ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува
2Акциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќај
3Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија
БалканОрлиќ: Конституирање на новиот собраниски состав во наредните неделиПретседателот на српскиот Парламент, Владимир Орлиќ изјави дека новиот состав на Парламентот ќе биде конституиран „во следните недели, согласно процедурите и според законот“.Орлиќ за денешното издание на весникот „Курир“ оцени дека декемвриските избори „ја покажале вистинската волја на народот“ и ги отфрли барањата на опозицијата за повторување на гласањето, особено на локалните избори во Белград каде, според наводите на листата „Србија против насилството“, евидентирани се бројни изборни нерегуларности. „Го победивме поранешниот режим и во Белград со 20.000 нови гласови и уште повеќе советнички мандати на изборите, од кои секој сегмент беше контролиран од секој што го сакаше. Сега лажговците ќе го избегнат она што природно им следи - сите да се повлечат од политиката поради нивната одговорност кон луѓето кои веруваа во нив“, рече Орлиќ, кој е и висок функционер на Српската напредна партија (СНС). Тој најави дека оваа партија за формирање мнозинство во новиот собраниски состав ќе разговара со „традиционалните партнери“ од Сојузот на војводинските Унгарци. „Исто како и претходните години кога сами можевме да формираме мнозинство, сакаме да ги собереме другите во борбата за нашата Србија, оние кои се подготвени да учествуваат во таква државна политика и можат да придонесат за тоа со своето учество“, рече Орлиќ. Прашан дали СНС ќе ја продолжи соработката со Социјалистичката партија на Србија (СПС), Орлиќ рече дека ќе разговара „со сите“ за политиката на „натамошно зајакнување и развој на Србија“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнуваВенко го прати талогот Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој претставувал амбасадор без да биде акредитиран и не ја кажува вистината за мерцедесот, нема срам и да шири лаги пред целата јавност.РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ И Венко и Жерновски знаат дека матните зделки завршија со нивниот пад во 2024 година, и всушност тоа е што ги боли, што повеќе не може да крадат пари со луѓето од Вучиќ со кои местеа милионски тендери. Вистинскиот страв е кај неговиот шеф Венко, кој е свесен дека остатоците во обвинителството и судството не може вечно да го спасуваат од криминалите како што имаа обид да го спасат за модуларната. И сега, кога кругот кој започна со нивниот пад од 2024 година, па се одразува во Србија кај Вучиќ на кого му постилаа црвени килими и лудуваа до рани зори со кого и пејачите омилени им се заеднички, се плашат од одговорноста која полека ги стигнува. А затоа што слугуваа кому стигнат за да си ги наполнат џебовите затоа и тонат и се статистичка грешка и граѓаните бегаат од нив и по улица. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотGoogle го доживеа најлошиот ден во историјатаАкциите на Alphabet, матичната компанија на Google, вчера го забележаа најголемиот еднодневен пад во историјата на компанијата. Нивната вредност се намали за речиси 13 отсто, со што пазарната капитализација на Alphabet се намали за приближно 500 милијарди долари. Како што пренесува „The Wall Street Journal“, до масовната продажба дојде поради разочарувачките финансиски резултати, забавувањето на растот на приходите од онлајн пребарувањето, како и поради зголемената загриженост кај инвеститорите во врска со огромните трошоци поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Акциите на Alphabet ја завршија трговската сесија на ниво од 283,82 долари, што претставува пад од 12,64 отсто. Ова е вториот најголем еднодневен пад на пазарната вредност за која било компанија во историјата на американскиот берзански пазар. Единствено Nvidia забележа поголем пад – во јануари 2025 година – кога изгуби приближно 593 милијарди долари од својата вредност. Падот на матичната компанија на Google повлече надолу и дел од американските берзански индекси, особено технолошки ориентираниот индекс Nasdaq. Инвеститорите беа особено загрижени поради резултатите од бизнисот со рекламирање на Google, кој со децении претставува главен извор на приходи и профит за компанијата. Во третиот квартал, приходите од онлајн пребарувањето на Google пораснаа за 12 отсто во споредба со истиот период минатата година. Иако ова претставува раст, тој е значително побавен отколку во претходниот дел од годината; приходите од пребарувањето пораснаа за 19 отсто во првиот квартал и за 17 отсто во вториот. Секторот „Google Services“ – кој ги опфаќа онлајн пребарувањето, YouTube и претплатите – оствари приход од 96,3 милијарди долари, што е под очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа 98,5 милијарди долари. Вкупните приходи на Alphabet достигнаа 127,6 милијарди долари – што претставува раст од 25 отсто на годишно ниво – но сепак се под очекувањата на Волстрит. Нето-добивката се намали за 25 отсто, на 26,17 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќајПри спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. На 28.10.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на товарни возила, насочена кон откривање и санкционирање на неправилности поврзани со претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, техничка исправност на возилата, превоз на лица, како и на моторни возила кои се вклучуваат во сообраќај од земјени патишта, градилишта и слични површини, при што нанесуваат кал на коловозот. При спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. Констатирани се 101 неправилност, а поради утврдените неправилности, 25 возила се исклучени од сообраќај. Во рамки на контролата евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Дополнително, констатирани се и 219 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до возачите и превозниците да ја почитуваат законската регулатива, да обезбедат техничка исправност на возилата и правилно сместување и обезбедување на товарот.Тагови: Акциска контрола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24