Организатор на бојкотот во Хрватска: Задоволни сме, вакво единство одамна не е видено - Канал 5

Организатор на бојкотот во Хрватска: Задоволни сме, вакво единство одамна не е видено

Во ХРТ вечерва гостувал Јосип Келемен, советник на платформата за потрошувачи „Ало, инспекторе“.

Организатор на бојкотот во Хрватска: Задоволни сме, вакво единство одамна не е видено

„Задоволни сме од единството што го покажаа потрошувачите. Такво единство одамна не е забележано. На крајот на краиштата, потрошувачите беа тие што одлучуваа што ќе прават и како. И тие знаат зошто и што бојкотираа. Задоволни сме од постигнатите резултати на некои места. Потрошувачите покажаа утрово со тоа што не дојдоа. Вечерва е јасно дека во трговски центар нема потрошувачи. Ќе ги чекаме не само резултатите од утрешниот конечен извештај, од Даночната управа, но и од некои други“, рече Келемен.

Тој рече дека некои трговски синџири дури ги зголемиле цените.

„Имаме информации дека Спар наводно ги покачил цените на 100 артикли, што е само доказ дека некои немаат намера да ги намалат маржите, цените и сѐ што направиле досега, што значи дека допрва ќе има уште едно поскапување.“, изјави Келемен.

Тој вели дека идните планови зависат од она што ќе го слушне од Хрватската народна банка во понеделник.

„Потребни ни се да одговорат на неколку прашања што им ги поставивме, а тие рекоа дека ќе ни ги дадат во понеделник“, рече тој.

„Нам ни се чини дека попустите всушност не се попусти, туку повеќе се замрзнување на моменталната состојба и постоечките цени. Ќе анализираме што се случува на пазарот и што ќе прават сите, а секако зависи и од тоа колку тие трајно ќе ги намалат цените. Најавата дека до 1 јуни „намалување на цените, во пресрет на туристичката сезона, која генерира нови драстични поскапувања секоја година, нѐ предупредува дека мора да бидеме внимателни“, заклучува Келемен, пренесе Индекс, од каде објавија и табели од потрошувачката пред и за време на бојкотите минатиот петок и денеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

​СДС, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС — дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче.

Нека кажат на кои докази го темелат тоа?

Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС?

За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место.

Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти и се лаже дека е некоја величина.

Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра.

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата.

На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните.

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината.

Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари.

На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!

На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!

Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран.

Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација.

Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста.

Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета.

Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов.

Кој е наследникот на таа традиција? Груевски.

Велеше Ванчо - македонски син.

На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила.

Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски.

Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција.

Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост.

СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“.

Атентатот врз демократијата нема да остане без име.

Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда.

Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот.

Оваа група ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер