Орце Ѓорѓиевски: „Младите треба да се мажат/женат порано – идеално под 30“ - Канал 5

Орце Ѓорѓиевски: „Младите треба да се мажат/женат порано – идеално под 30“

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во популарното шоу „Hot Stars” на Канал 5 телевизија, беше ставен на „жешкото столче” во опуштена атмосфера надвор од политичкиот свет. 

Орце Ѓорѓиевски: „Младите треба да се мажат/женат порано – идеално под 30“

Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во неделата беше гостин во популарната телевизиска емисија „Hot Stars“ на Канал 5 ТВ.

Во разговорите со нашите Ивана и Ема, Орце успеа да ја претстави својата друга страна, покажадека зад формалноста и функцијата стои човек со ведар дух, отворен, комуникативен и инспиративен. А во квизовите „издоминира” со своите уникатни одговори и досетливост.

Гостувањето во „Hot Stars“ не беше само забавна пауза од политиката – туку успешен пример како преку спонтана и емотивна изјава може да се испрати значајна порака до цела генерација: „Преку позитивни вредности за рано созревање и семеен живот. Со автентична и човечка страна по која многумина ќе се препознаат.“

На прашањето „Што би им препорачал на младите да се женат/ мажат на малди години или да чекаат?”

Орце рече: „Што порано да се мажат и да се женат. Јас и сопругата, кога се веревме, таа имаше 19 а јас 22 години, и кога повторно би го живеел од почеток животот повторно би го направил тој избор, и помад би влегол во брак, бидејќи во суштина еднаш се случува вистинската. Сега јас и на младите им препорачувам, и на моите соработници исто така честопати им велам, над 30 години си треба, логички, да се женат. Младите треба порано да влегуваат во брак, тоа не значи на 18-19 години но, генерално и посериозен пристап имате во животот тогаш, се осамостојувате...”

Гостувањето на Орце Ѓорѓиевски во „Hot Stars“ не беше обичен телевизиски момент – тоа беше прозорец кон човекот зад функцијата.

Со спонтана смиреност, лична приказна и убедлив став за раното засновање семејство, тој успеа да ја допре душата на гледачите. Неговата порака – младите да се женат/важат порано, идеално под 30 – не беше само совет, туку одраз на вистинска вредност: осамостојување, стабилност и намера да се вложи во животот.

Орце покажа дека политиката може да се спои со емоција и човечност. Во моменти како овој, кога политичарот е и пријател, брат, советник, публиката запознава не само службеник, туку човек чија визија е формирана преку лични искуства и конкретни вредности. Именно ова е едноставната, но силна поука што ја остава зад себе: зад секоја јавна фасада стои лична приказна која може да инспирира и охрабри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е возачот на Игор Јанушев, барал мито, полицијата го фатила со обележани пари

Возачот на Игор Јанушев, генералниот секретар на Владата, е во притвор.

Уапсен е возачот на Игор Јанушев, барал мито, полицијата го фатила со обележани пари

Како што информира Плусинфо, возачот на Јанушев барал мито за вработување.

По дознавањето, полицијата го „спакувала“ несудениот митаџија по стандардна постапка, дадени му се обележано пари и потоа е уапсен.

Се очекува официјална потврда и дополнителни детали за настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и ветровито време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. 

Сончево и ветровито време со температура до 37 степени

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските минимални температури се движат од 12 до 21 степен, а дневните максимални температури ќе достигнат од 28 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 6. септември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 6. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 6. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен.

Кариера

Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите.

Здравје и совет

Ќе имате пријатни сништа.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе.

Кариера

Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат.

Здравје и совет

Немојте да си го расипете карактерот.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена.

Кариера

Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте.

Здравје и совет

Не знаете до каде може да стигнете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи.

Кариера

Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола.

Здравје и совет

Ќе бидете фокусирани на други.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати.

Кариера

Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите.

Здравје и совет

Некои имаат духовни искуства.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил.

Кариера

Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови.

Здравје и совет

Помирете се со реалноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет.

Кариера

Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед.

Здравје и совет

Имате право кога ја негувате натуралноста.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став.

Кариера

Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење.

Здравје и совет

Издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение.

Кариера

Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро.

Здравје и совет

Работете го она што го сакате.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации.

Кариера

Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно.

Здравје и совет

Ви треба кус одмор.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате.

Кариера

Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено.

Здравје и совет

Уривате рекорди.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина.

Кариера

Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи.

Здравје и совет

Не мора да се брзате.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер