„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство
2„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство
МакедонијаОрце Ѓорѓиевски во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Поминаа 6 месеци од мандатот - стана ли Скопје почист град? Кога наместо депонии ќе гледаме паркови? Метрополата, големо градилиште или бетонска коцка, има ли кој да ги врати белите дробови на главниот град? Колку до 2028 Скопје ќе биде вистинска европска престолнина на културата? И вториот тендер за автобусите пропадна- ќе има ли трета среќа и кога ќе почне изградбата на БРТ проектот? Што затекна во Градот и дали ќе има одговорност? Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува градоначалникот на Скопје Орце Ѓоргиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
БалканАвтобус се запали во близина на Бјеловар, ХрватскаСе запали пригратски автобус во Хрватска. Рано утрово во автобус во приградската населба во Бјеловар, избувнал пожар, потврди Полициската управа Бјеловар-Билогора. Во моментот на пожарот, во автобусот се наоѓал само возачот, кој успеал навреме да го напушти возилото, па затоа нема повредени, пишува МојПортал. Пожарот брзо се проширил на автобусот, но пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот и го изгаснале пожарот. Поради интервенција и обезбедување на местото на настанот, државниот пат што поминува низ Рајиќ останува затворен за сообраќај, информираат хрватските медиуми. Полицијата и другите надлежни служби спроведуваат истрага на лице место за да утврдат како настанал пожарот. Сè уште не е познато што предизвикало пожарот во автобусот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Македонија„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилствоВистина е дека денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка.Социјално-ранливите граѓани, самохраните родители, лицата со инвалидетет и со ретки болести, работникот со најниска минимална плата - тие ја водат сами битка за достоинствен живот. Битката за своите деца, за покрив над глава, за сметки, за градинка, за училиште -за гола егзистенција. Вистина е дека самохраните родители се сами во борбата за своите деца и за егзистенција. Лицата со попреченост се соочуваат со бариери што институциите не ги отстрануваат. Болните од ретки болести чекаат лекови што не им се навремено достапни. Жртвите на насилство и лицата со ментални потешкотии се без соодветна заштита и поддршка. Работниците создаваат вредност, придонесуваат во економијата, а за возврат добиваат ниски плати со кои не можат да врзат крај со крај во месецот. Вистината е дека власта денес нема ниту слух, ниту волја, ниту чувство за правда за најранливите категории на граѓани. СДСМ во платформата „Твоја држава,твоја шанса“, нуди Сојуз за достоинство - систем на вистинска, сеопфатна и активна поддршка на граѓаните на кои што им е најпотребна. Праведно е државата да застане зад самохраните родители. Предвидуваме државен додаток за домување, целосно покривање на трошоците за градинка и задолжително право на флексибилно работно време. Праведно трудот на работникот да биде ценет и награден. Затоа нашата мерка е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите. Обезбедуваме навремена достапност на лековите за лицата со ретки болести преку посебен фонд. Здравјето на граѓанинот не смее да зависи од административни процедури или буџетски дупки. Предвидуваме национален план со кој сите јавни објекти ќе станат целосно пристапни за лицата со попреченост. Државата целосно ќе го финансира ангажманот на лични и образовни асистенти, за секое лице со попреченост да добие поддршка што му следува. За жртвите на семејно насилство обезбедуваме итно домување, бесплатна правна помош и посебен пакет за економско осамостојување. Предвидуваме и современи центри за лекување зависности и за ментално здравје. Државата е најсилна тогаш кога најсилно стои зад најранливите. „Твоја држава – твоја шанса“. Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан – форум на жени СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на тутунарите за реколтата 2025Над 2 милијарди денари исплатени субвенции на тутунарите за реколтата 2025, Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со силна поддршка за земјоделството.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретна и силна поддршка за македонското земјоделство. Исплатени се над 2 милијарди денари кон 15.144 тутунопроизводители. Реализирана е рекордна исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година. Оваа исплата не е само финансиска поддршка, туку и потврда дека трудот, посветеноста и макотрпната работа на македонските тутунари се вреднуваат и се почитуваат. Станува збор за една од најголемите исплати досега, која директно придонесува за подобрување на ликвидноста на земјоделските стопанства и зајакнување на руралната економија. За разлика од Владата предводена од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само две години со исплаќањето на 2 милијарди денари за тутунарите, вкупно има за само две години исплатено околу 15 милијарди денари субвенции. Тоа е една милијарда денари повеќе за две години, отколку што СДС и ДУИ исплатиле за 3 години. Тутунопроизводството е една од најзначајните и најстратешки земјоделски гранки во државата. Илјадници семејства егзистираат од ова производство, а македонскиот тутун со децении е препознатлив по својот квалитет и претставува важен извозен производ кој придонесува за развојот на националната економија. За разлика од времињата кога на власт беа СДС и ДУИ и кога земјоделците со месеци чекаа на исплата на заслужените средства, денес субвенциите се исплаќаат навремено и одговорно. Тоа е доказ дека институциите работат во интерес на земјоделците и дека поддршката не останува само ветување, туку се претвора во конкретна реализација. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е цврсто посветена на креирање политики кои ќе обезбедат стабилно и конкурентно земјоделство, повисоки приходи за производителите и сигурна иднина за земјоделците. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестиции, мерки и програми кои го поттикнуваат развојот на земјоделството и ја зајакнуваат позицијата на македонскиот земјоделец. Со дела, а не со зборови, покажуваме дека земјоделството е еден највисоки приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поддршката за тутунарите продолжува, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата кај земјоделците и заеднички со земјоделците гради стратегија за развој на земјоделието. Македонија забрзува! Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook