Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
3Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
ЕвропаОрбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија- Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави, во врска со спорот околу прекинот на снабдувањето со нафта преку нафтоводот „Дружба“, дека украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија.„Успеавме да го заштитиме снабдувањето со гориво на Унгарија. И му дадовме на претседателот Зеленски цврсти и пропорционални одговори. Тој исто така треба да знае: Може да изгуби само со напад врз Унгарија“, напиша Орбан на Фејсбук. Тој изјави дека унгарската влада во последните денови работела на решавање на ситуацијата предизвикана од блокадата и оцени дека успеала да го заштити снабдувањето со гориво на земјата. „Кампања или не, украинската блокада на нафта денес е над сè“, рече Орбан, додавајќи дека кабинетот дал „решителен и пропорционален одговор“ на Киев. Унгарскиот премиер процени дека без руска нафта и гас, цената на бензинот во Унгарија би можела да достигне 1.000 форинти (околу 2,6 евра), додека трошоците за комунални услуги во домаќинствата би се зголемиле за три до четири пати. Претходно, Орбан објави дека Унгарија ќе стави вето на новиот пакет антируски санкции од страна на Европската Унија, наведувајќи дека Будимпешта не може да ги поддржи мерките додека не се обноват испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“. Тој рече дека Националниот совет за енергетска безбедност ја разгледал ситуацијата предизвикана од, како што изјави, „украинската уцена“, оценувајќи дека снабдувањето на Унгарија засега не е загрозено, но дека е донесена одлука за „одредени контрамерки“. Орбан, исто така, нагласи дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел за Украина додека не се обнови нормалниот тек на руски испораки на нафта преку нафтоводот, истакнувајќи дека „непријателот на Унгарија не е украинскиот народ, туку лошата украинска политика“. Унгарија се снабдува со руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, чиј јужен крак поминува низ Украина. Украина на почетокот на февруари објави дека ги прекинала испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, по рускиот напад врз инфраструктурата на нафтоводот на 27 јануари. Тагови: Виктор Орбан Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на ПутинТрамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина. Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа. Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември. Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери. Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност. Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕКНајновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност. Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот. Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиСпоред УХМР денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00