СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026
1СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари - што вели статистиката на Мицкоски?
2Над 200 претставници на финансискиот сектор од 15 европски земји, доаѓаат во Скопје на третото издание на MicroBalkans 2026
БалканОрлиќ: Ќе бидат предложени шест потпретседатели на парламентотПотпретседателот на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) Владимир Орлиќ изјави денес дека консултациите на пратеничките групи во српскиот парламент биле успешно завршени.Потпретседателот на Главниот одбор на Српската напредна партија (СНС) Владимир Орлиќ изјави денес дека консултациите на пратеничките групи во српскиот парламент биле успешно завршени и дека деветте пратенички групи кои одговориле на состанокот ќе предложат српскиот парламент во новата свикување покрај претседател, да има шест потпретседатели, јави дописникот на МИА од Белград. -Сите девет групи од парламентарното мнозинство и од опозицијата, кои одговорија на поканата на (најстариот пратеник кој претседава со првата седница на српскиот парламент) Стојан Раденовиќ да разговараат за заедничка работа во Народното собрание, заедно ќе предложат Собранието во 14-тото свикување да има шест потпретседатели – двајца од СНС, по еден претставник од малцинските национални заедници – Унгарци и Бошњаци, еден од СПС и еден претставник од опозициската листа „Ние – гласот на народот“, изјави Орлиќ, соопштија од СНС. Според него, заедно со Ана Брнабиќ, која е предложена за претседател на Собранието со потписи на 156 пратеници, во најтесното раководство на српскиот парламент извесно е дека ќе се најдат најмногу жени досега. Орлиќ најави дека со работата на две парламентарни комисии – Одборот за дијаспора и Србите во регионот, како и Одборот за образование, наука и технолошки развој, според постигнатиот договор, ќе раководат две опозициски групи. Во Собранието на Србија вчера и денеска се одржаа консултации за продолжување на конститутивната седница на која треба да се изберат потпретседатели и работни тела, а на консултациите присуствуваа претставници на листата на СНС-„Србија не сме да застане“, коалицијата околу СПС, листата „Ние гласот на народот“ и малцинските листи, додека претставниците на опозициските листи „Србија против насилството“ (СПН) и коалицијата НАДА (ДСС-ПОКС) не присуствуваа. За понеделник, на 18 март, закажано е продолжение на конститутивната седница, на која треба да се избере претседател на парламентот, за кого СНС ја предложи Ана Брнабиќ, како и потпретседателите на Народното собрание, а на дневен ред е и именување и на генералниот секретар и изборот на работни тела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Меси се врати на фудбалот по смртта на татко му, дочекан со овации Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност и само 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами. Еден од најдобрите фудбалери на светотот во историјата, аргентиснкиот волшебник Лионел Меси ја изненади целокупната фудбалска јавност исамо 5 дсена по смртта на неговиот татко Хорхе се појавуви во тимот на Интер Мајами на синоќешниот дуел од Лига-купот против Леон, меч што неговиот тим сепак го загуби од мексиканскиот претставник на домашен терен со 2-3. Lionel Messi returned to the pitch this night in Inter Miami’s match against León. 👏🏻 Despite Messi’s return, Inter Miami suffered a 2-3 defeat. ❌ pic.twitter.com/bNP2Q24pmn — Pro_Foot HQ (@ProFoot_HQ) August 13, 2026 Меси се уште тагува по смртта на неговиот татко, а вчера објави писмо во кое најави дека сериозно размислува набрзо да ја заврши кариерата. Тој доби слободни денови од управата да остане со семејството се додека не се почувствува подготвен за камбек на терените, но никој не очекуваше тоа да се случи така брзо. Неговото излегување на теренот беше проследено со аплауз и воодушевување од публиката. Само неколку часа претходно, Меси објави емотивна порака посветена на својот татко на Инстаграм. Во неа, тој ја опиша длабоката болка од загубата и изрази сомнеж дали ќе може уште долго да игра фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЗабаваПрстен вреден милион евра: Возач на Формула 1 филмски ја запроси девојката Возачот на Формула 1, Џорџ Расел се сврши со убавата Кармен Монтеро Мундт по шестгодишна врска, а вниманието го привлече раскошниот накит со огромна вредност.Летната пауза во Формула 1 донесе големи вести од приватниот живот на Џорџ Расел. Ѕвездата на „Мерцедес“ ја запроси својата долгогодишна девојка Кармен Монтеро Мундт, а посебно внимание привлече луксузниот веренички прстен, чија вредност се проценува на близу еден милион евра. Британскиот возач во Формула 1 за чинот на запросување избра романтичен амбиент покрај морето. Бели рози, свеќи и зајдисонце беа позадината на моментот кога Кармен се согласи да стане негова сопруга. Двојката ја сподели среќната вест и со своите следбеници на Инстаграм, користејќи едноставни симболи – прстен и бело срце. Сепак, набрзо потоа, прстенот стана една од главните теми на социјалните мрежи. Кармен покажа голем жолт дијамант со овален рез на својата рака, кој според проценките тежи меѓу осум и десет карати. Централниот камен е опкружен со помали бели дијаманти од двете страни. Повикувајќи се на стручни проценки објавени во германскиот весник „Билд“, порталот „Спортал“ наведува дека овој накит би можел да вреди околу 900.000 евра. Љубовната приказна меѓу Џорџ и Кармен трае веќе шест години. Тие се запознале во Лондон во 2020 година преку заеднички пријатели; интересно е што Кармен, наводно, во тоа време дури и не знаела со што се занимава Расел. Тој побарал нејзин телефонски број, ја поканил на вечера и сам го подготвил оброкот. На 18-годишна возраст, Кармен се преселила од Шпанија во Обединетото Кралство, каде што студирала бизнис-менаџмент и финансии на Универзитетот во Вестминстер, а своето образование го продолжила и во Женева.Тагови: Формула 1 Џорџ Расел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
Шоу бизОткриени деталите за свадбата на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, церемонија со само 5 гостиОткриени деталите за свадбата на векот меѓу најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и атрактивната екс хостеса Георгина Родригез. Само овие 5 гости присуствуваа на церемонијатаЕден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, и инфлуенсерката Георгина Родригез стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија. Двојката го кажа судбоносното „да“ во вторникот, на интимна и приватна церемонија на која присуствуваа нивните пет деца, една година откако се свршија. Роналдо ја сподели веста дека тој и Георгина стапиле во брак по десетгодишна врска, објавувајќи фотографија од нивните венчални прстени на Инстаграм. Оваа вест ја потврди и претставникот за односи со јавноста на славниот фудбалер преку соопштение: „Кристијано Роналдо и Георгина Родригез денес стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија, и сега официјално се сопружници. Церемонијата била приватен и интимен чин на кој присуствуваа нивните пет деца“, пишува „Дејли мејл“. Веста за венчавката пристигна само неколку дена откако се веруваше дека парот ќе стапи во брак во катедралата во Фуншал, што поттикна илјадници фанови да се соберат пред црквата. Сепак, набрзо се испостави дека парот воопшто нема да се венча таму, а церемонијата всушност била наменета за еден сосема непознат португалски пар од Мадеира – Фабио Рамос и Фатима Никол Куња Теишеира.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter