КултураОрганизаторите на Парк фестивал: За четиридневна програма добивме 2,5 илјади евраОрганизаторите на манифестацијата Парк Фестивал од Гостивар искажуваат незадоволство од исходот на конкурсот на Министерството за култура за поддршка на проекти. Организирањето на петтото издание ова лето е неизвесно заради, како што наведуваат, недостиг од финансиски средства. - Буџетот што го одвои Министерството за култура на Република Македонија за петтото издание на овој фестивал, освен што е целосно недоволен за организација и реализација на фестивал од ваков обем, во исто време е морално потценување како за тимот, така и за пошироката публика, наведуваат од организацискиот одбро на парк Фестивал и дополнуваат дека споредно со претходната година сега добиле износ за 14 пати помал. Тие апелираат до јавноста и до институциите да влијаат и да придонесат за да се преиспита одлуката, која според нив е неправда или несакан пропуст. Изминативе четири години Парк фестивал ја добиваше поддршката од Министерството за култура, а институцијата воедно беше и најголемиот финансиер. Годинава за петтото издание, поддршката ќе изнесува 153 илјади денари. - Не сакаме да веруваме дека поради слични причини на граѓаните и особено на младите гостиварци треба да им се скрши надежта и довербата во институциите. Се надеваме дека оваа одлука и овој пропуст нема да се додаде на долгата листа на изговори на нашата младина, за бегство и напуштање на државата, наведуваат од Парк фестивал. Манифестацијата покрај концертни настапи на артисти од регионот има мултиетнички карактер кој е изразен во дополнителните активности кои се одвиваат за време на одржување на фестивалот. Местото на одржување е големиот парк на брегот на Вардар и во летниот период е централен културно уметнички настан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
БалканЦрвен аларм во Грција поради шумски пожариДенес во Атика и неколку други региони во Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, а властите го кренаа нивото на подготвеност на највисоко ниво.Денес во Атика и други региони на Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, објави Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатска криза и цивилна заштита. Државниот апарат е ставен во висока оперативна подготвеност поради опасноста од пожари, објави „ERT News“. Црвената тревога за шумски пожари е издадена за регионот Атика, вклучувајќи ја Китера, како и регионалните единици Коринт, Арголис, Аркадија и Лаконија. Истата тревога е издадена и за регионот Крит и регионалните единици Беотија, Фтиотида и Евија. Во северниот Егеј, црвената тревога се однесува на регионалните единици Лезбос, Хиос, Самос и Икарија, како и на Кикладите во јужниот Егеј. Активирањето на црвената тревога за пожар значи дека националниот механизам за цивилна заштита е ставен во целосна мобилизација, со распоредување на потребниот персонал, опрема и ресурси за справување со потенцијални пожари. Фото: ВИТагови: грција пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзијаБрисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии.Екскурзија е организирано патување на група луѓе - најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување. Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски. Одвои осум дена. Остануваат уште седум. Четири дена Брисел - „стручна екскурзија“. Таму, како што доликува на сериозна стручна посета, ќе се запознава со фабрики, институции и, секако, со Европската комисија. За да стекне практични знаења за… францускиот предлог. Ќе почекаме да се врати. Па сите да научиме дека францускиот предлог воопшто не е лош. Исто како што од Мицкоски научивме дека НАТО не е лош - напротив, феноменален. Исто како што од Мицкоски научивме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата и многу други убави работи. Ќе треба само малку повеќе време гласачите на ВМРО да го сфатат тоа. Затоа што до вчера Мицкоски ги учеше сосема спротивно, додека клечеше и ветуваше само за да дојде на власт. Единствена трајна последица од тоа патриотско клечење во претходната кампања е што сега го болат колената. Затоа и го зеле седиштето 11D - да може да ги испружи. Со нетрпение го чекаме. Ќе имаме многу да учиме. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Струмица заврши 21. „Астерфест“Синоќа, со проекција на пет наградени филмa, заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“.По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“. Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската уметност, во преполниот Амфитеатар беа прикажани 20-тина кусометражни филмови. Покрај натпреварувачката, имаше и ревијална долгометражна програма во која специјални проекции имаа „Версус: филмовите на Кен Лоуч“ на Луиз Осмонд, „Железна тврдина“ на Митко Панов, „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ и „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски. Гостите имаа Тивериополска филмска посета на Манастирот во Велјуса, а се одржаа и промоција на филмска литература и авторска средба низ прашања и одговори од публиката. Жири-комисијата, составена од Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева, едногласно одлучи и ги соопшти наградите за најдобрите филмови. Гран прито за најдобар краток филм го понесе „Неми филмови“ на Крсте Господиновски, во македонско-романска копродукција. Златната потковица му припадна на „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, во чешко-македонско-британска копродукција. Сребрената потковица отиде во рацете на данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампан, а со Бронзената потковица се закити Маријам Бакачо Хачвани за грузискиот „Земјата на мажите“. За најдобар режисер со наградата „Ацо Алексов“ беше прогласена Елвира Барбоза за францускиот филм „Франсин, исток-запад“, а наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ отиде кај Бранко Костески за македонскиот краток филм „Остров“. Специјални признанија од жирито добија и јужнокорејскиот „Разденување“ на Хе-о Парк и бугарскиот „Оџачарот“ на Настимир Цачев. Најголем број гласови од публиката освои канадскиот оскаровец „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, а нововостановената награда за најдобра женска улога „Зора Георгиева“ ѝ припадна на британската актерка Софи Томпсон во филмот „Нешто бесмислено“. Фестивалот продолжува со намерата да го афирмира светскиот авторски филм, но и дела од македонската кинематографија. Овогодишниот „Астерфест“ беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Општина Струмица.Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15