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката. Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“. „Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи. Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри. „Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска. Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: АД МЕПСО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook