Организираат прослава за покој на своите души! - Канал 5

Организираат прослава за покој на своите души!

Несекојдневна најава на брачниот пар Мариќ од селото Појезина.

Организираат прослава за покој на своите души!
Сакаат еден со друг, додека се живи, достојно да се “испратат“ на оној свет.

Драгица (65) и Драган (61), брачен пар од дервенското село Појезина, ја привеле кон крај организацијата на “вечерата за задушница“, со која сакаат еден со друг, додека се живи, достојно и со љубов да се “испратат“ на оној свет?!

Веселбата за задушница е најавена за сабота на 20 август, а освен роднините и пријателите, покани добиле и многубројните новинарски екипи.

„Драган и Драгица од Појезина сакаат додека се живи да организираат вечера за задушница со присуство на повеќе телевизиски куќи, фоторепортери и новинари“ – стои во поканата до новинарските екипи.

Со протокол со кој, како е наведено во намера да се зголеми нивната веселба, предвидени се три клучни детали: приемот е предвиден пред семејната куќа на брачниот пар Мариќ во Појезина, а потоа следи обиколка до нивните веќе подигнати спомен-костурници на локалните гробишта, а “вечерата за задушница“ ќе биде организирана во ресторан.

„По тој повод сакаме да ја зголемиме нашата веселба, која ќе се одржи на 20 август 2016 година, со почеток од 20 часот, во ресторанот „Центар“ во Осињ, наведено е во поканата на брачниот пар Мариќ, со молба благовремено да се потврди доаѓањето “поради резервација на одреден број на места“.

„Драган и Драгица неизмерно се сакаат и почитуваат. Ова го направија за да не им создаваат трошок на роднините и комшиите на самиот ден и после погребот. Затоа и ја подготвија својата “вечера за задушница“ додека се живи, како и гробницата и се останато. Понекогаш и низ шега изјавуваат дека најмногу би сакале заедно, во истиот момент, да заминат од овој свет. Но во секоја шега и малку вистина“ – изјавуваат пријателите на брачниот пар Мариќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјата

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјата

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата.

Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината.

-Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски.

Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните.

Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село.

Претрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Христијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. 

Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка - по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем.

Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ.

Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.

За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари.

Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата.

Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата.

Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка.

Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ.

Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ.

Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата.

Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“.

Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар.

Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата.

Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи.

На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција.

Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка!

Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем.

Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги.

Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност.

Нашата порака до Мицкоски е јасна:

Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш.

Доаѓа крај на твојата криминална банда.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ - членка на ИО

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер